Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Со овој потег испаѓаат дефинитивно.

Па да, во право си. Можеби требаше да размислат за велемајсторот Оле Гунар Солскјер, тогаш и за ЛШ ќе се бореа. Сезонава.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Евертон и тоа 7мо место...
Максимум седмо место, има основа тој тим. Со тек на време и нормални инвестиции. Реалниот домет во овие околности е средина на табела.
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Не биде неук, како што си. Максимум седмо место, има основа тој тим. Реалниот домет во овие околности е средина на табела.

Па зел од страна коментира, Dani факинг 7мо BMW. :facepalm:
Цело време е тој муабет за нив "знаеш добар тренер имаат, убаво испазарија летово се засилија, за ЛШ можеби не ама до 7мо место можат."
*Не можат.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Цело време е тој муабет за нив "знаеш добар тренер имаат, убаво испазарија летово се засилија, за ЛШ можеби не ама до 7мо место можат."
*Не можат.
Цело време за нив е муабетот дека можат до четврто, не дај Боже лани, после добриот 5/5 старт, може да освојат титула ала Лестер.

Евертон не е ќор клуб. Има океј финансии, океј инсфраструктура, бил во некое не толку дамнешно време во местата кои водат до ЛШ.

Место кое води до Конференциска Лига (очигледно не сезонава и очигледно ако не му дадат време на Лампард, или било кој друг тренер) е реален домет. Не е неостварлив. Целосно реален домет, дури и во сезона како оваа е средина на табела, гравитирање околу осмо, деветто, десетто место.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Цело време за нив е муабетот дека можат до четврто, не дај Боже лани, после добриот 5/5 старт, може да освојат титула ала Лестер.

Евертон не е ќор клуб. Има океј финансии, океј инсфраструктура, бил во некое не толку дамнешно време во местата кои водат до ЛШ.

Место кое води до Конференциска Лига (очигледно не сезонава и очигледно ако не му дадат време на Лампард, или било кој друг тренер) е реален домет. Не е неостварлив. Целосно реален домет, дури и во сезона како оваа е средина на табела, гравитирање околу осмо, деветто, десетто место.
Се согласувам дека не е ќор тим. И секако очекувам во брзо време да пркнат, 16то место каде што се сега не е реално за клубов, има капацитет за повеќе. Но јас не сум толку оптимист во случајов *мислам дека си пристрасен малку ради Лампард.
Како што има добра основа за работа во Евертон, има и во Вила, Вест Хем, (ако опстанат) може сериозен играч да стане и Њукасл. Така да и за место во Конференциска Лига ќе треба добро да се потрудат.

Од друга страна проблем кај клубовиве е да ги задржат клучните играчи. Така истите играчи кои сега ги гледаме како добра основа, утре може да ги видиме на клупа во Сити.
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Руни ги одебал Евертон, па немаа друга опција освен тој Португалецот што јаде клоца од Фенер и Лампард.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Се согласувам дека не е ќор тим. И секако очекувам во брзо време да пркнат, 16то место каде што се сега не е реално за клубов, има капацитет за повеќе. Но јас не сум толку оптимист во случајов *мислам дека си пристрасен малку ради Лампард.
Како што има добра основа за работа во Евертон, има и во Вила, Вест Хем, (ако опстанат) може сериозен играч да стане и Њукасл. Така да и за место во Конференциска Лига ќе треба добро да се потрудат.

Од друга страна проблем кај клубовиве е да ги задржат клучните играчи. Така истите играчи кои сега ги гледаме како добра основа, утре може да ги видиме на клупа во Сити.
Така, ќе зависат и од многу други фактори. Конкуренцијата стои.
Само, во одредени проекции, јас и го гледам Евертон во близина на местата за Европа (Конференција). Не дека нешто на тацна ќе им се даде или под дифолт се подразбира. Колку и Лампард да работи добро, ќе се прашуваат и тимовиве што ги наброи.

Пристрасен не сум баш, бидејќи Евертон не го сакам некако. Резервиран ќе бидам околу поддршката кога ќе дојде време.
Лампард е океј избор, особено од понудениве, меѓудругото и поради огромното влијание и култниот статус во англискиот фудбал. Слично како и Џерард во Вила.
Едно е кога Лампард ќе свика по судии, ќе направи притисок, друго е кога извесен Вито од Португалија ќе дреме по аут линија. Сметам дека и тие ситни навидум неважни детали ги имаат земено предвид челниците на Евертон.

Другиот момент е добрата историја на Лампард со млади фудбалери, а Евертон има коректна школа. Тој меч-ап не е занемарлив. Ќе видиме, како и да е. Нималку лесна задача е ова за Лампард. Може да се случи да биде или брејктру или тотален колапс на неговата менаџерска кариера, водењево на Евертон.

Патем, ти се извинувам за првичниот цитат, настана недоразбирање. Некогаш сврзниците и распоредот на зборовите на интернет знаат да зафркнат работа.
 
Нема везе, го игнорирав тој дел. Не е мој начин на дискусија, бранење или аргументирање ставови.

Намерно не те цитирав директно, пошто сите (и надвор од форумот) некако тоа 7мо многу лесно му го препишуваме на Евертон после секое побогато пазарење играчи, а како што рече економски се добри и тоа е случај со нив секое лето.
Покрај тоа на крај сепак завршуваат со неуспех и разочарување.
Затоа станав претпазлив со нив, особено во моменти на ваква конкуренција кај вторава гарнитура екипи во ПЛ.
Да не го развлекувам муабетов, се разбираме.

И јас преферирав Лампард да ги земе Евертон. Сакам играчите од мое време сега да ги гледам во тренерски улоги.
Единствено ми е криво што доаѓа во крај на јануари. Пропушта шанса барем делумно да изменаџира со трансфери по неков кејф. Сега ќе треба да изгура со тоа што има, па посериозна трансформација од следна сезона.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.526
Поени од реакции
7.115
Па да, во право си. Можеби требаше да размислат за велемајсторот Оле Гунар Солскјер, тогаш и за ЛШ ќе се бореа. Сезонава.
Ако ја издржи сезонава вашиот мастермајнд добар е.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Ako e tocno ova so Grinvud tolku od nego i united, tesko se prezivuva ova pokraj cancel kulturata ali i bez toa, sut karta se jade za ova a i se odgovara krivicno. Nema sansa ova bilo koj golem klub da go tolerira.
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Излезе и аудио снимка, чим собрала храброст да го снима значи ова е случувано на повеќе наврати.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom