Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Најлогично е барем 1 стапало да биде дозволено...
Исто и пасивниот офсајд треба да го намалат... Многу глупо правило ми е тоа..
Најлогично е тоа што го предложи Венгер. Да се смени правилото и да биде обратно. Да го фаворизира напаѓачот. Ако бар со еден дел од телото се во линија, не е офсајд.
И пак ќе има ситиација каде што за милиметар ќе биде офсајд.
Автоматски споено мислење:

Нај фер е ако поголемиот дел од телото му е во линија - не е офсајд
Пак ќе има ситуација каде што за милиметар нешто ќе биде он или офсајд.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Те молам објасни ми како Мегваер би го стигнал/покрил Стерлинг? Ако на стерлинг само дланката му е во линија? Нај фер е ако поголемиот дел од телото му е во линија - не е офсајд. Малце само да се прогледува ако рака, рамо, нога и слично му е во офсајд. Вака ти како што викаш не е фер за одбрамбените играчи. Подобро ова правило да си остане недопрено и да има помалце голови него да гледаат само еден дел од телото да биде во линија...
НБА екипите со леснотија стигаат над 120 коша. Во европска кошарка тоа е подвиг. НБА е многу поатрактивна за гледање од европска кошарка.

Фудбалот би привлекол многу повеќе публика ако натпревари завршуваат 5-5 наместо 0-0. Го боли некој кур за Мегваер и што било фер за него.
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
И пак ќе има ситиација каде што за милиметар ќе биде офсајд.
Автоматски споено мислење:


Пак ќе има ситуација каде што за милиметар нешто ќе биде он или офсајд.
Супер си е правилото вака, едноставно за употреба.
Автоматски споено мислење:

НБА екипите со леснотија стигаат над 120 коша. Во европска кошарка тоа е подвиг. НБА е многу поатрактивна за гледање од европска кошарка.

Фудбалот би привлекол многу повеќе публика ако натпревари завршуваат 5-5 наместо 0-0. Го боли некој кур за Мекваер и што било фер за него.
Можеби е поатрактивна од европската лига, но НБА сега многу повеќе личи на циркус отколку на кошарка, откако не дозволуваат тврда одбрана.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.271
Бел бумбар за ВАР и милиметарските офсајди.
И со шублер нека мерат само да е јасно разграничено кога е офсајд кога не.
Правилото е јасно и нема простор за дискусии.

Да се толерираат неколку сантима, да се толерира стапало... И после пак да дојде до момент да се полемизира дали требало да се суди офсајд или не.
Да се прават споредби "минатата свиреше офсајд за волку цм, сега не".
Глупости.

Ако за фаул е субјективно судењето и зависи од критериумите на судијата, не мора и за офсајд да е.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
353
Поени од реакции
279
Да де, судиите го фаворизираат Јунајтед. Намерно не го покажаа моментот на додавањето за да скријат дека не беше офсајд. И чист пенал беше над Заха. Да имаше вакво судење Арсенал шампион ќе беше. Неправди, тоа ти е. :toe:
Не ми беше тоа мислата еве пр сега ситацијата за пенал кажуваат дека Линделов прво играл на топка после на Заха дали тоа беше покажано во мечот не што веднаш се ствара незадовоство кај неутралните гледачи и се добива слика како едниот тим е форсиран од судиите исто ситуацијата со поништениот гол толку тешко е да биде ставен во кадар и Заха и моментот на додавање.
Да беа прикажани клучните работи зошто пр не беше пенал сигурно на судијата не му текна од никаде да не досуди пенал можи видел дека прво играл на топка играчот од МЈ или бил контактиран од ВАР за тоа а на милоните гледачи не им беше прикажано во текот на мечот.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Фудбалот би привлекол многу повеќе публика ако натпревари завршуваат 5-5 наместо 0-0. Го боли некој кур за Мекваер и што било фер за него.
Фудбалот е неприкосновен крал на спортовите веќе со децении уназад и привлекува најмногу публика.

Лигата на Шампионите во фудбал и Светското Првенство се најдобрите турнири во спортот во свет.

И треба да останат во ист формат, со исти главни правила, со исти марифети.

Јас стварно не ја глеам потребата фудбалот да се накинџирува со глупости, да се формираат затворени интернационални лиги и слично.

Тука спаѓа и ова што го збориш, трендот да се занемари класичната одбрана, треба да се запали секој што форсира игра без одбрана или со двајца назад, на чело со Пеп Гвардиола.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.457
По твое како би постапиле, офсајд е офсајд макар и пола милиметар бил.
Иритира ама тоа е
Не ме интересира како, нека предложат измена. Сакам да се смени правилото да не биде пола милиметар.
Мене како гледач не ми се свиѓа моментално како е.

И порано се менувале правила, драстично, па еве фудбалот е подобар.

Вака ги убива напаѓачите. Со овие 2мм не добиваат никаква предност, а нели тоа е поентата на офсајдот.

Башка што објаснето е дека не е точно и неможе да се процени со толкава прецизност како што они мерат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Можеби е поатрактивна од европската лига, но НБА сега многу повеќе личи на циркус отколку на кошарка, откако не дозволуваат тврда одбрана.
Па натаму го движат и фудбалот. Да стане шоу програма, за широки народни маси. Не дека и сега нема феноменална публика, ама што повеќе станува забава, тоа повеќе пари ќе прави.

На пример, стилот на игра на Мурињо. Пред 10 години сите уживаа во тоа, и имаше поддршка и од новинари, и од судии во 50-50 ситуации. Денес е ерес и напаѓан од сите.
Автоматски споено мислење:

Тука спаѓа и ова што го збориш, трендот да се занемари класичната одбрана, треба да се запали секој што форсира игра без одбрана или со двајца назад, на чело со Пеп Гвардиола.
Не сум јас фан на ова. Ама парите го диктираат, и сакале или не, ќе се движи натаму.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Па натаму го движат и фудбалот. Да стане шоу програма, за широки народни маси. Не дека и сега нема феноменална публика, ама што повеќе станува забава, тоа повеќе пари ќе прави.

На пример, стилот на игра на Мурињо. Пред 10 години сите уживаа во тоа, и имаше поддршка и од новинари, и од судии во 50-50 ситуации. Денес е ерес и напаѓан од сите.
Ако до толку им е тоа целта, има полесни начини. На пример изведување аут со нога наместо со рака.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.457
Бел бумбар за ВАР и милиметарските офсајди.
И со шублер нека мерат само да е јасно разграничено кога е офсајд кога не.
Правилото е јасно и нема простор за дискусии.

Да се толерираат неколку сантима, да се толерира стапало... И после пак да дојде до момент да се полемизира дали требало да се суди офсајд или не.
Да се прават споредби "минатата свиреше офсајд за волку цм, сега не".
Глупости.

Ако за фаул е субјективно судењето и зависи од критериумите на судијата, не мора и за офсајд да е.
А може ли сега да докажат со точност кога топката се оделпува од тој што додава за да прикажат 2 сантима у офсајд?
Знаеш дека има маргина на грешка на моменталното решение така?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Не ме интересира како, нека предложат измена. Сакам да се смени правилото да не биде пола милиметар.
Мене како гледач не ми се свиѓа моментално како е.

И порано се менувале правила, драстично, па еве фудбалот е подобар.

Вака ги убива напаѓачите. Со овие 2мм не добиваат никаква предност, а нели тоа е поентата на офсајдот.

Башка што објаснето е дека не е точно и неможе да се процени со толкава прецизност како што они мерат.
Порано не постоело правило пенал, подоцна е уфрлено, постоел слободен удар во шеснаесетник како и било каде, тоа би било интересно да се врати, пола дајвери ќе добијат мозочен удар.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.504
Поени од реакции
62.322
А може ли сега да докажат со точност кога топката се оделпува од тој што додава за да прикажат 2 сантима у офсајд?
Знаеш дека има маргина на грешка на моменталното решение така?
Можат. Со камери кои снимаат со над 100 фрејма во секунда. Мислам дека во крикет се користи ова.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Ако до толку им е тоа целта, има полесни начини. На пример изведување аут со нога наместо со рака.
Да, ама тоа би било драстична промена на неконтроверзно правило. Мислам дека прво што ќе остане за трајно е 5те измени, го искористија ковидов за да го протнат. А наредно што ќе ревидираат е офсајд правилото, заради буката што ја дига после воведување на ВАР. Иако според мене со ВАР конечно тоа правило совршено функционира.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Да, ама тоа би било драстична промена на неконтроверзно правило. Мислам дека прво што ќе остане за трајно е 5те измени, го искористија ковидов за да го протнат. А наредно што ќе ревидираат е офсајд правилото, заради буката што ја дига после воведување на ВАР. Иако според мене со ВАР конечно тоа правило совршено функционира.
Јас искрено не гледам ништо контроверзно во правилото со офсајдот. Едноставно е за примена и скроз разбирливо. Посебно сега со ВАР е лесно за употреба. Мене моментално во фудбалот најмногу ми сметаат идиотските пенали после случајна игра со рака во 16. Тоа е едноставно престрога казна и мора некако да се ревидира правилото.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.271
А може ли сега да докажат со точност кога топката се оделпува од тој што додава за да прикажат 2 сантима у офсајд?
Знаеш дека има маргина на грешка на моменталното решение така?
Врвни камери, висока резолуција, многу фрејмови.
Со пратење на темпото, движењето на ногата и топката може да се даде добра проценка кога топката се одвојува.

Сега боже мој, не може како на PES да е, но пак мислам дека е прилично прецизно во тој сегмент.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom