Progressive International или нова интернационала

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Иронично, овие ProPublica јадат борек за Безос, а за сајтот користат Амазон услуги. :D
Ах бе Македонче едно, треба да му се клањаш за услугата што ја плаќаш.

Ами да те вработи за минимална плата и да мораш да мочаш во шише оти немаш пауза ќе треба вечно да се тепаш на интернет за него. :D
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.055
Поени од реакции
19.733
Ах бе Македонче едно, треба да му се клањаш за услугата што ја плаќаш.

Ами да те вработи за минимална плата и да мораш да мочаш во шише оти немаш пауза ќе треба вечно да се тепаш на интернет за него. :D
Аа, значи си платиле за услугата што ја користат. Сигурно квалитетни услуги нуди, чим баш нему му платиле. :D

Јас па мислив богатството му е украдено од сиромашните, односно од останатите 99%, па затоа е сега во ред половина од тоа да му се одзема во вид на данок, пошто на некои вечни средношколци со маици од "Дедо Мраз" им текнало дека така било праведно. :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
За да се сфати монополот на Амазон и како тој влијае на САД, но и на остатокот од светот ќе ти презентирам еден график.


Ова е започнато со политиките на Реган, со кои се отвори патот за големите корпорации да завладеат со светот. Клинтон тоа го усоврши и дот ком корпорациите станаа доминатни во САД и преку глобализацијата која што земаше се поголем замав станаа светски корпорации.

Кинезите беа робовите, додека сиот врв го собираа богатите 1% во САД.

Но, како што можеме да видиме, ѓаволот е во деталите т.е. во графикот погоре. Богатите 1% ги боли пенис за ова, ама САД повеќе немаат производство. Разликата во пари кои треба да им ги плаќаат на работниците спрема производство во Кина, одеше директно во џебот како бонус на директорите и на акционерите.

Големото богатење на корорациите ги направи to big to fall и за да се сервисираат нивните потреби за пари, банките мораа да се окрупнат и автоматски и тие станаа too big to fall. Ова директно предизвика светска финансиска криза.

Од друга страна сите корпорации во САД станаа модерни монополи. Но, секој монопол е рак рана на капитализмот, посебно на неолибералниот капитализам.

Сега САД се доведоа во ситуација да мора да ги расцепкаат големите корпорации за да си го спасат капитализмот. Но, од друга страна ако ги расцепкаат ќе станат помали во однос на кинеските корпорации и автоматски ќе го изгубат приматот и ќе им се случи графикот од погоре.

Што би се рекло угоре високо, удолу длабоко :)

Она што не го разбираат повеќето е дека Берни одмна зборува против Кина и враќање на производството во САД, но и против големите корпорации кои со своето лобирање си обезбедуваат монопол. Спротивно на тоа што го мислат Берни некој комуниста, тој реално го спасува неолибералниот капитализам, од самиот себе си.

Исто како што Варуфакис со своите заложби изгледа анти европски, ама тој ја спасува Европа од самата себе.

Фалење на квалитетот на Амазон не ти е баш паметна работа, мислам Амазон има квалитет да ја уништи секоја конкуренција што ќе му се најде на патот :D

Тоа што Безос не плаќа доволно данок, е само шлаг на тортата.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.262
@teneke зашто Безос да плаќа повеќе данок ...
Еве ние Македонците како потомци на социјалисти, годинава покрај 4 милијарди евра, ќе и дадеме на владата дополнителни 100милиони евра.

Каква корист јас и ти ќе имаме што ќе ги платиме париве?

Безос и Гејтс се создадени со помош на државни (народни) пари, закони и бенефиции, од страна на одредена лоби група, која има лична корист од тоа, т.е тие го собираат кајмакот.
Така да делот за лобирањето, НЕ се виновни корпорациите.

Се додека не си сигурен дека одговорните од системот се чесни и морални професионалци, не смее да им се дава моќ да носат закони и да одлучуваат, бидејќи ќе се злоупотребува таа моќ на наша сметка, во нивна корист. Нормално како и секогаш, ќе лажат, дека намерите им се да му е подобро на народот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Се додека не си сигурен дека одговорните од системот се чесни и морални професионалци, не смее да им се дава моќ да носат закони и да одлучуваат, бидејќи ќе се злоупотребува таа моќ на наша сметка, во нивна корист. Нормално како и секогаш, ќе лажат, дека намерите им се да му е подобро на народот.
Абе јасно е ова. Само да разграничиме две работи.

Прво е нашиот случај на сиромашна држава што треба да го наполни буџетот, па сега ќе измеслуваат 'креативни' начини за зголемување на данокот, знаеш она ... за да не се сетат Власите.

Второ е легалното мито кое владее во САД, каде, ако му дадеш пари на полицаец за да ти заврши работа, ќе те пикнат во затвор за мито. Но, ако му дадеш пари на политичар тоа се вика лобирање и целосно е законски тој да ти заврши работа за тоа. Кај нас овај дел со давањето на пари на политичари постои, ама законски е ограничено. Мислам барем на хартија не смее да се прави. Сега друг проблем е кај нас што не се почитуваат законите.

Така да за кој дел ти всушност сакаш да правиш муабет?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.262
Второ е легалното мито кое владее во САД, каде, ако му дадеш пари на полицаец за да ти заврши работа, ќе те пикнат во затвор за мито. Но, ако му дадеш пари на политичар тоа се вика лобирање и целосно е законски тој да ти заврши работа за тоа. Кај нас овај дел со давањето на пари на политичари постои, ама законски е ограничено. Мислам барем на хартија не смее да се прави. Сега друг проблем е кај нас што не се почитуваат законите.
Лобирањето не смее да биде легално, не смее да постои лобирање. Англичаните во 17ти век, така спасиле дупе од пропаст и цел свет го покориле. Укинале добар дел од регулативите, ограничувањата, потребите од дозволи за се и сешто. На тој начин до израз дошол квалитетот и способноста, а со тоа дошол и прогресот.

И кај нас постои закон за лобирање. Сега дури ќе имало и измени:

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Лобирањето не смее да биде легално, не смее да постои лобирање. Англичаните во 17ти век, така спасиле дупе од пропаст и цел свет го покориле. Укинале добар дел од регулативите, ограничувањата, потребите од дозволи за се и сешто. На тој начин до израз дошол квалитетот и способноста, а со тоа дошол и прогресот.

И кај нас постои закон за лобирање. Сега дури ќе имало и измени:

Види јас и ти во главно се согласуваме.

Проблемот е што овде муабетот најмногу е за САД, каде овие работи се изразени, но и заради фактот што од политичките ситуации таму, ни зависи судбината и на нас десетици илјади километри подалеку од Вашингтон.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.262
Види јас и ти во главно се согласуваме.

Проблемот е што овде муабетот најмногу е за САД, каде овие работи се изразени, но и заради фактот што од политичките ситуации таму, ни зависи судбината и на нас десетици илјади километри подалеку од Вашингтон.
Затоа САД на сите полиња тргнати се по удолница, а ние со нив.

Швајцарија е далеку од Вашингтон, но тоа не ја спречува да биде единствена држава каде реално сеуште функционира демократија :D .

Види јас и ти во главно се согласуваме.
Ја расипа забавата во контрирањето :masa: :ајнапиво:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Толку многу му го имаа земено умот банкариве на американците што забораваат на основните вредности поставени од нивните претци.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Бајден (Демократската Партија) пак ги ебава левичарите. Не му бега на Трамп втор мандат.

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Сепак, најновата анкета покажа дека на младите републиканци, обично неуморни застапници на капитализмот на слободниот пазар, им се смачило од системот што се навикнати да го бранат. Меѓу републиканците на возраст од 18 до 34 години, околу 66% сега имаат позитивен став кон капитализмот, од помалку од 81% во 2019 година. Но 56% од младите републиканци сакаат владата да се фокусира на намалување на нееднаквоста во богатството, за разлика од само 40% од пред две години. :D

 

Kajgana Shop

На врв Bottom