Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.851
Поени од реакции
3.318
На Ливерпул ова му беше една од најслабите утакмици досега. Добро што тепаа на крај.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.090
Поени од реакции
16.458
Леле со овие офсајдите и ВАР линиите абе да ти се одмили и фудбал и све.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.278
Поени од реакции
6.535
Се приметуваше замор кај повеќето играчи на Ливерпул, посебно во второ полувреме. Арнолд и Робертсон не летаа напред како предходно. Иначе Ван Дајк направи јака грешка (не памтам кога предходно вака згрешил) и у ситуацијата ми делуваше ко да му откажаа нозе на момент од замор (не ми делуваше ко да се лизна). Тоа што не ми текнува кога предходно погрешил, кажува за какво играчиште станува збор. Предоминантен у воздушни дуели, пасот за Лалана врв.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.090
Поени од реакции
16.458
И Волфс денес слабо со шутирањата, имаа игра све ама све шо шутнаа над трибини заврши.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Коментари нешто за голов? Судија, прекин, нешто... не?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.557
Поени од реакции
13.887
Мислам дека вар нема да додржи многу време, барем во Англија. Ужасно е фрустрирачки да не можеш да се израдуваш за гол во нешто што е првенствено забава за народ. Од друга страна, ако го укинат, не ќе се трпат екипи ко реал со кражбите :D

Ептен голема дилема создава, но некако преовладува мислењето дека попрво ќе им опростиш грешка на судиите, отколку да гледаш утакмици без жар, без емоции.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Нема такво нешто ко поништен гол.. Поништени голови имаше пред ВАР. Голови чисти поништени и голови криминално нерегуларни признаени.
Со ВАР голот е нерегуларен со тоа не постои. Не е поништен регуларен гол..без разлика дали е еден или пет по ред у пет минути. Сеедно. Зборам само околу офсајд правилото. Можеме да плачеме дали било само со нокт или веѓа.. Правилото е стрикно и тука е границата. Или е, или не е, небитно колкав офсајд било.

Е сеа според мене може да има модификации од типот како со последнава ситуација со вулфс, офсајд од 5цм имаше ама не при дирекното постигнување на голот.. Тука би можело да има толеранција ама сепак да биде пак стрикно пропишано, особено ако играчот излага од офсајд а не влегува. Тука мислам има простор за оправка. Ако е при дирекно постигнување на голот толеранција нула.
Околу офсадот прилично е црно бело не знам зошто толку дискусија мене воопшто не ми смета. Некад е бизарно да, ама исправно. Жими таквото дека ја убивало играта. Гледам НБА е мртва џанам..

Се друго, игра со рака пенал глума има сеуште процент на слободна проценка во ситуации 50 50 и за тоа ајде разбирам. Ама за офсајд тоа е тоа
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Зошто при офсајд не ги гледаат стапалата и според тоа да судат? Сепак со нозе се игра, ептен глупо е да судиш офсајд а само мишката или малото прсте на раката му биле во офсајд.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

5 сантиметри офсајд нема шанси да се улови правилно. Не поради можноста и неможноста со линијата да се одреди кој е напред или назад, туку со бирање на кадрот на моментот кога топката се одвојува од копачката на тој што проигрува и местоположбата на примачот на топката. Жими неце, оти се толку прецизни и тука има импровизација!
Потребни се чипови во копачките и по површината на топката ако сакаме да ловиме сантиметарски офсајди, ова вака сега е лук и вода! Пак останува на проценка на ВАР судијата, единствена разлика е што малку по на раат ја анализира состојбата!
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Зошто при офсајд не ги гледаат стапалата и според тоа да судат? Сепак со нозе се игра, ептен глупо е да судиш офсајд а само мишката или малото прсте на раката му биле во офсајд.
Се гледа секој дел од телото со кој играчот може да постигне гол.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom