Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.957
Поени од реакции
54.941
Многу ретро лик ми е овој Густаво Скарпа од Форест :D

Прегледај го приврзокот 365894

А кога сме кај нив и после толку засилувања, уште Џонсон им царува во составот.
Тенисер од 90ти години.
Роден и израснат во Меделин, Колумбија. Најпрво со својот Томос мотор е задолжен за надгледување на лабараториите за производство на кокаин длабоко во колумбиските џунгли.
Одговорен е за трансферот на готовата роба од прашумите до хангарите некаде низ Меделин. Облечен строго во бела маица на прекорамки.
Набрзо се пробива низ круговите на картелот и станува човек од доверба на Пабло Ескобар. Директно одговорен за шверцот на кокаин од Колумбија во Флорида.
Загинува во улична престрелка со американската полиција непосредно пред ликвидирањето на Ескобар.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Сити е ептен умрен, а Пеп изгледа тотално незаинтересирано. Нема да ме чуди од лето да бара друг ангажман.

Арсенал буквално е без конкуренција сезонава. Ако не успеат да освојат титула, нека се самоукинат како клуб.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Сити е ептен умрен, а Пеп изгледа тотално незаинтересирано. Нема да ме чуди од лето да бара друг ангажман.

Арсенал буквално е без конкуренција сезонава. Ако не успеат да освојат титула, нека се самоукинат како клуб.
Еве уште вечерва ќе ги информираме да отпочнат со постапката, извонредна забелешка мора да се признае.

Само момент слушам некој бара да разговара.....

Еве во моментов додека разговараме и Нкетиа гласно, недвосмислено и потполно се согласува вели ја имаш целосната поддршка.

Жане?:vrtioci:
 
Каков очаен обид за хумор, надвор од вообичаената негова рамка.
Мајко моја. Зошто ги отворив очите утрово. :pos:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.467
Поени од реакции
5.456
Сити е ептен умрен, а Пеп изгледа тотално незаинтересирано. Нема да ме чуди од лето да бара друг ангажман.

Арсенал буквално е без конкуренција сезонава. Ако не успеат да освојат титула, нека се самоукинат како клуб.
Чекај, Арсенал со овој состав да се самоукинат ако не освојат титула?
 
C

confusion

Гостин
Дали тоа на лето конечно ќе се откачиме од двајцата најпрепотентни суштества што некад ја загазиле Англија, останете вклучени, се вклучуваме со повеќе информации подоцна.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.050
Поени од реакции
12.936
Сити е ептен умрен, а Пеп изгледа тотално незаинтересирано. Нема да ме чуди од лето да бара друг ангажман.

Арсенал буквално е без конкуренција сезонава. Ако не успеат да освојат титула, нека се самоукинат како клуб.
Се слушаш ли што пишуваш? Па до вчера се пишуваше дека Сити се сеуште главен фаворит, дека Арсенал ќе почне да кикса и нема да може да издржи на првата позиција, дека Сити има најдлабок ростер и може подобро да се носи со уморот од Арсенал кој нема добра клупа. Сега одеднаш, драстично се менуваат работите и клубот треба да се самоукине ако не освои титула? Мислиш 15 бода е разликата на табела, поминале двата меѓусебни дуели, и остатокот од топ5 екипи имаат по 5 врзани порази. Супер е сезоната, има многу силни екипи, неизвесна би била до самиот крај, ако хипотетички Арсенал освои титула не ја намалувај важноста на успехот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Чекај, Арсенал со овој состав да се самоукинат ако не освојат титула?
Ова е добар состав на Арсенал. Многу балансиран. Не е извикан и со не знам какви ѕвезди, ама е добар. Но, коментарот повеќе се однесува на завидната ситуација во која се наоѓаат на табелата и особено, млаката конкуренција.

Немам намера да го намалам овосезонскиот успех нивни, напротив. Утре Арсенал да освои титула, ќе биде заслужено. Играат и најдобар и најубав фудбал. Дотолку повеќе, немаат помош од надворешни фактори, а судењето кон нив не е фаворизирачко. Знаеме дека имаше туркање во освојувачката сезона на Ливерпул, па и во оние на Сити, секако помалку изразено.

Е ако гледаме што се случува од страна, навистина и некои околности им се поклопуваат, а не мислам на среќата како таква.
Јунајтед со нов тренер, Челзи со нов тренер на сред сезона, многу повреди, отсуства. Ливерпул со слични проблеми. Тотенхем е...Тотенхем.
Единствено Сити е демек конкурентен, само евидентно е дека нешто се случува кај нив и по играта и резултатите не се ни бледа сенка на лани, прелани.

Перфектна бура, од која Арсенал после две децении има огромни шанси да си земе трофеј, чесно.
Автоматски споено мислење:

Се слушаш ли што пишуваш? Па до вчера се пишуваше дека Сити се сеуште главен фаворит, дека Арсенал ќе почне да кикса и нема да може да издржи на првата позиција, дека Сити има најдлабок ростер и може подобро да се носи со уморот од Арсенал кој нема добра клупа. Сега одеднаш, драстично се менуваат работите и клубот треба да се самоукине ако не освои титула? Мислиш 15 бода е разликата на табела, поминале двата меѓусебни дуели, и остатокот од топ5 екипи имаат по 5 врзани порази. Супер е сезоната, има многу силни екипи, неизвесна би била до самиот крај, ако хипотетички Арсенал освои титула не ја намалувај важноста на успехот.
Тоа ќе се обратиш до тие што пишувале. Јас не сум пишувал до вчера дека Сити е фаворит и уште од есен помислив дека оваа е сезоната во која Лестер стана првак, сега со заменети улоги. Ниту пак потценувачки сум гледал на нивната игра, кога се зборувало сериозно.

Сезоната е слаба, не се обидувајте сосила да наметнете дека е не знам каква. Во споредба со претходните, мачкина кашлица.
Челзи и Ливерпул на позиции за испаѓање, Њукасл при врвот, никој не може посериозна серија да поврзе. Фулам и Брајтон се борат за Европа Лига.

Последните години титулата се решаваше, не во крајните кола, туку во крајните 15 минути од сезоната. Буквално.
Сега победникот се насетува уште од јануари.
 
Последно уредено:

Клучен збор е тоа “помислив“. Значи ти делувало дека може да се случи некое изненадување и Арсенал да освои титула, делува и сега, но е далеку тоа од “решена работа“ како што претстави и дека треба да се укине клубот ако не освои.

И како е сезоната слаба, зарем не е ова тоа што сакаме да го гледаме од лигата, или ти сакаш да гледаш повеќе германско првенство каде што еден тим си освојува постојано? Минати 5 сезони само два тима постоеја во лигата и беа конкурентни за титула, ниеден од останатите 18 не беше во борба за титула во вториот дел од сезоната. Тоа се менува сезоната, секој секого може да победи, Брајтон и Брентфорд редовно си победуваат некој силен клуб, нема веќе монопол од 2 доминантни тима и секој сака да си земе парче од колачот дали титула, дали ЛШ место, дали место ЛЕ/КЛ, дури и тимови кои оваа сезона влегле од Чемпионшип. Тоа ти кажува дека лигата изобилува со силни клубови, дека е многу поинтересна и понепредвидлива. Логиката треба да е повеќе силни клубови = подобра сезона, а не слаби Ливерпул и Сити (навистина не би рекол Сити дека се слаби, после пораз од Тотенхем кој што редовно ги шамари) = слаба сезона .
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom