Здраво. Со оглед дека завршува летото во ЕУ има големи попусти на наочари за сонце. Конкретно сум заинтересиран за Ray-Ban Original Wayfarer. Бидејки не сум голем познавач на наочари за сонце малку ме збунува тоа што го читам дека се со леќа G-15 (Lenses: Green Classic G-15). Ве молам дали може некој што ги има/имал или се разбира да ми објасни како се гледа преку нив со оглед на тоа дека имаат некоја врста на зелена леќа. Еднаш ги имам ставено на очи во фри шоп и не забележав разлика од други очила за сонце со оглед на тоа дека се работи за врста на зелена леќа. Исто така која е разликата помеѓу класични и поларизирани (дали е подобро да бидат поларизирани стакла). Ве молам за помош околу овој модел на наочари.
Последно уредено: