Premier League - Season 2021/22

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.318
Поени од реакции
52.133
1628752158960.png
Дојде време за новата сезона, утре започнува повторно најдобрата лига. Секогаш борба до крај, безброј пресврти, нови тренери, нови изненадувања, нови разочарувања сигурно не очекуваат и оваа година. А најбитно од се е тоа што целосно се враќаме во нормала и ќе гледаме фудбал пред исполнети стадиони.

На врвот очекувам повторно да се задржат истите четири клубови, прашањето ќе биде во кој редослед. Сити после освојување на титулата го сруши рекордот во ПЛ со трансферот на Грилиш, а притискаат и за Кејн и не би требало да се откажат до крај. Јунајтед направи добри трансфери со Санчо и Варан па би требало оваа сезона да се посериозен конкурент. Ливерпул се засили во одбраната со Конате по крајот на сезоната, но останаа на тоа. Многу зависи од враќањето на Ван Дајк, а и целиот тим ќе мора повторно да се издигне на нивото од пред две сезони за да конкурира, а тоа е претешко без посериозно освежување. Челзи решението на најголемиот проблем од минатата сезона би требало да го најде во Лукаку, а се очекува уште еден или двајца играчи до крајот на месецот.
Ако не се случи трансферот на Кејн, би требало сите четири клубови да одржуваат високо ниво низ текот на сезоната и да имаме интересна трка за титулата до самиот крај. Со Кејн за жал не гледам како некој друг би им ја земал титулата на Сити.

Од Тотенхем и Арсенал повторно нема некои високи очекувања. Тотенхем со месеци не можеа да договорат тренер, па завршија со Нуно кој не се знае како ќе се покаже после Волвс, а и уште не знаат дали најдобриот играч на клубот ќе остане и следна сезона. Арсенал со Вајт верувам ќе имаат солидна одбрана, но Артета ќе мора многу работи да подобри доколку сака повисок пласман. Лестер повторно направија добар бизнис и би требало да се одржуваат околу четвртата позиција. Вила го загуби Грилиш, но сметам дека добро го заменија со Буендиа, Бејли и Ингс па би требало повторно да се ептен солиден тим. Интересно ќе биде да се види Бенитез што ќе направи во Евертон. Вест Хем имаа импресивна сезона, тешко ќе биде да ја повторат ама Мојс има искуство и би можел да ги направи клуб како Евертон во неговото време.

Трите новајлии сезонава се Норич, Вотфорд и Брентфорд. Норич и Вотфорд ги знаеме од претходно, а верувам сите ќе не интересира како ќе се покажат Брентфорд во Премиер Лига. Имаат интересна структура, играат интересен фудбал. За жал, сметам дека овие три се и фаворитите за испаѓање. Се надевам дека ќе изненадат.

Еве како изгледа првиот викенд кој не очекува. Колото започнува утре со Брентфорд и Арсенал, а завршува со натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити.

1628754266065.png

Оваа сезона ќе има три измени во имплементацијата на ВАР. При минимални офсајди ќе му се дава предност на напаѓачот, со што би требало да се избегнат оние ситуации каде што буквално за милиметар се поништуваа голови. Исто така цртањето на линиите веќе нема да се покажува во живо, туку ќе ни дадат веќе готова слика како што гледаме во ЛШ, а и на ЕП. Втората измена е дека линиските судии веќе нема да оставаат акциите да завршат пред да сигланизираат офсајд доколку се сигурни во одлуката. Третата одлука е околу досудување прекршоци. Идејата им е да не се суди секој контакт. Тешко е да знаеме однапред како точно ќе биде имплементирано, ама би требало да имаат судиите повеќе слобода при проценувањето на ситуацијата. Повеќе за овие промени:


Кои се вашите очекувања?
 

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
243
Поени од реакции
419
Очаен вовед за најдобрата лига во светот. Бар ако праиш тема, потруди се малце. Рики ти е пример од претходната тема. Кажи нешто за лигата, историја... нема веза, терај момче.

Инаку Челси е сериозен кандидат за насловот.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
5.905
Поени од реакции
9.767
Очаен вовед за најдобрата лига во светот. Бар ако праиш тема, потруди се малце. Рики ти е пример од претходната тема. Кажи нешто за лигата, историја... нема веза, терај момче.

Инаку Челси е сериозен кандидат за насловот.
Кое фајде од копирање/преведување на податоци кои секој може лесно да ги најде?

*****

Симпатични клубови: Брентфорд, Астон Вила, Брајтон и нормално Лестер.
 

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
243
Поени од реакции
419
Кое фајде од копирање/преведување на податоци кои секој може лесно да ги најде?

*****

Симпатични клубови: Брентфорд, Астон Вила, Брајтон и нормално Лестер.

Не е поентата за податоците. Ќе отворам сега википедиа и ќе најдам се шо ме занима за Премиер Лигата. Да личи малце, тоа е работата.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
8.646
Поени од реакции
8.370
Не е поентата за податоците. Ќе отворам сега википедиа и ќе најдам се шо ме занима за Премиер Лигата. Да личи малце, тоа е работата.
би додал ептен оскудно дека пишал за новајлиите плус у вовед земал да пишува “јас мислам Тотенхем и Арсенал…”, он мислел? глупо е лични прогнози да малтиш, стај нешо официјални коефицинти итн


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 април 2012
Мислења
29.049
Поени од реакции
53.890
Претстои навистина интересна сезона. Се надевам дека повеќе од 2 екипи ке се во трка при крај на Април.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
6.190
Поени од реакции
4.844
Камо гласање не е интересно вака, и че ве замолам без фикс идеи како Арсенал и Спарси подобро ставете Вила и Вест Хем (ако си го земат пак Лингард). ;)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.318
Поени од реакции
52.133
Донев и заборавање анкети, name a better duo.
Ни штедам време на сите. Бесцелна анкета која ќе ја кликнеш сега и никогаш повеќе нема да ја погледнеш. Ама секој пат кога ќе ја отвараш темава или ќе мењаш страна треба да скролнеш повеќе за да стигнеш до постовите. Времето што ќе го заштедиме за скролање може да го искористиме за повеќе постови.
@Io Sono Interista стави им ако мора, да си кликнеме секој на својот тим.


Сити спремаат 150 милиони за Кејн :unsure:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
27.115
Поени од реакции
51.347
@Io Sono Interista стави им ако мора, да си кликнеме секој на својот тим.
Моментално расположение: јас ако ставам анкета, Челзи нема да биде на истата :cautious:

Чекај да ми помине... :kafence:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.256
Поени од реакции
41.139
Ако Челзи освои ПЛ со Лукаку како прв стрелец, не би сакал да бидам дел од фан клуб Јунајтед. Донев ќе донесе апокалипса, у Cthulhu ќе се претвори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom