Не само што не е реткост туку 100% од познанствата се преку Фејсбук и останати социјални страни за запознавање, врски и бракови се разбира започнуваат со познанство, запознавање. Денес реткост е во живо некој да ти пријде или преку пријатели да запознаеш партнер/ка, луѓето се во свој bubble, висат на социјалните мрежи изолирани од светот, комуникацијата е олеснета, не мора како порано да одиш кај Маја другарка ти на турско кафе за да дознаеш кого сретнала и што и рекол, ја имаш на месенџер си пишувате секојдневно и разменувате слики, башка што и симпатијата ти е на Фејсбук, па му отвараш профил и гледаш кај бил, со кој бил и така натаму, не ти треба комуникација со другарче за да дознаеш информации за аплицирање за нешто,си отвараш чатџпт се ти е на тацна. Не ти треба дури ни психолог,доктор, сметководител и адвокат,се тоа чатот врши милион пати подобро,бар за мене