Повреди. Само не станува збор за Ливерпул, па не се збори баш за тоа

Лукаку и Вернер во исто време се повредија и пропуштија цел месец. Маунт прво имаше некоја ситна повреда па после го немаше и него во исто време затоа што мораше да вади осмица. Коментаторот вчера кажа, 14ти е во Челзи по број на минути сезонава, што е неверојатно. Енергичноста на целиот тим без Маунт е бар две нивоа подоле. Одма размрдаа вчера со Пулишич кој па играше во прво коло, а следните минути му беа претходно коло откако го осакатија во Америка. Зијех во припремите за сезонава изгледаше како тој од Ајакс, во Супер Куп измести рамо и дури и откако се врати Тухел не го играше затоа што сметал дека уште не му е природно движењето поради повредата. Хаверц исто неколку пати има по нешто ситно. Од сите играчи во офанзива уствари само Одои беше цело време достапен до сега, или бар не ми текнува да имал некоја повреда. Ама првиот дел го помина играјќи како десен вингбек.
И во средина Канте е падни стани, Ковачич го нема веќе повеќе од месец. Чилвел еве сега со сериозна повреда и ако е потребна операција ќе ја пропушти цела сезона. А најсилното оружје периодов беа он и Џејмс, секој противник мораше да затвара на двете страни. Алонсо ако не фати форма и продолжи како вчера, нема да има никаква потреба да го затвараат и лесно ќе се справат против Џејмс на другата страна, со играч повеќе.
И покрај сето ова, не ме грижат многу повредите сезонава заради широкиот состав и затоа што верувам во сите играчи. И го покажаа тоа затоа што успешно вадат резултати до сега еве, ама натпревари како Барнли и Јунајтед ги вадат слабостите на виделина. Мене од старт ми се фаворити рамо до рамо со Сити и Ливерпул и ова не ми е доволно голема причина да мењам затоа што верувам дека ќе се среди. Ама клучно ќе биде во следниов период да фатат континуитет во офанзивата со Лукаку. Ако он и Маунт се уиграат и се на ниво до крај на сезона, а третиот е било кој и си придонесува солидно, би требало да освојат. Ако не, најверојатно Сити и Ливерпул на крај ќе успеат да имаат некој бод повеќе.