Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.390
Лани Сити и Ливерпул се бореа до крај, малце Челзи се умеша ама не успеа да издржи. Арсенал имаше добра сезона ама Конте на крај успеа да им го земе 4тото место, Манчестер според нивните фанови требаше да освои ама на крај освои 6то место. Шон Дајш доби отказ, Барнли испадна.

Годинава како први фаворити остануваат Сити и Ливерпул. Првите го земаа Халанд како најзвучно засилување, појачаа у средина со Калвин Филипс од ЛиЦ, ги шитнаа Стерлинг и Габриел Хесус. Повторно имаат најсилен состав и се благи фаворити во однос на Ливерпул и Челзи (ваљда).
Ливерпул конечно купија класичен шпиц во името на Дарвин Нуњез односно новиот флоп пошто на првата пријателска утнал пас. Пак не купија квалитетен везњак и најверојатно ќе продолжат да играат со Хендерсон, Милнер, Кеита и Чембрлен али тоа е нивен проблем. Купија нов десен бек од Абердин.

Челзи, Арсенал, Тотенхем и Манчестер ќе се борат за останатите 2 места што носат ЛШ пласман, еден од овие тимови во еден период ќе се умеша во борбата за шампионскиот пехар ама нема да издржи.
Арсенал склопи добар тим, ќе бидат интересни за гледање, им фали малце искуство што ќе им биде потребно на дерби утакмици ама и без тоа дечиштата што ги собра Артета имаат потенцијал.
Челзи некако се бори со новите газди, изгубија 2 битни куповини што им беа скоро готови, они јес да имаат добар состав ама пола одбрана им отиде а единствена замена им е Кулибали од Наполи, везниот ред е ист, нападот ист само без Лукаку. Ќе се моткаат горе сигурно.
Манчестер со нов проект по којзнае кој пат, нов тренер, земаа некој играч, им отиде Погба конечно, се борат да се ослободат од Роналдо, немаат лош состав, ќе видиме до крај на лето како ќе одиграат на трансфер пазарот и како ќе се покаже тренерот и дали конечно нивните фанови ќе имаат нешто интересно и предизвикувачки за следење или ќе се откажат у декеНври месец.
Тотенхем истотака склопи добар тим, титула да освојат не верувам, може некој куп, ќе бидат тврд орев дефинитивно, ќе се моткаат тука горе, ќе праат проблеми, ќе бидат гнасна екипа за играње против нив, ќе бидат опасни у секој случај. Куче е Конте.

Њукасл со новите богати газди, Вест Хем, Астон Вила која сосема добро се појача, најверојатно Евертон, Лестер сигурно, Волците истотака, ова се екипи што би требало да завршат во горната половина и да ги завземат местата што носат во европските натпреварувања како Лига Европа и Лига Конференции.
Мирен завршеток на сезоната би требало да имаат Саутемптон, Кристал Палас, Брајтон, и ваљда Брентфорд кои имаа добра ланска сезона, ама ако земеме пример кога и другите второлигаши имаа одлична деби премиерлигашка сезона, у втората или испаѓаа или се бореа за опстанок. Нека стои Брентфорд тука ајде.

Фулам мислам дека ќе биде изненадувањето на сезоната.

Борнмут се вратија кои заедно со Нотингем и Лидс, придружени од Брентфорд и гарант едно јако име ќе падне тука, ќе се борат за опстанок.

Распоредите си ги имате сите, прво коло почнува на 5ти август, на Селхурст Парк отвараат Кристал Палас - Арсенал.

Се гледаме.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Мислам дека оваа сезона пул осваја.
Ако на сити им се повреди хааланд, ќе се ебат у гз. Пулци имаат повеќе опции во напад и сите се веќе искусни играчи, освен дарвин.
Јунајтед, тотнем и арсенал очекувам да се борат за 3-4 место.
А искрено челси, без навреда, не очекувам ништо посебно да направат. Ако грешам нека ме тагираат во мај.
Па се слушаме наредна година.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Жезус ќе испадне еден од најдобрите трансфери. Можно е дури и да ги врати Арсенал во ЛШ.
Може и најголемата грешка на Сити летово беше неговата продажба. Им покриваше десно крило и 9ка, одличен со топка, одличен осет за простор има.
Очекувам да ја дигне играта на Арсенал за една класа минимум.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.527
Поени од реакции
7.116
Може и најголемата грешка на Сити летово беше неговата продажба. Им покриваше десно крило и 9ка, одличен со топка, одличен осет за простор има.
Очекувам да ја дигне играта на Арсенал за една класа минимум.
Да беше толку добар стварно мислиш дека Пеп ќе го дадеше толку лесно и него и Стерлинг?
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Да беше толку добар стварно мислиш дека Пеп ќе го дадеше толку лесно и него и Стерлинг?
Корисен е. Покрива, си ја врши топ работата.
Не викам јас дека е некој расен голгетер или некое играчиште ама како играч го поштуем ептен.

И Стерлинг е исто топ играч.
Не очекував 2ца да дадат по доаѓањето на Халанд.

Ќе збориме на крај на сезона, ќе видиме како ќе се покаже :)
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.527
Поени од реакции
7.116
Корисен е. Покрива, си ја врши топ работата.
Не викам јас дека е некој расен голгетер или некое играчиште ама како играч го поштуем ептен.

И Стерлинг е исто топ играч.
Не очекував 2ца да дадат по доаѓањето на Халанд.

Ќе збориме на крај на сезона, ќе видиме како ќе се покаже :)
Да е солиден напаѓач е друго ама ти го опиша како месаја и ќе го дигне Арсенал една класа што мислам дека ниту ја има способноста Хесус може да има толку влијание.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
За мене Челзи е далеку од сигурен патник во топ4. Ја појачаа одбраната со Кулибали да, ама нападот е многу стерилен, не го гледам Стерлинг како решение за сите маки кои што ги имаат таму.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
10 јули 2022
Мислења
225
Поени од реакции
497
Сити повторно до титула, оваа година уште полесно. Имаат страшен состав, очекувам конечено и Грилиш да проигра, Халанд е најдобар шпиц на светот, средниот ред е атомски, плус Гвардиола е најголемиот експерт во историјата на фудбалот за играње лигашки фудбал.
Фудбалот на Ливерпул е прочитан, ако им ги стопираш бековите немаат никава игра, креативноста на средниот ред им е на ниво на Јувентус од минатата сезона. Њунез ќе биде топ заслување, напред се одлични, ама средниот ред штека наголемо. Тотенхем најверојатно ќе заврши трет, имаат многу квалитетна екипа, плус имаат и многу играч и го имаат и Конте кој е голем мотиватор. По мене разочарување на сезоната ќе биде Челзи, немаат шпиц, одбраната соминтелна, средниот ред просечен. Го имаат Тухел кој е топ тренер, но мислам дека нема да бидат топ 4. Арсенал ќе се бори со Манчестер за четврто место, мала предност за Арсенал затоа што Артета веќе неколку години го гради тимот. Од Јунајтед не знам што да очекувам, ќе бидам презадоволен ако престанат да играат глуп фудбал на контри, и ако Тен Хаг успее да имплементира модерен пристап. Сакам да фатат топ 4, ама ќе биде тесна трка со Арсенал. Њукасл скоро ништо не пазареше, сите очекуваа дека ќе направат русвај на пазарот, на крајот гола вода. Лестер е заситена екипа, мислам дека ќе потонат оваа сезона.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Мислам дека оваа сезона пул осваја.
Ако на сити им се повреди хааланд, ќе се ебат у гз. Пулци имаат повеќе опции во напад и сите се веќе искусни играчи, освен дарвин.
Јунајтед, тотнем и арсенал очекувам да се борат за 3-4 место.
А искрено челси, без навреда, не очекувам ништо посебно да направат. Ако грешам нека ме тагираат во мај.
Па се слушаме наредна година.
Сто лажни деветки имаат во тим Сити, ќе измисли пак нешто ќелајцата доктор е за маратон, мака има во нокаут тој се гледа веќе 3-4 сезони наназад во ЛШ.
Гундоган, Фоден, Грилиш ќе покриваат и тој Алварез што прв пат го слушав пред две недели.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Да е солиден напаѓач е друго ама ти го опиша како месаја и ќе го дигне Арсенал една класа што мислам дека ниту ја има способноста Хесус може да има толку влијание.
На Арсенал им требаше многу таков играч. Обамејанг си отиде, Лаказет исто. Жезус ќе излета како прва 9ка.

Плус е тоа што мислам дека е топ тип на играч за во тој систем на Артета.

Пак ќе ти кажам, ќе видиме како ќе се вклопи, според мене одличен избор направија и Арсебал и Габриел.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.956
Поени од реакции
4.016
Сити ќе ги млати малите, Ливерпул ќе ги млати големите и Сити за пола бод пред нив, веќе видено.
Кај Јунајтед уште Де Јонг да го договорат и ќе бидат спремни за 6то место.
Челзи ќе бидат небитни како ланскиот снег, не се доволно добри за да се брка со големите, а не се ни толку утепани за да се борат со помалите. Трето за нив и ако некоја црнчуга не направи скандал никој нема да ги спомне.
Тотенхем искуство со никаква игра, Арсенал млади играчи без искуство. Арсенал ако успее да се оддалечи бајги од нив за Божиќ тогаш они се 4ти, ако не успеат ќе се избламираат како ланската сезона.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
1.Сити
2.Тотенхем
3.Јунајтед
4.Лпул
5.Арсенал
6.Вест Хем
7.Челзи
Друже ја навијам за јунајтед ама дај кажете бе што дрога зимате и број од дилерот наравно

Моја прогноза
Јунајтед
1.Сити
2.Пул
3.Тотенхем
4.Челзи/арсенал
5.Арсенал/челзи
6.Пак бе јунајтед само ова Б тимот :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom