ПВЦ или алуминиумски ролетни – препораки за фирма/мајстор во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Chronysync
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 март 2017
Мислења
2.550
Поени од реакции
8.191
Планирам да ставам надворешни ролетни, па би сакал да слушнам искуства и препораки.

Што би препорачале - ПВЦ или алуминиум? Кои се предностите и недостатоците на едните и другите, особено во однос на изолација, издржливост и одржување?
Разликата во цена е дупла помеѓу едните и другите во Скопје (25 евра по квадрат наспроти 50), се исплати ли?

Исто така, ако сте ставале ролетни во последно време, би ми значело да споделите препорака за фирма или мајстор.

Фала однапред!
 
Пластичните ролетни ако врне град со ветер може да ти ги оштети (да направи дупчиња во нив).
Металните се поиздржливи.
За изолација и одржување мислам дека нема некоја разлика.
 
Има алуминиумски ролетни со PU полнење внатре, баш за изолација.
 
како што знаеме алуминиумот е одличен спроводник на топлина и ако тие ролетни немаат топлински мост како изолација (тоа го има кај алуминската столарија) не гледам како полнењето од пурпена би го спречила пренесувањето топлина, вака повеќе ми изгледа како звучна изолација
1790940524770.png
 
Тогаш јас сум ги помешал лончињата.

А има некој ставено вакви, дали има нешто ефект?
 
ПВЦ бидејќи е пластика на сонце летно време можно е да се оштети од греење премногу UV сочевите зраци но сепак зависи и до видот и квалитетот на ПВЦ ролетните.

Не знам многу за ролетни и тие квалитети но алуминиум мислам дека е подобро.
 
Алумин бесмртно е. ПВЦ пластика ќе испука по 10-15 години и ќе ти се откачи ролетната на две.
 
Back
На врв Bottom