Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    274

ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.582
Поени од реакции
7.044
Честито и од мене...

Мислам дека и толку десеткувани што бевме на денешниов дуел, не разочаравме до толку против Ливерпул во неговиот prime на Енфилд. Колку за споредба со последниот меч на Жозе лани.

Ливерпул има низа недостатоци, штета што тие недостатоци не ги искористивме благодарение на лошите одлуки на Переира кога имавме доста простор во неколку контри и нашата сенилна десна страна.
 
Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.966
Поени од реакции
43.053
За мене овој Ливерпул е доста поимпресивен од тимот на Сити од претходните две сезони. Да, играа они ненормално добар фудбал, ама менталитетот, тимскиот дух, созреаноста што ја гледаме од овој Ливерпул на чело со Клоп сезонава (па и минатата) е нешто неверојатно. Мислам дека ќе ја завршат сезонава без пораз, а доколку се случи да изгубат баш ме интересира што натпревар ќе биде тоа.
Секоја чест :cuc:
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
4.991
Поени од реакции
7.302

Не баш, се изнапромашуваа Ливерпул, ретко им се случува ова, Јунајтед беше прегазен во поголем дел од натпреварот, имавте среќа денес, можеше тежок дебакл да биде.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
2.722
Поени од реакции
6.642
Да бев Клоп, ќе бев многу исфрустриран од играта на Ливерпул денес.

Мислам, победата е најважна, ќе си бидат шампиони, но имаше моменти што дури и мене како страствен мразач на Ливерпул ме вадеа од патики.
Напаѓачката тројка и нивното себичење, промашени зицери, излетувањата на Гомез, доминацијата од страна на Фред над средниот ред од Ливерпул, во добар дел од второ полувреме итн.
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
6.345
Поени од реакции
10.815
Во Рома беше зицераш.

Инаку какви 2 спринта извади човекот во 90та минута, како во 85та да влегол во игра.
Може ќе биде непопуларно мислењево, ама моментално ни еден од Мане, Салах и Фирмино ми нема добро изграден шут.
Кога и да ги гледам по 200 шанси креираат, а малце голови даваат.Денес според шансите минимум 4 требаше да им закачат на Јунјатед.
 
ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.582
Поени од реакции
7.044
Не баш, се изнапромашуваа Ливерпул, ретко им се случува ова, Јунајтед беше прегазен во поголем дел од натпреварот, имавте среќа денес, можеше тежок дебакл да биде.
Не сакам да го дискредитирам Ливерпул. Подобри беа и си победија заслужено. Шанси како шанси, и ние можевме да поентираме од ситуацијата на Марсиал или таа на Переира на пр. што значи дека и тие имаа среќа во тие ситуации. Тоа е фудбалот.

Јунајтед во моментов е десеткуван. Игра без најдобриот стрелец, игра без двајцата играчи кои треба да му бидат носители на средината и крпи со Фред и Матиќ на тие позиции принудно. Ливерпул е во најдобрата нивна фудбалска форма во последниве 30 години. Со оглед на сите околности, Јунајтед не изигра толку лоша партија како таа лани под Жозе на пример.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.245
Поени од реакции
4.223
За мене овој Ливерпул е доста поимпресивен од тимот на Сити од претходните две сезони. Да, играа они ненормално добар фудбал, ама менталитетот, тимскиот дух, созреаноста што ја гледаме од овој Ливерпул на чело со Клоп сезонава (па и минатата) е нешто неверојатно. Мислам дека ќе ја завршат сезонава без пораз, а доколку се случи да изгубат баш ме интересира што натпревар ќе биде тоа.
Секоја чест :cuc:

Кај Сити во гости? :) Ако веќе губат некаде таму е најверојатно...
 
Rosemberg

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
10.802
Поени од реакции
8.998
Може ќе биде непопуларно мислењево, ама моментално ни еден од Мане, Салах и Фирмино ми нема добро изграден шут.
Кога и да ги гледам по 200 шанси креираат, а малце голови даваат.Денес според шансите минимум 4 требаше да им закачат на Јунјатед.
Промашуваат премногу сите. Салах за мене уште е зицераш. 100 шанси му требаат. Денес можеше порано да ја реши
 
Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
30.799
Поени од реакции
76.654
Момци против мали деца, лабаво 100 - 0 можеше да биде. Овој Јунајтед нема што да бара на Енфилд.
 
Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.966
Поени од реакции
43.053
Кај Сити во гости? :) Ако веќе губат некаде таму е најверојатно...
Да, ама Сити воопшто не импресионира сезонава. Во првиот меѓусебен убаво се виде разликата. Играат во 32ро коло, а до тогаш не би ме чудело Ливерпул веќе да ја има осигурано титулата, ама не ми се верува да се опуштат, сигурно ќе сакаат најдобро што можат да одат до крај.

Liverpool’s record after 22 games is the best ever in Europe’s top five leagues

:cuc:
Ова од минатото коло беше мислам и сега ќе важи за секое наредно коло во кое ќе победат :D
 
На врв Bottom