Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Реално пикот на една генерација трае две до три сезони. Ливерпул после купувањето на ван Дајк во Јануари 2018та игра константно во нагорна линија - финале ЛШ во 2018та, титула ЛШ во 2019та и титула ПЛ оваа сезона. Мислам дека е нормално е да се очекува оваа генерација, без квалитетни освежувања, да бележи пад наредна сезона.

Земете ја за пример една Барселона, со arguably најдобриот играч на сите времиња. Во 2009та ги имаа Ето и Анри, во 2011та Виља и Педро, во 2015та Нејмар и Суарез. Освежување на десен бек со Дани Алвес, освежување на лев бек со Жорди Алба, освежување во дефанзива со Маскерано, итн..

Сити сезонава исто, после 198 поени во две сезони, годинава имаат девет порази во ПЛ. Кој го очекуваше ова лани? Никој. Ама и тие освен ете да речеме Родри, не погодија ни еден транфер претходното лето.

Зборот ми е, рано е да се шпекулира за фаворити и претенденти за титула наредна сезона. Но, реално Ливерпул има потреба од плејмејкер и од добар напаѓач. Играч во средина што знае со топка (Тиаго на пример) и квалитетна 9ка, она баш шпиц играч што би рекол Дарко Панчев би им отвориле многу повеќе опции против екипи кои им затвараа проток преку крилата и им креираа проблеми сезонава.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Гледам на некои ликови овде почнале да им се јавуваат страшни фрустрации од Оле, па секој втор пост, особено последните 10тина дена им е како не го бива, не е за трофеи бла бла... ако, то ме бендисва (y)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
За штитоносецот на Дон Кихот збориме.



Пф, зарем не се доволни овие до сега?



Не верувам дека главните играчи ке останат здрави како изминативе сезони, и тоа мислам дека ке се одрази на бодовите. Пред се мислам на ван дајк, мане, или некој од бековите. Да потенцирам она што е очигледно, не им посакувам потешка повреда.

Друг фактор е што голем дел од играчиве сезонава ја изиграа на инат, заради она што им го направи Сити лани, сите тие касни голови и пресврти. За мене и понатака се фаворит број 1 за освојување на титула, но мислам дека ке бидат околу 80-82 бода.
Па во право си, освен Санчо Панса, за друг Санчо не сум информиран, не ги знам сите трансфер цели на сите клубови, неам толку меморија.

Гледам на некои ликови овде почнале да им се јавуваат страшни фрустрации од Оле, па секој втор пост, особено последните 10тина дена им е како не го бива, не е за трофеи бла бла... ако, то ме бендисва (y)
Ќе видиме, може грешам, не сум некој стручњак, пример ако освои ФА куп тоа ќе биде знак дека во иднина може да биде јак менаџер, иако мислам дека Покетино би бил кец на десетка за М.Ј.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.143
Поени од реакции
16.658
Поседот е тој, дали го гледаш на резултати или не факт е дека ги испомочаа со 30 % посед
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
Поседот е тој, дали го гледаш на резултати или не факт е дека ги испомочаа со 30 % посед
џабе ке држиш топка ако ништо не правиш
демек Челзи у шише ги ставија па сеа поседот некој фактор ке ми е


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.143
Поени од реакции
16.658
џабе ке држиш топка ако ништо не правиш
демек Челзи у шише ги ставија па сеа поседот некој фактор ке ми е


Sent from my iPhone using Tapatalk
Па тоа е муабетот де, џабе посед ако си изгубил 3:0 :)
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Греота е овој Челзи да заврши пред и ваков Арсенал, загреота се
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Дајте некој нека му каже на @Донев да се врати, ветуваме дека нема да го заебаваме.

Барем не многу.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
Дајте некој нека му каже на @Донев да се врати, ветуваме дека нема да го заебаваме.

Барем не многу.
да почекаме уште малку па ке пријавиме у полиција


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Темава е лудило. Донев на 5 секунди прави рифреш на темава да види дали некој пишал нешто позитивно за Манчестер за да влета со некоја досетка од типот hehe 10 pati se vrakate posle SAF, ама кога ќе го напунат Челзи го снемува инстантно и ќе се појави на следен пораз на Јунајтед. Фановиве на Арсенал, да ти е жал да влезеш у дискусија со нив поготово кога пробуваат да те заебаваат... исто ко ретардираното дете у клас што сме го имале, сакаш да му вратиш ама греота е, жал ти е.

И многу ви се глупи муабетите за Јунајтед дека не може да се очекува ништо догодина, пошто 7 години веќе биле очајни и никако да се вратат. И Ливерпул беа очајни 30 години па за 2-3 години средија тим и конечно освоија титула. Затоа Рики вака возбуден не бил од кога дозна дека е шабан.

Редовно пратите фудбал и самите знаете дека се е можно, исто како што е факт дека Јунајтед има ненормална форма во моментов и многу работи се сменија. Ни Мојс, ни Ван Гал, ни Мурињо не ги погодија трансферите како што ги погоди Оле, од прв до последен. Тимот полека се откажува од паразитите и има многу поубава игра. А, секој што ќе го негира ова е само од инат.

Темава се претвори во дискусија за ВАР одлуките, кој што кажал лани, се бараат досетки, а се помалце реални фудбалски муабети. (n)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom