Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Кражба би било да ја имаше Ливерпул освоено а да не му ја доделеа поради недоигрување на сезоната. Вака, нема што да се смета како кражба зошто сезоната не е завршена а ние ја неаме обезбедено титулата. Дали разликата е 2, 10 или 25 бодови не игра улога, за жал.

Нејсе, уште сум оптимист за доигрување.
Чудно ми е што размислуваш вака. Мене што не сум навивач на Ливерпул ќе ми биде криво по ваква сезона да останат без титулата камоли на вас фановите.

Ако не се доигра сезоната, во секој случај ќе има некој незадоволен. Не може да им се погоди на сите 20 клубови. Што и да се договорат нема да има идеално решение. Ама титулата ферски е да се даде на Ливерпул. Како и да е, со публика или без, мислам дека Англичаните ќе продолжат во јуни, освен ако пандемијата не тргне ептен на полошо.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Брат, не значи дека мене нема да ми биде криво и дека ќе се осеќам ко ѓубре, ќе се осеќам ко Марио Митровиќ, буквално ама реалноста е таа, Ливерпул (сега за сега) ја нема освоено.

Те сфаќам што сакаш да кажеш и јас искрено мислам (повеќе се надевам) дека за месец дена ќе продолжат, позади затворени врати.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Според мене мора да се доиграат сите лиги, макар следната сезона почнала во јануари. Да се случеше вакво нешто на почеток на сезона ајде може да се поништи, сега е недозволиво.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Ама имајте во предвид дека и прекинов доста влијаеше на формата и крајниот исход од сезоната може да биде и многу различен од досегашниот тек, зошто месец и половина пауза од колективни тренинзи, натпревари ќе имаат големо влијание. Плус друга состојба со повредени играчи.

На пр. Тотенхем со повредени Кејн и Сон изгледаа катастрофално и ако продолжеше сезоната ни топ 6 немаше да извадат, а вака со нивно враќање може и топ 4 да се замешаат.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
188
Поени од реакции
136
На пр. Тотенхем со повредени Кејн и Сон изгледаа катастрофално и ако продолжеше сезоната ни топ 6 немаше да извадат, а вака со нивно враќање може и топ 4 да се замешаат.
Прашање и во каква форма ќе се вратат. Долга пауза,без колективен тренинг мислам дека исто му доаѓа...
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Според мене мора да се доиграат сите лиги, макар следната сезона почнала во јануари. Да се случеше вакво нешто на почеток на сезона ајде може да се поништи, сега е недозволиво.
Па ЕП 2020 нека се игра 2089 здравје, што има врска.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
Ако не може лигава да започне до крај на Јуни мислам дека и официјално ќе се поништи.

Се додека има шанса лигата да продолжи макар и на 15ти Јуни..мислам ќе сакаат да исфорсираат..
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Kje se znae povekje na vtori April, koga povtorno kje ima sostanok za natprevarite.

Sepak se potrebni 6-7 nedeli, dokolku igraat po dva natprevari vo edna nedela, vlucuvajki gi i evropskite natprevari za tie sto uste igrat i kupot.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
The April 30 return date for English football is to be put back, Sportsmail has learned.

EFL clubs have been informed that the continuing crisis caused by the coronavirus outbreak has made any likelihood of football being played at the end of next month impossible.

A new date is expected to be announced next week, following a meeting between the Premier League and EFL.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Па ЕП 2020 нека се игра 2089 здравје, што има врска.
Значи, побитно е да се одржи првенство кое не е ни почнато за сметка на тоа да не се довршат сезони (во цел свет) кои се 70% одиграни?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Значи, побитно е да се одржи првенство кое не е ни почнато за сметка на тоа да не се довршат сезони (во цел свет) кои се 70% одиграни?
За мене, не. УЕФА претпоставувам различно дека ќе размислува.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
За мене, не. УЕФА претпоставувам различно дека ќе размислува.
Ако за тебе не, тогаш не ја сфаќам потребата од твојата реплика. Значи и ти се согласуваш со оној на кој си му реплицирал.
Кој ја прашува УЕФА доколку федерациите одлучат дека сакаат да си ги доиграат сезоните? Што ќе напраат од УЕФА, ќе ги исфрлат екипите од ЛШ? Ќе им забранат учество на големи турнири? УЕФА зависи од фудбалските лиги (федерации) затоа што тие им даваат претставници (учесници), што значи дека доколку федерациите во поголемите лиги (Англија, Италија, Франција, Шпанија, Германија) пред се' одлучат дека сакаат да доиграат, ќе доиграат а УЕФА може само да планира кога и каде да го смести Европско (ако не го пролонгира за 4 години).
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
А што ако Италија и Шпанија како позагрозени земји решат дека не сакаат да доиграат?
А Англија реши да доигра?

Све е хаос, џабе се прават математикиве, очигледно има милијарда непознати во равенкава, џабе ќе правиме муабет
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Па тоа нема да биде затоа што УЕФА ќе сака да одржи првенство, што е и првичниот муабет туку затоа што така сами ќе одлучат.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Ако за тебе не, тогаш не ја сфаќам потребата од твојата реплика. Значи и ти се согласуваш со оној на кој си му реплицирал.
Кој ја прашува УЕФА доколку федерациите одлучат дека сакаат да си ги доиграат сезоните? Што ќе напраат од УЕФА, ќе ги исфрлат екипите од ЛШ? Ќе им забранат учество на големи турнири? УЕФА зависи од фудбалските лиги (федерации) затоа што тие им даваат претставници (учесници), што значи дека доколку федерациите во поголемите лиги (Англија, Италија, Франција, Шпанија, Германија) пред се' одлучат дека сакаат да доиграат, ќе доиграат а УЕФА може само да планира кога и каде да го смести Европско (ако не го пролонгира за 4 години).
Само шпекулираме за се, не може да знаеме.
Не знам какви се правилата. Ете во Африка организираат сред сезона нели и ги одземаат играчите на клубовите за тој период. Мора да одат или може да одбијат да играат за репрезентација на турнирот? Доколку мора, и им е битно европското на УЕФА како што претпоставувам, ваљда би можело они да решат ЕП да си оди по план, иако на првенствата уште не би им била довршена сезоната затоа што ја доигрувале претходната до октомври. Што би се случило во вакво сценарио?
Не викам дека ова би се случило, најверојатно ќе бидат сите отворени за соработка. Само одам под претпоставка дека УЕФА би инсистирале на одржување на ЕП. Дали УЕФА има моќ над федерациите во ваков случај, и тоа не знам. Размислувам според тоа дека минатата недела се пишуваше дека ќе бараат лигите да завршат до 30ти јуни, а потоа имаше соопштение дека се согласиле за тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom