RAW - Сирова исхрана

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Не видов ваква тема, а многу ме интересира за овој начин на исхрана.

Во план имам да ја тргнам домашно готвената (варена) храна целосно и да го префрлам моето куче или на дехидрат или на сирова исхрана. Следам една фб страна за сирова исхрана и искрено, многу ми се допадна како изгледаат кучињата кои се хранети на овој начин.

За сега колку што прочитав, информирана сум дека на почеток, кучето треба да јаде пилешко месо. Односно, првите три дена 75% храната која што претходно сум ја давала и 25% сирова, па потоа неколку дена 50-50, па пак по неколку дена 75% сирова и 25% од претходната. Па 2-3 дена прилагодување и на крај целосно на сирова исхрана.

Прашањето ми е дали и колку е ова точно? Во која количина треба да се дава месото/овошјето/зеленчукот? Дали вие некогаш сте го хранеле вашето куче со сирова храна? Ако да, какво искуство имате?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Тоа е се убаво но ако најдеш месо кое ќе биде од проверено место, или ако секој ден и купуваш од месара што не знам колку би ти се испатело.

За преодот на храна не е тоа само за raw, за било која е, за да се навикне стомакот на новото нешто, да не настане пролив и слично. Количината е иста, не знам што би менувало. Пепа има каснувано риби главно, а кога се наидувало на месо добивала и сирово. Али повеќе е на готвено бидејќи се комбинира со друго. НАјголемиот проблем е безбедноста кога се купува месото(не зборувам за месари), значи прегледано од инспектор и прогласено за соодветно за човечка употреба.

Природно си е природно.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
а ти кажале ли дека кучето ќе добие на агресија и можност за несакани последици ако му даваш сирово месо ?!
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Зборувате за хранење со живо месо ?
Хранење со живо месо, зеленчуци, овошја и зачини (кои се корисни за кучињата, секако).

@SaltNPepa Кој производител според тебе е проверен и каде можам да ги најдам неговите производи?
а ти кажале ли дека кучето ќе добие на агресија и можност за несакани последици ако му даваш сирово месо ?!
Ми кажале. И тоа е мит. Прашај ги сопствениците кои растат кучиња на сирова храна.

Наидов на еден калкулатор за raw. Би требало да стои во темава.

http://www.raw4dogs.com/calculate.htm
 
Последно уредено:

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Nema proizvoditel,ima klanici, taka samo. Ili po mesari. Samo vo klanica svezo ne znam kolku ke najdes edino koga se koli sto e retko.
 
L

Lu

Гостин
а ти кажале ли дека кучето ќе добие на агресија и можност за несакани последици ако му даваш сирово месо ?!
Исто како што Доберманот на старост, коска му го притиска мозокот, и на старост полудува и си го напаѓа и убива сопственикот ;)

Секако морав да го кажам и овој мит и да фатам сеир, зашто не ми се верува дека постојат сеуште такви луѓе што веруваат во овие митови.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Исто како што Доберманот на старост, коска му го притиска мозокот, и на старост полудува и си го напаѓа и убива сопственикот ;)

Секако морав да го кажам и овој мит и да фатам сеир, зашто не ми се верува дека постојат сеуште такви луѓе што веруваат во овие митови.
не е исто,никаде не го кажав тој твој МИТ ниту сличен,кажувам за сировото термички необработено месо кое може да ја поттикне крволочноста кај кучето
 
L

Lu

Гостин
не е исто,никаде не го кажав тој твој МИТ ниту сличен,кажувам за сировото термички необработено месо кое може да ја поттикне крволочноста кај кучето
Неможе да ја поттикне.
Еве ти кажувам од лично искуство.
Имам 3.5 годишна Доберманка, и прилично често и давам RAW исхрана, значи тотално живо месо и органи, без никаква термичка обработка.
И ефекти ... што да кажам, мека и сјајна длака, цврст измет во ептен мала количина, тоа е најдобрата природна исхрана за секој пес дефинитивно, кучињата се пред се месождери, а сировото месо најдобри резултати дава и најдобро го обработуваат, затоа е и изметот толку мал и цврст, затоа што скоро се се искористува.


Ете ако не е мит според тебе, досега Доберманкава ќе ме изедеше, ќе станеше крволочен ѕвер ... а она, она е најголемата маза и маче спрема мене и фамилијата, вистински карактер како што го имаат добро социјализираните Добермани, дури и со маче неможе да се спореди, зашто маче некад може и да те гребне ако му здосади галење и сл. ... а за Доберманката, незнам ни како да ја опишам каква е карактерно спрема фамилијата, а особено кон мене, вистински ангел, маза, предобра, премила ... срцка со еден збор :)

А јаде сирово месо и органи, често, уназад веќе 2 години сигурно.
Ќе ставам и слики подоцна од рецептот.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
види ако си ти супериорна кон доберманката,знаеш како да се поставиш,го правиш тоа успешно и кучето веќе е навикнато да биде послушно без забегувања мислам дека не треба да препорачуваш на други неискусни што не прават ни 10% кон кучето и кучето кон нив

иначе јас сум од секогаш против дехидратите,тоа е западњачка измислица за оние кои немаат време да им спремаат на милениците......во денешно време посебно кај нас мене крајно ми се сомнителни соствот на храната и она што го пишува на вреќата дека е баш така

природна храна за кучето се месото и коските,но подобро е да се термички обработени од страна на добивање на крволочност и агресија

и немој буквално секој пост да си го толкуваш како што тебе ти врти во глава,нигде не реков дека кучињата може да станат монструми,гремлини,врколаци или нешто слично,туку можат и ЌЕ ЈА поттикнат крволочноста кај кучето
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
12065843_192041381134029_5477721027486405581_n.jpg
Крволочна хаска што почнала да јаде човечки нозе.:vozbud:
 
L

Lu

Гостин
@Roy Fokker јас ти кажав и цврсто стојам на тој став дека сировото месо не предизвикува ни најмала доза на агресија кај кучињата.
И ова го кажувам не само од моето лично искуство ... а имам преголемо искуство, точно 11 години активно има куче во мојот дом (8 години Пудла и потоа откако почина, сега веќе 3.5 години Доберманка) значи нешто над 11 години сум постојано и секојдневно со пес во мојот дом, и секојдневно се дружам и комуницирам со еден тон кучкари, воедно и они исто преискусни како и јас.

И секој искусен кучкар знае дека тоа е мит дека кучињата можат да развијат агресија од сирово месо.

Ајде ете јас знам како да се поставам спрема моето куче.
Али ако е така, тогаш зашто еден куп други кучиња што знам дека јадат сирово месо, немаат ни најмала доза на агресија? М?
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Од утре почнуваме со сирова исхрана. Недела дена ќе биде на пилешко, потоа ќе сменам проетин, односно ќе почнам да ѝ давам телешко (свежо, купено од кланица). Познаваме човек од кој што купуваме телешко месо за нас, па ќе купуваме внатрешни органи и коски специјално за Беки.

Кои внатрешни органи смеам да ѝ ги давам? Или сите се од корист?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
D

Daedalus

Гостин
природна храна за кучето се месото и коските,но подобро е да се термички обработени од страна на добивање на крволочност и агресија
Зошто термички необработената храна поттикнува агресија кај кучињата?
Како прецизно функционира тој механизам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom