Палас заслужи бар бод, од 30та минута дур не го примија вториот гол заслужија бар 1-1 ако не и 2-1 да водат, какви дијагонали пушташе Андерсон до Заха, Едуард имаше шанса, Езе зицер утна ( мада секоја чест и за Ремздел предобро ја фати таа топка со нозе), напаѓаа цело време но се виде дека им фали Конор Галахер, односно еден таков играч. Арсенал го искористи моментот кога се издуваа и некако влезе шутот на Сака, ни сам не знаеше како. Одлични партии за Салиба, Џесус, Зинченко особено, Мартинели беше топ прво, не и второ, Одегард даваше добри топки.. од Палас сосема солидни Џордан Ају, Андерсен, Шлуп, Тајрик Мичел. Очекувам да кинат Палас со други екипи, само до крај на трансфер рок да земат некој ко Галахер плус.