R.I.P. Oliver Dragojević

Член од
14 јануари 2014
Мислења
37
Поени од реакции
18
Липо ми је липо мој галебе, слава му...:)

А второво видео специјално за @Anco :cool:

S

silmarillion

Гостин
Не е мој стил на музика, али факт е дека чоекот беше трејдмарк на Далмација и Хрватска секако. Немаше логика репортажа за Хрватска да пројде без негова песна у позадина. И општо кога и да сум бил на море во тој предел, едноставно сакал нејќел не ти иде да седнеш у коноба да испиеш вино, а да не иде у позадина нешто негово колку и да не ти е тој стил близок.

Алал му вера на кариерата, и мирно море сега.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не си го прегази ветеното дека после војната нема да пее во Србија, негово право е тоа. Имаше муабети дека му давале многу пари, но не прифатил, а можеше десет пати во изминатите години да ја наполни Маракана и да си го наполни новчаникот како останатите пејачи.

Пред две години бев на концерт во Пула. Неговите концерти не беа големи и за собирање поени од патриоти.
Како карактер не ми се допаѓа, ама како уметник му нема конкуренција. Песните погодуваат во срце.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Еве објавија дека утре 31 јули е ден на жалост. Ама сепак нема да добие погреб со државни и воени почести, оти кај нив се знае на кој ме следуваат такви почести за разлика од кај нас. Каде пејач со 10 години кариера и неполни 30 години живот доби погреб со државни и воени почести. Еве сами видете какви вредности имаме Оливер со 40 години кариера и Тоше со едвај 10 години кариера.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
и отекоа на сите вести со вести за ......почина
а дали ќе чуеме и за другите хрватски пеачи такви вести, а многу ги има од тие 60-70 години,на пример Војко Саболович.
Имам само една Лп од него купена онаа со отворени наочари на првата страна.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Не е мој стил на музика, али факт е дека чоекот беше трејдмарк на Далмација и Хрватска секако. Немаше логика репортажа за Хрватска да пројде без негова песна у позадина. И општо кога и да сум бил на море во тој предел, едноставно сакал нејќел не ти иде да седнеш у коноба да испиеш вино, а да не иде у позадина нешто негово колку и да не ти е тој стил близок.

Алал му вера на кариерата, и мирно море сега.
Хрватите си ја ценат премногу својата музика и што е најбитно не ја оставаат да се заборави. Старите нивни музичари и ден денес се вртат на нивни радио станици, на телевизии и во угостителските објекти. Кога ќе слушнеш за Хрватска или гледаш тв репортажа покрај стандардното море, бродови, морска храна, вино е и нивната музика и без тоа не поминува.

Во последниве 2-3 години почнува да им доаѓа тој турбофолк кич ама се држат до нивниот препознатлив поп, рок, чист фолк далматинска песна.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Еве објавија дека утре 31 јули е ден на жалост. Ама сепак нема да добие погреб со државни и воени почести, оти кај нив се знае на кој ме следуваат такви почести за разлика од кај нас. Каде пејач со 10 години кариера и неполни 30 години живот доби погреб со државни и воени почести. Еве сами видете какви вредности имаме Оливер со 40 години кариера и Тоше со едвај 10 години кариера.
Ден на национално сочувство, а не ден на жалост. Има разлика, првото значи дека за утре владата во сите државни институции ќе ги стави знамињата на пола копје, ама нема да ги откаже планираните настани.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
и отекоа на сите вести со вести за ......почина
а дали ќе чуеме и за другите хрватски пеачи такви вести, а многу ги има од тие 60-70 години,на пример Војко Саболович.
Имам само една Лп од него купена онаа со отворени наочари на првата страна.
За Војко Саболовиќ и неговите не знаат дека бил пејач.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Еве објавија дека утре 31 јули е ден на жалост. Ама сепак нема да добие погреб со државни и воени почести, оти кај нив се знае на кој ме следуваат такви почести за разлика од кај нас. Каде пејач со 10 години кариера и неполни 30 години живот доби погреб со државни и воени почести. Еве сами видете какви вредности имаме Оливер со 40 години кариера и Тоше со едвај 10 години кариера.
Тоше почина поради несреќен случај т.е. сообраќен судар на само 26 години каде ја имаше цела кариера пред себе и со неверојатна популарност и слава во тој момент поголема од Оливер Драгојевич што некогаш бил (логично со оглед на неговиот жарн) на ниво со Здравко Чолич и Брена (најпопуларните од поранешна Југославија).

И плус тоа треба да земиш во предвид дека ние во МК го имамвме само Тоше како мега звезда и најголем амбасадор на самата држава..го знаеа од младо и старо во сите држави во Балканот..Хрватска има повеќе уметници како Оливер Драгојевич па затоа нема да има такви државни и воени почести..плус тоа Оливер имаше 71 година и почина од долгогодишна болест(што не се класифицира како несреќен случај на рамниште со сообраќајка).

Голем уметник и секоја чест за сите песни...нека почива во мир.
 
Не сакам да ја spam-ирам темата со излегување надвор од темата ама да реплицирам:

Не е точно дека Тоше беше мега ѕвезда, а посебно не единствена. Несреќниот случај и младоста (што е трагично) не менуваат ништо на фактот дека ни по закон ни по заслуги не му следуваа државни и воени почести.
Такви почести заслужи многу повеќе Есма ама не ги доби.

Без разлика нека почиваат и Оливер и Тоше и Есма :angel:
 
Ти ја разбирам поентата но мора да ги земиш во предвид сите околности..Тоше не само што беше мега звезда на Балканот туку навлегуваше во светскиот пазар со песни на Англиски и дуети со Италјански оперисти...Тоше беше најголемиот амбасадор на Македонија,Есма на пример голем дел од самото реноме и почит што го имаше народот за неа се изгуби кога реши на целата слава и популарност што ја имаше да се втурни во политичките води и нормално е дека пола ќе те замразат..посебно нејзината смрт се случи токму кога во екот беа парламентарните избори во 2016 и никој не ја зеде во предвид што навистина беше апсурдно и неблагодарно од страна на државата што цел живот ја преставуваше да не ја испрати со било какви почести.

Иначе не знам дали имаш подзаборавено бидејќи долго време помина но многу го потценваш Тоше и неговата кариера.....јас не се сеќавам на ниту еден пеач од Македонија да имал таква слава и популарност во Екс Ју + Бугарија како што имаше тој...и ги заслужи сите можни државни почести и статусот на безвременска легенда како што му доликува.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Документарен филм за Оливер Драгојевиќ - Галеб и ја во кој има архива снимки од негови интервјуа и од негови настапи на концерти, негови концерти.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
За Војко Саболовиќ и неговите не знаат дека бил пејач.
Тогаш со кого да го мериме,со некој од негово рамниште ај со Мишо Ковач (на кој не му е ни до колена по популарност и хитови и дискографија,што беше тоа, златни и сребрени плочи-тиражи) не само во Далмација туку во цела бивша ЈУ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom