Ретро! Споредба на фудбалери [Дуел: Роналдо vs Анри]

  • Креатор на темата Креатор на темата Tоni
  • Време на започнување Време на започнување

Дуел:


  • Вкупно гласачи
    99
Две големи фудбалски имиња, Тиери Анри и Луиз Назарио де Лима Роналдо.
Роналдо е првиот бразилец на кој сум му го помнел целото име, првиот омилен играч. Роналдо беше 9-ка кој имаше фудбалско знаење како 10-ка, ги решаваше голманите со голема елеганција (неговото движење на телото на едната страна па да оди на другата страна за да голманот веќе падне).

Тиери Анри го памтам откога играше за Арсенал, го памтам како играч со најдолгиот чекор во фудбалот, тој изгледаше како да оди покрај другите играчи. Негов бенчмарк дефинитивно се головите со внатрешно ефе во спротивниот агол.

Најтешко е да се одлучи човек помеѓу овие две легенди, јас гласам за Роналдо затоа што тој е една од причините поради кои го засакав фудбалот.

1902226PBRAZILVMOROCCO_crop_exact.jpg
 
Две келавици. :)
Роналдо додека играше за Барселона, пред повредата во 99та мислам дека беше, тоа беше голгетер неверојатен, дриблер, брзина, страшно нешто. Ми се чини дека титулата на Бразил 2002та година тој ја изгура најмногу.
Анри е истотака величина во фудбалот, реализатор, асистент, се.
Меѓутоа, гласот го давам за Роналдо, затоа што во периодот 97/98/99 година, кога почнуваше да ме интересира фудбал, играчот кој со својот талент и игра го освои светот беше тој, насекаде се зборуваше за него. И за Касандра.
 
Хенри, еден од најкомплетните напаѓачи што сум ги гледал, играч што знаел да земи топка од центар на терен и да постигне погодок, играч со една од најдобрите техники на шут на топка, едноставно ефето што знаеше да го добие топката било внатрешно или надворешно секогаш беше милина за гледање, а и бројките што ги има постигнато говорат сами за себе. А и башка растурав на ПЕС со него што не треба да биде мерило за целокупната слика. Можеби омилен на второ место после Џерард иако настапувал за конкурентен тим
 
Никаков аргумент нема Анри и гледам само навивачи на Арсенал гласале шо е за очекување и немам ништо против то.. Роналдо е на исто рамниште со Пеле, Марадона и Меси
tumblr_m7ll36aJdd1rtequ6o1_400.gif
 
Нема што да споредиме тука, се знае кој е кој. Не викам дека Анри беше слаб играч, али да го споредиш со Роналдо навистина е срам. Сите знаеме што правеше овој човек на теренот додека играше фудбал.
 
Е сега, срам. Не е срам. И двајцата се неверојатни напаѓачи, легенди, ама Роналдо повеќе го обележа времето во кое играше.
 
Двајца одлични мајстори, техничари, дриблери и финишери. Меѓутоа магијата поради која почнав да следам фудбал е El Fenomeno. Голема штета што повредите му ја скратија кариерата.

Четврт- финалето во ЛШ, Манчестер Ј. - Реал. Толку измешани чувства сум немал во животот. Омилениот играч го елиминара омилениот тим од натпреварувањето и тоа со хет-трик на сред Олд Трафорд. :cuc:
 
Дајте некој понеизвесен дуел да има дискусија, Дел Пиеро - Тоти, Ван Нистерлој - Беркамп итн.
 
Роналдо!!! Човекот да немаше повреди ќе немаше никој приближно блиску до него....милина да го гледаш...и тврдам дека дури и од меси и К:роналдо е боље...само јебеш га докторите во интер го уништија...т.е интер го уништи го играше повреден и понатака доведе тоа до кратка кариера и со повреди...

Анри си е играчиште...ама ЕЛ феномено си е просто најдобар... :cuc::cuc:
 
Анри - Дрогба е пофер споредба. Гласав за Анри пошто е глупо такво играчиште да губи со толкава разлика, ама феноменот си е единствен.
 
Navivac na Arsenal sum veke 16 godini, Henry mi bil i seuste e all-time favorite player, ali fenomenot e fenomen. Nema prostor za muabet ...
 
Прво и основ, размислете како ги стрижеа децата, кога еден од нив ќе сменеше фриз, како Анри или како Роналдо :D и ќе ви стане јасно.

Анри ми е лично мене поомилен од Роналдо, пошто чинам и ради него ги засакав Арсенал како мал. Но Роналдо е величина кој го обележа времето во кое играше фудбал, било клубски, било репрезентативно. Експлозивен, секавичен, немилосрден голгетер. Од друга страна Анри во играта од секогаш ми имаше некоја висока елеганција, нешто како Федерер во тенисот, па онака елегантно со стил речиси секогаш реализираше.

И двајцата се опасни и страшни, т.е беа, но мојот глас оди за Роналдо.
 
Јас би дал предлог да има споредба Шевченко со Ето , или Тери Фердинанд .
 
Back
На врв Bottom