Roab bike vs. MTB велосипедизам

Член од
3 декември 2013
Мислења
19
Поени од реакции
8
Мтб или роуд? Едноставно, тоа што повеќе лично ти прави ќеиф. Сѐ си има свое.

Почнав со трекинг, па мтб, сфатив дека сакам да возам брзо по асфалт и долги тури и се префрлив на роуд веќе 5 години.
Добар избор друже! Јас сум пробал МТБ и Грејвел Бајкинг, ама само роудбајк ми одговора на конституција, генетска преидиспозиција и нормално ќејф и задоволство. Со роуд бајкот е помал интензитетот и можеш да стекнеш поголема издржливост и секако ако си тип што ужива по рамни патишта и убава природа е супер работа. А во зима само со индоор тренер машини како Таккс на пример.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Штета што ја пропуштив дискусијата кога беше актуелна, но ќе дадам мислење покасно.

Возам и тоа и тоа, а балансот е 50/50 по изминато време (повеќе километри на road, подолги планински тури на МТБ).

Некој ако нема добар велосипед, за почеток нека си земе Hardtail (само со преден амортизер), гуми со ширина 2.1 и нека вози на секој терен.

Роад - Тие што немаат седнато и да извртат најмалку 50км само можат да сонуваат дека се пофит од оваа дисциплина. Разликата е во аеродинамиката. 200W во МТБ положба и 200W во Road положба значат најмалку 7 км/ч повеќе брзина. Од тука следи дека истата сила ја користиш и на МТБ, само што таа сила не ја користиш ефикасно. Роад е идеален за градење фитнес.

МТБ - Идеален за да уживаш во природата и да избегаш од цивилното население. Овде немаш коли, туку диви животни за разминување. Со ова средство ќе посетиш места што ни планинари, ни Лада Нива нема да се во можност да ги поминат, поради лошиот терен/далечината. Најубавите тури што сум ги возел се со МТБ.

Ако треба да споредам, во МТБ се става опрема за полесно да ти биде искачувањето, иако повеќе тежи. Но поспоро ќе искачуваш, нормално. Бидејќи имам и Роад и МТБ друштво, слободно можам да кажам дека тие што возат Роад се многу поспремни од тие со МТБ (скоро сите од Роад возат и МТБ), и кога возиме планински рути по земјен терен, тие што се само МТБајкери најмногу се мачат и нѐ успоруваат (не се тркаме, но не сме со исто ниво на фитнес па треба да чекаме да го истуркаат точакот на пострмни горнини).

Ако сте со вишок буџет, купете си и тоа и тоа за да ги уживате и двете дисциплини.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.030
Поени од реакции
4.515

Само ќе те надополнам во врска со ова детално објаснување кога се работи за разликата во брзина помеѓу Road и MTB а таа во проценти е помеѓу 25 и 30 во корист на Road односно со 23км на час брзина на рамно возење со МТБ педалите создаваат готово ист отпор како на ROAD при брзина од 30км на час под услов ако се на првиот напумпани гумите од 3.5 до 4.5 бари и тежи до 15кг со носење мал ранец а на роудот напумпани 8 бари под услов ако се 25-622 од типот на Continental Ultra Sport било која верзија.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
И јас да се надополнам, тие што возат строго МТБ, 80% од нив возат со гаќи. На некој начин се аматери :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom