Вулвс доста паднаа у форма,
лани на пример беа мерак за глеање, после корона паузата почнаа да паѓаат полека полека и сеа веќе се непрепознатливи. Мислам дека Нуно почна да „забегува“ малце. Ако озбилно не се појачаат и Нуно не се опраи следна година ќе ги глеаме во долениот дел од табелата. Толку безидејна игра од Волците не очекував.
Брајтон ти е одлилен тим за око, Потер им донесе доста свежина и убава филозофија, само мислам дека тој им е квалитетот сега за сега. Мислам дека ќе се спасат годинава само заради ужасната форма на Шефилд на стартот на сезоната. Фулам и Вба секако не ги глеам како ПЛ екипи следната сезона. Е сеа ако му донесат на Потер неколку добри играчи може убаво изненадување да бидат следната сезона