Remix OS

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569


Remix OS е изменета верзија од Android оперативниот систем којашто е направена да изгледа повеќе како десктоп оперативен систем отколку како систем за мобилните или таблет компјутерите.

За првпат беше претставен како оперативен систем со којшто доаѓа Remix Mini, мини компјутер од истата компанија, Jide, којашто го претстави уредот преку Kickstarter кампања.

Интересното кај Remix OS е што корисниците ги добиваат сите апликации достапни во Play Store, но со кориснички интерфејс прилагоден за користење како десктоп компјутер. Тоа значи дека системот доаѓа со таскбар, старт копче, можност за користење на апликациите во намалени прозори, како и на целиот екран, центар за нотификации којшто се прикажува од десната страна, можност за користење на сите функции на маусот и тастатурата и слично.



Според многу коментари од другите портали, а и ние би се сложиле, Remix OS е оперативен систем каков што требаше да биде Chrome OS од Google.

Почнувајќи од оваа недела, Remix OS станува достапен за симнување и можност да се инсталира на било кој друг компјутер којшто го имаат корисниците, односно на компјутерите коишто работат на x86 архитектурата (Intel). Сепак се работи за нов оперативен систем, па процесорот мора да биде 64 битен.

Оперативниот систем моментално е достапен во алфа верзија, што значи не е се’ уште наменет за масовно користење и од било кои корисници.

Може да се стави на USB стикче и да се подигне како било кој друг оперативен систем, а исто така може да се креира и посебна партиција, па да се користи паралелно со Windows оперативниот систем. Ова е процедура позната на секој којшто барем еднаш пробал да користи некоја од големиот број на Linux дистрибуции.

Оваа верзија од Remix OS е базирана на Android Lollipop, но се планира надградба на најновата достапна верзија од оперативниот систем.

 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
592
Поени од реакции
392
Ништо посебо. Подобро е си земаш некое лиукс дистро. Си клаваш кое сакаш DE и полсем со теми со icon packs си го прајш како ова и по убо.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Ништо посебо. Подобро е си земаш некое лиукс дистро. Си клаваш кое сакаш DE и полсем со теми со icon packs си го прајш како ова и по убо.
DE предпоставувам е некој андроид емулатор? Ке може линкче?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Не е DE емулатор. DE e Десктоп Енвајрмент или работна околина. А за линк барај Genymotion (нема gapps).
Абе не заебавај linux е далеку од десктоп, еден куп искомплексирани раскарани заедници за тоа на кого му е поголем.

RemixOS не е во изгледот :), битното е да може да ги извршува огромниот број на апликации за Android. Ова е тоа што требаше да го направи Google одамна, ама не го прави, па редено е да некој да ја искористи приликата.
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
124
Поени од реакции
97
Абе не заебавај linux е далеку од десктоп, еден куп искомплексирани раскарани заедници за тоа на кого му е поголем.
Глупости. Повеќето линукс дистрибуции се многу полесни за користење и од Windows само проблемот е што уште народот се плаши од терминал.
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
592
Поени од реакции
392
Глупости. Повеќето линукс дистрибуции се многу полесни за користење и од Windows само проблемот е што уште народот се плаши од терминал.
Јуп. Колку е упростен сега за разлика од пред 5-6 години. Ама то е.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
- RemixOS - Делува интересно, барем за лајт корисници. За разлика од било кој линукс ваљда ја има онаа огромна база на андроид апликации кои им требаат на корисниците.
- ChromeOS - Беше тотална глупост. Кога веќе го имаа андроид не смееја гугл да се фокусираат на онакво ѓубре туку да се потпираат на андроид.
- Сеуште го немам видено Ремиксов ама концептот ми се допаѓа. Се надевам дека ќе има озбилен развој. Барем гугл се надевам дека ќе се заинтересира да направи нешто во таа насока.

- Линукс - Не можиш да инсталираш рандом ДЕ и да возиш. Барем не кај корисник кој сака јутуб, фејсбук, игри и сл. Секогаш имаш оверхед со одржавање. Овде сите си имаат научено андроид плеј стор ради мобилките па ова ќе им е гола вода.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ова не е линукс зашо нон стоп го споредувате со линукс.

Ова е репакиран Android x86 со десктоп изглед. Си има Google Play store и се со него.
IMHO многу по корисно од линукс за стари лица со стари лаптопи.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Што спецификации би барал овој?
БТЊ коа веќе е активна темава. Која дистрибуција на линукс бара најминимални спцификации, иам еден компјутер дома пентиум 4 со 1 гб раб така стои.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Што спецификации би барал овој?
БТЊ коа веќе е активна темава. Која дистрибуција на линукс бара најминимални спцификации, иам еден компјутер дома пентиум 4 со 1 гб раб така стои.
Debian со Openbox
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Глупости. Повеќето линукс дистрибуции се многу полесни за користење и од Windows само проблемот е што уште народот се плаши од терминал.
Не се плаши народот од терминал народот се плаши од промени. Тоа малку што го знаат и си го имаат научено не го мењаваат пошто им е познато и мило, а и поголемиот дел ниту знаат дека има алтернатива ниту се желни да научат.

Инаку не сме веќе 1999, денес има еден куп линукс дистрибуции кои се user friendly и нема потреба да користиш терминал или таа потреба е минимална. Проблемот е што поголемиот дел од популацијата не знае да направи проста инсталација на ОС и тоа е кочница за широка распространетост од друга страна Мак и Виндоус доминираат пошто се што е десктоп/лаптоп иде со нив.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Ова не е линукс зашо нон стоп го споредувате со линукс.

Ова е репакиран Android x86 со десктоп изглед. Си има Google Play store и се со него.
IMHO многу по корисно од линукс за стари лица со стари лаптопи.
Андроид на што се темели? :)

Веќе кога правиме муабет, Андроид е НАЈУСПЕШНАТА linux декстоп (не серверска) дистрибуција на сите времиња.

Сите заедно декстоп linux дистрибуции немаат ниту 1% и тоа да го вклучиме и ChromeOS во тие 1%

И не е клучот во инсталација на линуксот, поголем дел на луѓето не знаат ниту Windows да инсталираат, туку апликациите за линкусот.
 
Последно уредено:

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Андроид на што се темели? :)

Веќе кога правиме муабет, Андроид е НАЈУСПЕШНАТА linux декстоп (не серверска) дистрибуција на сите времиња.

Сите заедно декстоп linux дистрибуции немаат ниту 1% и тоа да го вклучиме и ChromeOS во тие 1%

И не е клучот во инсталација на линуксот, поголем дел на луѓето не знаат ниту Windows да инсталираат, туку апликациите за линкусот.
А Linux и OSx се темелат на UNIX па никој не ги става во ист кош.
Андроид не е десктоп дистрибуција не знам што трипаш. Андроид не е намислен да работи на x86 (desktop) процесори туку на ARM. Android x86 е неофицијален open-source порт на Андроид за десктоп - на кој се темели Remix OS.

И Линукс не е проблематичен за инсталирање програми особено во помодерните дистрибуции каде си има Software center.
Фората е што сите заедно линукс програми не се ни фракција од вкупниот број на андроид апликации.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Андроид на што се темели? :)

Веќе кога правиме муабет, Андроид е НАЈУСПЕШНАТА linux декстоп (не серверска) дистрибуција на сите времиња.

Сите заедно декстоп linux дистрибуции немаат ниту 1% и тоа да го вклучиме и ChromeOS во тие 1%

И не е клучот во инсталација на линуксот, поголем дел на луѓето не знаат ниту Windows да инсталираат, туку апликациите за линкусот.
Па јас би рекол во отсуство на голема корпорација која ќе го форсира баш тоа дека е проблемот. Андроид е толку популарен пошто Гугл го форсира да речам.

За десктоп верзиите на Линукс моментално нема кој да ги промовира и тоа е главен проблем. Виндоус и Мак горе доле имаат монопол/дуопол на десктоп пазарот.

Инаку за секојдневно користење има еден куп апликации за Линукс и повеќето меинстрим апликации имаат линукс верзија.

Доколку Валве успее со Steam OS дистрибуцијата за гејмање мислам дека ќе се променат многу работи. Како и да е без огромни средства и поддршка од голема корпорација нема да има некој бум во иднина.

П.С Имам дуалбут и можам слободно да кажам линуксот никаде не заостанува зад виндоусот со исклучок на тоа дека монополот до пред неколку години го ограничува со некои специфични аплликации, но за генерално користење врши работа повеќе од добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom