Ретроспектива: 20 години Кајгана форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Имаше добри спомени и другарства излезени од форумов. Уште стоим тагнат на некоја стара слика од ФБ од Кајгана Собиранка 2010 година :D
 
Јас 2011 од форум си ангажирав работник, чудни времиња! Покомпактна заедница бевме.
 
Се сум кажал пред некоја година :D
Скоро 18 години член на форумот. Уште од средно се пуштав, од информатика, дека дома немав компјутер, а за интернет немавме ни чуено. Зачленет ради спортските теми и навивачките групи, до ден денешен се пуштам секој ден од истите причини.
Секако, пропратно во различни периоди од животот, активен на разни теми.

Премногу познанства од форумот. Можеби трицифрена бројка на луѓе имам запознаено, особено фанови на Вардар. Со некои до ден денес дружиме.
Да се надоврзам на цитираното во постов, за писменоста во годините кога сум се зачленил :D
Ме полнеа со црвена репутација, па дури и кога ќе дадев зеленко на некои, им се намалуваше репутацијата :D

Другар што ми го препорача форумот ми пишал веќе да не му давам зеленки и одговорот е импресивен.
What the fucking fuck :)

Screenshot_20250910_152832_Chrome.jpg

Ова беше начин на пишување на просечен млад човек на интернет просторот во тие години, ама со годините се описменивме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom