Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
https://www.gol.mk/rakomet/manaskov...ata-gi-objasni-i-prichinite-za-svojata-odluka

Многу погрешен потег на Манасков. Пред неколку години ги реметеше другите во репрезентацијата, поготово Талески (на кого апла му се издераваше). Со помладите немаше ниту осет, ниту коректен однос. Второ, формата му беше скроз падната и не беше ни прва постава, а и не играше клубски ракомет некое време. Сега конечно ја дигна формата, доби повик и сега ќе изиграва некоја примадона? Ок, нека не се враќа воопшто! :toe:
Многу глупи луѓе испаднаа и он и Стефан Ристовски. :facepalm:
 
Поддршка за Манасков.Не може селекторот заради вербален конфликт неоправдано да го изоставуваш две години и оддеднаш добар бил.Селекторот направи приватна репрезентација.Готови играчи Манасков па и Талески со сите негови мани да ги изоставуваш од нему само познати причини.Хејтерите ќе кажат а кој не го земал.Со ист квалитет има и во помалите клубови ама мора да бидат од неговиот клуб.
 
Ni edniot ni drugiot ne se vo pravo. Licnite kavgi i interesi ne smeat da bidat nad reprezentacijata. Realno minatite 2 godini ne ni zasluzvase povik a sega ko zasluzi Kiro trebase da se odvazi i da mu se javi kako na site ostanati a ne od portalite da vidi deka e povikan (taka se zbora).
 
Неправедно бил изоставен од репрезентацијата. Повели докажи ,убеди ја македонската јавност дека си бил изоставен две години. Ти со Лазаров имаш нарушени односи, лични проблеми, егото ако ти е толку битно, остави ја македонската ракометна репрезентација на цедило. Кажи машки , не сакам да помогнам, затоа што си ги мериме половите органи со селекторот, личен проблем е,и нека страда машката репрезентација на Македонија, иако што селекторот каков и да е ,те повика во поширокиот список.
П.С
Абе копиљ еден, еднаш се извинуваше на Комити сега нема да имаш шанса да се извиниш.
 
Колу и да е никаков карактер Лазаров, овде Манасков е кабаетлија. Требаше да изигра па да се прости од репрезентацијата после европското, достојно. За доброто на репката Киро подаде рака, требаше и тој.
А со право не беше земан последниве две години. 6 месеци беше без клуб. После тоа у никаква форма што и навијачите на Пелистер беа против неговото доаѓање. Покажа дека е играчиште, се врати у животна форма. Добро ќе беше да изиграше бар уште едно првенство. Посебно што немаме квалитетна замена. Али они си знаат за што се закачиле. Можда била до толку голема што би донело лоша енергија во тимот.
А за Киро што да се каже. Јес да е незгоден карактер али таков и ни треба. Да зоврие крвта. Пошто со фино ептен се опуштаме. За ракоментното знаење и посветеноста нема што да се дискутира. Баш заради работата со него Ѓорговски ќе испадне подобар ракометар од Павле.
 
Каква фама се дигна мислиш Кире ни откажа во моментите кога ја имавме најдобрата генерација. Као демек со Деки бој на лево крило ќе искиневме се и ќе земевме медаља. Исти курац друго паковање. Нека игра тој што сака да игра, пошо Деки бој и Кирца очигледно сакаат да си мерат муда.
 
Абе лигуш беше Манасков и ќе си остане цел живот таков, цела година беше без клуб, си џускаше по дискотеки до 5 сабајле, после потпиша за Пелистер и им се појави на тренинг со пивски стомак и 15 кила вишок, треба цел живот да им биде благодарен што му пружија таква шанса и благодарение на нив ја врати формата, инаку да не беше Пелистер сега во Радовиш ќе играше или на оние турнирите кај што се игра ракомет на песок.

Сега место да покаже зрелост и карактер, да ги закопаат секирите со Кире кога очигледно од него има подадена рака, овој решава да води инат.
Требаше да земе пример од Стоилов кој исто беше во лоши односи со Червар, па кога стана овој селектор, го повика и Столе без двоумење се појави на собир.

Не се деца, ни Кире, ни Деки, требаше како луѓе да седнат некаде, да поразговараат, да си кажат отворено се што имаат еден против друг и на крај да ја стават репрезентацијата на прво место.
Вака ништо не добиваат, само го нарушуваат култот кој со години се градеше од ракометната репрезентација, како единствена национална селекција која има некаков успех на големите натпреварувања.
 
Тактика од Кире ,го повика а знаеше дека ке откажит немаат никаков меѓусебен контакт.
Манасков самиот е свесен дека не е спремен за 3 фронта припреми и утакмици со репрез.,Лш и првенство.
 
Се здрпаа последен пат на полувреме во Битола, милимитри фалеа од физичка пресметка...
 
Последно уредено:
Тактика од Кире ,го повика а знаеше дека ке откажит немаат никаков меѓусебен контакт.
Манасков самиот е свесен дека не е спремен за 3 фронта припреми и утакмици со репрез.,Лш и првенство.
Да да, клучно е он да игра за да ги добијат Струга и Радовиш у лига, затоа се има откажано гарант.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom