Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Сити лани у последните 5 кола доби 3 натпревари со 1-0, од кои едниот беше за два милиметри пресуден со goal-line, и еден со шут од шеснаестерец на Компани што нема да се повтори пак ни 100 пати да шутне у истата ситуација.

Да кажуваш дека лани Сити рутински тепал и дека се прошетал до титула, а ние сме се мачеле, ти е тешка небулоза. Разликата беше 1 бод. Буквално милиметар пресуди за титула.

Али океј, верувајте дека Сити е powerhouse а ние сме далеку послаби од нив, боље е така за психа и притисок.
Ние(јас) не верувам(е) во случајот бидејќи како што напишав Ливерпул ми е поомилен тим и сакам да ја освојат титулата што значи јас сум во случајот објективен и гледам од страна како неутралец а не субјективно како фан на Сити или останатите ривалски клубови на Ливерпул.

Тоа што победиле последните три натпревари со по 1-0 не ја отсликуваше целосната моќ на Сити бидејќи претходно дробеле и ги завршувале напореварите рутински и на меѓусебниот дуел со Ливерпул покажаа кој е кој(во играта пред се)..додека Ливерпул постигна повеќе голови од нерегуларни позиции и направија повеќе пресврти дури неколку пати после 85-та минута каде резултатот беше во егал.

Вистинската моќ на Сити се виде кога после поразот од Њукасл наредија 14(Четиринаесет) победи со ред на крај..додека Ливерпул си ја имаше шансата со Вест Хем,Евертон и ривалот Јунајтед но не ги доби тие натпревари.

Мене не ми треба да ми ја спомниш бодовната разлика за ја обелодениш разликата помеѓу Ливерпул и Сити..потребно е само да ја видиш играта на двата тима каде Сити несомнено дроби и се доминантни..не дека Ливерпул не се силни ама не се на такво ниво...за нерешено како вчера против Тотенхем можи да се случи но нема да е вечно..со онаква игра ќе изгазат и ако се здрави Де Брујне,Стерлинг и Бернандо тогаш нема потреба за дискусија.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Замисли да е возможно ВАР ретроградно да функционира на снимки низ 90-тите и 2000-тите во Премиер лига и да може ретроградно да се одземаат бодови и поправаат табели, би било подобро него да се колонизира Марс.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554

Не сме далеку за нив, но сепак заостануваме. Доказ изгубените пенали годинава и ланските 4-1 поени за нив. Ќе бидиме на рамниште нивно или подобри кога овој сооднос ќе биде обратен.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.085
Поени од реакции
8.133
Па КДБ од толку нафрлувања нормално ке направи некоја асистенција, па еден е.бен корнер не изведе како што треба, и еден тон грешки со нафрлувања све преку гол му одеа.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
Замисли да е возможно ВАР ретроградно да функционира на снимки низ 90-тите и 2000-тите во Премиер лига и да може ретроградно да се одземаат бодови и поправаат табели, би било подобро него да се колонизира Марс.
Јунајтед не би имал ни пола титули :pos::pos::pos:
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Хауард Веб ќе го ставиме главен во комисијата и решен проблем. :love:
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Зошто се прават муабети за титула, во второ коло?

Единствено што може да се заклучи од вчера е дека Сити веројатно пак ќе оди на 90+ бодови, со оглед на играта и уште подобрата ротација која ја имаат на располагање.
Иначе, Родри им е топ трансфер, баш тип на играч што му фалеше на Сити на таа позиција. Побрзо размислува и побрзо се ослободува од топката, за разлика од Фернандињо.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Зошто се прават муабети за титула, во второ коло?

Единствено што може да се заклучи од вчера е дека Сити веројатно пак ќе оди на 90+ бодови, со оглед на играта и уште подобрата ротација која ја имаат на располагање.
Иначе, Родри им е топ трансфер, баш тип на играч што му фалеше на Сити на таа позиција. Побрзо размислува и побрзо се ослободува од топката, за разлика од Фернандињо.
Дури ни тоа неможе да се засклучи по второ коло, ама ајде загреани се уште децата од ланската сезона. :D
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Дури ни тоа неможе да се засклучи по второ коло, ама ајде загреани се уште децата од ланската сезона. :D
Па технички во право си. Никој не може да предвиди како ќе се развива сезоната од сега.
Ама Сити има два комплетни тима на располагање, воиграно јадро на играчи и еден од најдобрите тренери во историјата веќе 4та сезона на чело.
Ако претходните две сезони успеваа, не знам зошто оваа не би успеале. Сега кога ростерот им е уште подобрен. Уште и Кансело не го имаат интегрирано во тимот. Јас мислам дека и тој ќе растури под Пеп.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Ние(јас) не верувам(е) во случајот бидејќи како што напишав Ливерпул ми е поомилен тим и сакам да ја освојат титулата што значи јас сум во случајот објективен и гледам од страна како неутралец а не субјективно како фан на Сити или останатите ривалски клубови на Ливерпул.

Тоа што победиле последните три натпревари со по 1-0 не ја отсликуваше целосната моќ на Сити бидејќи претходно дробеле и ги завршувале напореварите рутински и на меѓусебниот дуел со Ливерпул покажаа кој е кој(во играта пред се)..додека Ливерпул постигна повеќе голови од нерегуларни позиции и направија повеќе пресврти дури неколку пати после 85-та минута каде резултатот беше во егал.

Вистинската моќ на Сити се виде кога после поразот од Њукасл наредија 14(Четиринаесет) победи со ред на крај..додека Ливерпул си ја имаше шансата со Вест Хем,Евертон и ривалот Јунајтед но не ги доби тие натпревари.

Мене не ми треба да ми ја спомниш бодовната разлика за ја обелодениш разликата помеѓу Ливерпул и Сити..потребно е само да ја видиш играта на двата тима каде Сити несомнено дроби и се доминантни..не дека Ливерпул не се силни ама не се на такво ниво...за нерешено како вчера против Тотенхем можи да се случи но нема да е вечно..со онаква игра ќе изгазат и ако се здрави Де Брујне,Стерлинг и Бернандо тогаш нема потреба за дискусија.
Мене искрено не ми е гајле кого повеќе симпатишаш, дали си 70-30 за Ливерпул, или 60-40 за Сити, не ти го мења аругментот. Не знам зашто упорно пробуваш да го потенцираш. Ја ти кажувам дека заклучокот не ти држи вода. Не само, заклучокот, туку цела структура.

Колку што Ливерпул ги вртеше и беше на работ да не фати 3 бода, истото се случуваше и со Сити во текот на сезоната, буквално. А башка што со исклучок на таа со Њукасл, Ливерпул ги доби последните 10 утакмици комплетно без никаква паника и несигурност, додека истовремено играше ЛШ, ја преврте Барса, и освои титула. А Сити беше тој што се мачеше со оние од 1-0, додека првенството му беше единствен фокус во тој период.

Како у оваа ситуација Сити изгледал како подоминантен, стварно не капирам. Едино објаснување би ти било дека ако заборави дека игравме на два фронта.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Па технички во право си. Никој не може да предвиди како ќе се развива сезоната од сега.
Ама Сити има два комплетни тима на располагање, воиграно јадро на играчи и еден од најдобрите тренери во историјата веќе 4та сезона на чело.
Ако претходните две сезони успеваа, не знам зошто оваа не би успеале. Сега кога ростерот им е уште подобрен. Уште и Кансело не го имаат интегрирано во тимот. Јас мислам дека и тој ќе растури под Пеп.
Дефанзивната линија им е проблематична. Тоа може да им направи проблеми иначе во среден ред и напад се можда најкомплетната екипа ever во Премиер Лигата.

Страшен е фактот дека лани пола сезона ја изиграа без Де Брујне и скоро и да не се осети тоа. Ете Давид Силва им е практично заменет, буквално ништо нема да изгубат со неговото заминување наредно лето. Се надевам само за Агуеро нема да најдат адекватна замена, пошто тимов има потенцијал бар уште 2-3 сезони да ги изигра на врвно ниво.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682

Ќе го купат Лаказет :D
Искрено на таква игра, ќе си најдат финишер!
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Кај кур ви е меракот за фудбал?
Кажа човекот кој рече дека го надраснал фудбалот и дека не му се глеало веќе тоа, пошто не наоѓал сатисфакција.

Парафразиран ми е муабетот ама мислењето ти беше тоа, две години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom