Primera División 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    310
Статус
Затворена за нови мислења.

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Primera División


Нова сезона, нова тема. :)

Примера Дивизион, или попозната како Ла Лига, е професионалната фудбалска лига на Шпанија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Вкупно 58 екипи настапувале во Примера од нејзиното основање, од нив девет биле и шампиони. Од 1950 па навака, Реал Мадрид и Барселона доминираат во првенството. Реал Мадрид има 31 титула во Ла Лига, додека Барселона има 20. Освен Реал Мадрид и Барселона, други тимови кои ја освоиле лигата се Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Валенсија, Севиља, Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад и Реал Бетис.

Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот и шестопласираниот играат плеј оф и трето квалификационо коло од Лига Европа (стар УЕФА Куп), соодветно. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола.

Во Шпанија тимовите се рангираат прво по бодови, па меѓусебен дуел, и на крај по гол разлика.

Повелете и анкета, и дискусија на ниво, големи сте, да не ве учам.

П.С. Ако мислите дека треба уште некој да биде вклучен во анкетата, пишете и ќе размислиме по предлог-прашањето. :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ќе биде уште една сезона каде главната битка ќе се води помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
И двете екипи во новата сезона влегуваат посилни од лани,но како ќе се одвиваат работите ќе видиме.

Барселона сеуште ја има нај-воиграната екипа,но ако знаеме дека Мурињо ќе биде тренер на Реал Мадрид тогаш можеме да кажеме дека се е изедначено.

Верувам дека Барса ќе триумфира на крајот....но по долга и исцрпувачка борба!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.005
Гласав за Реал бидејки мислам дека сега со Мурињо конечно ке ја сопрат Барса и ке земат примера,ке биде тесно но предноста е само кај Реал што го има најдобриот тренер на свет МУРИЊО и очекувам да го врати на најдобрите патеки К.Роналдо
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Зошто се другиве екипи во анкетава?!
Се знае само Барселона и Реал М. освојуваат, далеку се другите екипи, оваа година Реал ќе биде шампион си се менуваат со Барса на 2 сезони.:tv:
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Ќе биде многу интересно оваа сезона,ќе има борба до самиот крај.....
Време е фарса да падне,
РЕАЛ ЌЕ БИДЕ ШАМПИОН !!!
 
B

boki10messi

Гостин
Интересна битка ќе биде во секој случај. Главно битката за титулата ќе се води меѓу Барселона и Реал Мадрид. Битка помеѓу убавата игра и тактичкото надмудрување.
Други екипи тешко дека ќе се борат за титула. Според мене, за Валенсија ова ќе биде тешка сезона, ова ќе биде сезона за воигрување на новиот тим, нешто слично како и за Депортиво. Според мене третото место ќе биде на Атлетико Мадрид, а подоле од минатата сезона(негативни изненадувања) ќе бидат Виљареал и Севиља, а како позитивни изненадувања да бидат Мајорка, Малага и Осасуна.

Иако, Ла Лига не се освојува со добивање само на Ел Класико, (и) оваа сезона очекувам токму директниот дуел Барселона-Реал М. да има голем удел во освојување на титулата.

Според редоследот, на ред е Реал да ја освои титулата, ама се надевам дека Мур ќе плаче на крајот на сезоната.:icon_mrgr
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Не знам зашто,ама сакам Барселона повторно све да искине во Шпанија,заедно со Мурињо и со Реал.Реал нов тренер,нови играчи(не многу) ќе треба се де се уклопи тоа,додека Барселона ќе почне да кине од почеток све со Давид Виља,така да,типувам повторно на Барселона.
 
T

the Carpenter

Гостин
Три по ред се многу, но не премногу.
Мислам дека Барселона има далеку од најмногу шанси за титулата.
Каков Мурињо, каков Реал.

Гласав за Валенсија, оти би бил среќен тие да се први, иако немаат најконкурентен состав.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Години по ред не ми го ставате Депортиво во анкета :icon_mrgr Педери :icon_mrgr
Мислам дека работите во Шпанија нема да се средат ниту оваа година. Јасно е дека освен Реал и Барселона друг претендент за титулата не постои. Предност и давам на барселона. Воигран тим, костур на екипата кој е ист со години, засилувања на вистинските позиции и мислам дека оваа сезона ќе заврши побрзо од претходните неколку. Дури предвидувам и тотален дебакл на Реал. Ги нема мотиваторите Раул и Гути, купија дебилен играч (Ди Марија) и еден солиден Педро леон, но го имаат Мурињо. Само заради него мислам дека има шанси мојата прогноза да се покаже како неточна и Реал да освои. Да беше некој друг стратег се ќе беше јасно како ден и уште пред почетокот на сезоната трофејот можеше да патува во каталонија.
Што се однесува на другите екипи... Нема што многу да се каже. Оваа година очекувам битка за третата позиција помеѓу Севиља, Атлетико мадрид и Валенсија. Типувам дека Севиља лесно ќе стигне до третата позиција, а за четрвртата позиција грчевита битка ќе водат другите екипи. Од оснатите може да се очекува се. Се надевам дека мојот Депортиво ќе изненади како тоа што лани го направија Мајорка и Гетафе. Гетафе остана без двата најдобри играчи, и очекувам малку да паднат но сепак да се одржат во првите десет. Тука некаде треба да биде и Виљареал. Мајорка иако финансиски ослабена, сепак успеа да дојде до едно големо засилување, Џонатан Де Гузман, така да и они може високо да летнат. Депортиво за разлика од лани има посолиден состав, но уште неможам да кажам дека ќе успеат да изборат опстанок. Оваа година особено многу очекувам од Спортинг Хихон. Се засилија на вистински позиции со солидни играчи и очекувам да имаат добар пласман. Никогаш не треба ни да се заборави Атлетик Билбао. Екипата од Баскија има премногу добри младинци, и типувам дека ќе завршат веднаш зад водечките 5 екипи. Останатите екипи, стандард, никоја не отскокнува многу, сите имаат подеднакви шанси за отпаѓање, а најмногу шанси за Сегунда им давам на Херкулес и Леванте :)
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Не само во Шпанија, туку на целата земјина топка моментално владеат и диктираат две екипи, Реал и Барса, оние кој после пола век пустош им донесоа радост на Шпањолците спојувајќи ги Еп и Сп. Останатите поставени во анкетата стојат како декор, сепак овие четири екипи ќе ја водат битката за 3-то односно 4-то место, 2/4 ќе слават на крајот. Тука им давам предност пред останатите на Атлетико кој после забележителната ослабеност на Валенсија би требало да се зациментираат веднаш зад недоприливите. Па така останува све на Севиља,Виљареал и Валенсија за борбата за последниот тикет кон Јуроп... мала предност им давам на Севиља.

Галактичкиот урнебесен судир меѓу Реал и Барса ќе биде сосема доволен за повторно Ла Лига да биде проследена со големо внимание. Нема да бидам доволно храбар и да предвремено означам некој за фаворит пред самиот старт на карневалот.

--- надополнето ---

али ај, бидејќи имам малце поголеми симпатии и наклонетост кон Галактикоси ќе гласам за нив... али тоа ништо не значи.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Си гласав за Валенсија бидејќи ми е омилена екипа од Шпанското првенство.. Иако реално гледано, имаат скоро никакви шанси за освојување на титулата.. Во врска со Валенсија, се надевам барем едно трето место, како лани и директен пласман во ЛШ..

Иначе нормално, како и претходните неколку сезони, за титулата очекувам да се борат Реал и Барса.. И двете екипи потрошија куп пари последните 2-3 трансфер периоди (Реал повеќе, но и Барса не спиеја) така да се освен титула би било голем неуспех и за двете екипи.. Претходнава сезона почнав да глеам Шпанско, па сигурно и оваа ќе гледам и затоа се надевам барем на борба до последното коло.. Искрено да ви кажам, не сакам ни едните ни другите да освојат, но таква е реалноста.. Моментално тие се неколку класи пред Валенсија, Алтетико, Севиља... Повеќе шанси не знам на кој да дадам, стварно....
 
B

boki10messi

Гостин
1.FC Barcelona
2.Real Madrid CF
3.Atletico Madrid
4.Mallorca
5.Valencia
6.Sevilla
7.Bilbao
8.Deportivo
9.Osasuna
10.Villareal
11.Malaga
12.Sporting de Gijon
13.Getafe
14.Santander
15.Espanyol
16.Sociedad
17.Zaragoza
18.Almeria
19.Hercules
20.Levante​

Вака од прилика според моите типови ќе изгледа табелата.
 
F

fantomX

Гостин
Нова шкотска лига, анкетата е лоша, не можи ни да се замисли друг шампион освен Ренџерс и Сел.....овај де, Реал или Барселона.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.384
Поени од реакции
21.930
1.Реал Мадрид
2.Барселона
3.Валенсија..
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Мислам дека цело време ќе се води мртва трка помеѓу Реал и Барса :) Сметам дека на крајот ќе триумфира Реал..со Специјалниот нема играње...:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom