The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.032
- Поени од реакции
- 3.607
Отворено тениско првенство на Франција, турнир кој се одржува во Париз, втор грен слем во годината и единствен кој се игра на најбавната подлога, земја. Поради тоа што подлогата е доста бавна, Ролан Гарос важи за најисцрпувачкиот турнир комбинирано со фактот што според грен слем правилата се игра до 3 добиени сета во машка конкуренција.
Ова ќе виде 116. издание на турнирот, а на истото Надал ќе се обиде по трет пат да дојде до 10тата титула (La Decima). Бранител на титулата е Новак Ѓоковиќ кој конечно успеа да го комплетира годишниот слем претходната година.
Во женска конкуренција бранител на титулата е Гарбине Мугуруза, тенисерка која не бележи добри резултати во последно време, но во WTA тенисот е се можно.
За нас, ова издание на Ролан Гарос е особено специјално поради тоа што Лина Ѓорческа прв пат ќе игра квалификации и тука, трет грен слем турнир со ред каде игра квалификации, дали и за Лина ќе има трета среќа во Париз да се квалификува во главен жреб на еден вака голем турнир? Што се однесува до жребот, помина добро и ќе игра против Лемоине, пласирана на 160 позиција на WTA, меѓутоа со скор 1-3 на земја годинава и мечот ќе го игра во среда.
Што се однесува до жребовите за главниот турнир, тој ќе се одржи во петок, за точен термин ќе биде објавено дополнително.
За крај, одговорете на анкетата