Premier League - Season 2021/22

Член од
14 април 2012
Мислења
27.698
Поени од реакции
49.555
Овој @Stefan-kobe развил Стокхолмски синдром да се контра за судии. Му ги нема дежурните пациенти во Серија А, Јуве распад систем, нема сомнителни одлуки, па тука си го зема фиксот. :D
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.243
Поени од реакции
41.029
Овој @Stefan-kobe развил Стокхолмски синдром да се контра за судии. Му ги нема дежурните пациенти во Серија А, Јуве распад систем, нема сомнителни одлуки, па тука си го зема фиксот. :D
Сосема очекувана миграција си е тоа, селската италијанска лига не може да задржи фанови со тој стандард, па нормално дека тука ќе си се префрлат постепено :X3:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
34.184
Поени од реакции
89.337
Овој @Stefan-kobe развил Стокхолмски синдром да се контра за судии. Му ги нема дежурните пациенти во Серија А, Јуве распад систем, нема сомнителни одлуки, па тука си го зема фиксот. :D
Не брат него мразам и ме нервира кога некој се праи слеп при очигледни работи. Еве и моине бараа пенал над Лаутаро против Верона ако не се лажам а врска немаше од истото. Да не зборам за куртон фб страните ко Тифози Балканико што на секоја судиска одлука пишуваат статуси и се бламираат.

Генерално, стварно не ми е битно ништо од ПЛ, си гледам лабаво ко неутралец, ама ме нервираат некои глупави коментари кои немаат смисла. Не зборам за тебе или Боро, ок е да дебатираме или да не се слагаме, ама да збори некој дека три пенали не му се свирени на Јунајтед и дека се оштетени е срамота. Ете можда за некого е пенал тоа првото над Роналдо, за мене не да не е него е срамота што уопште се дискутира и тоа е тоа, тепаа Манчестер и си земаа три бода.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
13.280
Поени од реакции
34.179
Сосема очекувана миграција си е тоа, селската италијанска лига не може да задржи фанови со тој стандард, па нормално дека тука ќе си се префрлат постепено :X3:
Ако го ставаме Стек у реченица со стандард тогаш би требало да биде поврзан само со некоја селска лига од Африка каде се уште играат фудбал со напумпан желудник од антилопа.

Стек спомнеш ли мајка не си свесен каков бан ќе јадеш, oh wait...

Иначе пеналите на страна со малце појаки и поорганизирани екипи, што не се ко село без кучиња ко Лидс, огромни проблеми има Јунајтед, се мачат ептен иако имаат тон офанзивен квалитет.
Би требало да размислат за Солскер доколку до полусезона не се подобрат значително.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
7.584
Поени од реакции
18.535
Челзи до сега најшампионски менталитет покажува, а и најтешки први 5 утакмици изиграа од сите нивни конкуренти.
Ептен се компактни како екипа, одбраната им е доста сигурно, средината може да го издоминира секој тим од лигата и Лукаку во нападот е станат право чудовиште.
После нив се Ливерпул, ама они доста полесен распоред имаа иако и они изгледаат доста импресивно.
Јунајтед само поради сплет на околности и лесен распоред се со исто бодови како Челзи и Ливерпул.
Сити не ми прават кејф, не е ова истиот Сити од претходните сезони кога го доминираше секој натпревар.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
714
Поени од реакции
965

Убав ти е муабетов ама Јунајтед лесен распоред а Ливерпул не? Згрешка дан си :)
Дека двата се на исто со Челзи поради тоа, да.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
7.584
Поени од реакции
18.535
Убав ти е муабетов ама Јунајтед лесен распоред а Ливерпул не? Згрешка дан си :)
Дека двата се на исто со Челзи поради тоа, да.
Добро, да, али сепак Ливерпул има играно против Челзи.
Јунајтед сеуште нема играно против никој од "големата 6ка."
И лани вака викаа :D
Прав си, ама лани не беше волку јака конкуренцијата.
Ливерпул да не го задесеа тие повреди не ми се веруваше дека туку така ќе отпаднеше од борбата за титула.
Исто и Челзи, зебанциите со Лампард им го скратија првиот дел од сезоната.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
27.698
Поени од реакции
49.555
Челзи до сега најшампионски менталитет покажува, а и најтешки први 5 утакмици изиграа од сите нивни конкуренти.
Ептен се компактни како екипа, одбраната им е доста сигурно, средината може да го издоминира секој тим од лигата и Лукаку во нападот е станат право чудовиште.
После нив се Ливерпул, ама они доста полесен распоред имаа иако и они изгледаат доста импресивно.
Јунајтед само поради сплет на околности и лесен распоред се со исто бодови како Челзи и Ливерпул.
Сити не ми прават кејф, не е ова истиот Сити од претходните сезони кога го доминираше секој натпревар.
Пишав уште на почетокот на сезоната, не ми беше јасно зошто им дадоа 6 коефициент да бидат шампиони, кога имаат одлична екипа и добар тренер. Сакав да ставам баш добри пари да бидат шампиони, и единствено што ме предомислуваше беше трансферот на Кејн кој се збореше дека ке се случи. Дур да се затвори трансфер пазарот, Сити киксна, и коефициентот падна на 3. Ако Челси ги тепа нареден викенд, ке отиде на 2,50 накеаде, што веќе е неисплатливо да се ризикува. За мене, со составите, шансите им се 50-50 меѓу Челси и Сити.

Инаку за пеналите, одличен текст кој многу објаснува зошто помалку пенали ке се судат годинава, и кои се сегменти ке се санкционираат.

Premier League VAR, offside, handball, and penalty rule changes 2021-22 season - The Short Fuse (sbnation.com)
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
34.388
Поени од реакции
50.317
Никако не можам да ги отпишам Сити, како и да делуваат пак се премногу квалитетен тим и го имаат Пеп, а и најбитно, го имааат искуството и знаат што се е потребно за да бидат шампиони. Едвај чекам Челзи - Сити следен викенд, баш ме интересира двата тима како ќе изиграат.

Ливерпул делуваат супер, иако Мане и Фирмињо некако ич не се во форма. Салах ги вади до сега, ама дали ќе може сам да издржи цела сезона. Тука е и прашалникот околу длабочината на составот и како ќе се снајдат ако им се повреди некој од најбитните играчи.

Јунајтед искрено ќе ми беа главни фавориги доколку на клупа им беше некој од Пеп, Клоп, па и Тухел. Нема друг тим со толку играчи во офанзива од кои можеш да очекуваш гол во секое време. Ама не можам да видам никаква филозофија и препознатлив стил на игра, а од старт на минатата сезона на прсти се бројат натпреварите во кои имале целосна контрола.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
4.934
Поени од реакции
9.087
Оти вакви простачки испади? Убаво си реков дека сменето е правилото за рака од сезонава и потешко ќе досудуваат пенали, оти лани секој контакт беше пенал. Дополнително кажувам дека не сум сигурен дека исправно го толкувам правилото. Никаде не негирам дека имало рака или било што.
Автоматски споено мислење:

Врв ми беше при онаа шансата на Ковачич при крај, фатил Ром да крева раце и да пишти што не добил топка, а буквално 2ца имаше пред него, немаше теоретска шанса ни со телепортирање да дојде топката до него :ROFLMAO:
Оти лично се навреди што вака ми реплицираш или јувенташ си ?
Тие даваа вакви оправдувања за ракометот на Де Лихт
Јас општо спомнав дека ако се остави на кому иде на судијата секогаш некоја од екипите ќе биде фаворизирана заради личниот избор на судијата за случајна и намерна рака. Затоа реков најдобро е да се задржи старото правило.
Никаде не коментирав за натпреварот туку општо.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.043
Поени од реакции
14.105
Најмалце беше првото али ајде, Роналдо удри со коленото у играчот на Вест Хем. Значи сакаше да изнуди пенал по секоја цена, направи дриблинг и очекуваше доле дека ќе има контакт па откако играчот на ВХ ја тргна ногата овој со колено го удри него. Не може да биде свирнат пенал ако играчот ја трга ногата и бега од контакт а напаѓачот упорно оди да изнуди контакт и пенал.
Те разбирам и се сложувам, иде да изнуди пенал, ама имаше контакт.
Кејн и Варди имаат добиено доста такви пенали последните години.

Јас сум за 100% да не се судат такви пенали, ама како и да се продолжи мора да има конзистентност.
Ако следно коло се досуди таков пенал за некој друг, све паѓа во вода.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
27.698
Поени од реакции
49.555
Те разбирам и се сложувам, иде да изнуди пенал, ама имаше контакт.
Кејн и Варди имаат добиено доста такви пенали последните години.

Јас сум за 100% да не се судат такви пенали, ама како и да се продолжи мора да има конзистентност.
Ако следно коло се досуди таков пенал за некој друг, све паѓа во вода.
Ти бараш конзистентност од меч во меч, кога истиов судија 2 слични ситуации различно ги досуди. На истиов меч имаше ситуација каде Зума пушти подолг фор и скокна над ногата на Погба. Фаул за Зума свирнаа, иако Зума скокна пред има контакт, гледај ја само десната нога на Погба дека нема допир, нема удар, нема движење. Да го удреше Зума колено во колено, сол ке го направеше.

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.243
Поени од реакции
41.029
Matchday 1:
Liverpool win 3-0
Chelsea win 3-0

Matchday 2:
Liverpool win 2-0
Chelsea win 2-0

Matchday 3:
Liverpool draw 1-1
Chelsea draw 1-1

Matchday 4:
Liverpool win 3-0
Chelsea win 3-0

Matchday 5:
Liverpool win 3-0
Chelsea win 3-0

IDENTICAL PREMIER LEAGUE RECORDS
 
Kajgana Shop

На врв Bottom