Premier League - Season 2018/2019

Шампион за 2018/2019 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    264
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989

На точно еден месец пред почетокот на англиската Премиер Лига време е полека нашите погледи да ги свртиме кон едно од најинтересните фудалски и спортски натпреварувања во светот.

Минатата сезона бевме сведоци на историја кога екипата на Манчестер Сити предводена од Пеп Гвардиола сруши голем број на рекорди во ова натпреварување. Тимот на граѓаните во голем дел останува несменет од минатата сезона па оттаму може да го сметаме тимот од синиот дел на Манчестер за главен фаворит за титула и во оваа сезона.


На последните три позиции во минатата сезона се најдоа ВБА, Стоук и Свонси, а на нивното место оваа сезона повторно ќе гледаме 2 англиски и една екипа од Велс.

Вулверхемптон имаа најдобра сезона во Чемпионшип лигата и заедно со второпласираниот Кардиф си го обезбедија правото да бидат дел од англиската фудбалска елита оваа сезона. Во плејофот најуспешен беше лондонски Фулам коj што после неколку годишна пауза се враќа во најквалитетното фудалско натпреварување во Англија. Доаѓањето на Фулам во лигата дефинитивно ќе ни донесе голем број на интересни лондонски дерби натпревари.


А ако Манчестер Сити се главните фаворити тогаш кои се екипите што ќе се обидат да му го земат скалпот на фудбалскиот Голијат од Манчестер?

Секако одговорот лежи во вообичаените осомничени.
Манчестер Јунајтед предводени од Мурињо и мултимилионскиот ростер ќе се обиде минатогодишното вицешампионско место да го замени со пласман на самиот врв. После сезона во која што црвените ѓаволи не освоија ниту една титула и покрај квалитетот на нивниот состав, дефинтивно ова треба да биде сезона во која што Мурињо и неговите играчи ќе треба екстра да загризат за да се доближат на граѓаните.

Вицепрвакот на Европа лани заврши трет во ЕПЛ, а притоа и стана екипата што им ги скрати соништата на Сити за станување на втор непоразен шампион во историјата на лигата. Предводени од Клоп и охрабрени од континенталниот успех минатата сезона фановите на Ливерпул дефинитивно ќе бидат гладни за уште една сезона во која што ќе имаат многу причини за славење.

Зад тројката од мината сезона ги имаме Тотенхем,Челзи и Арсенал. Екипи кои што првично би требало да бидат дел од рововската битка за пласман на првите 4 позиции што носат директен пласман во Лигата на Шампионите.

А кога сме кај ова натпреварување вреди да се напомене дека оваа сезона Англија ќе биде претставувана од Сити, Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем, а пак преставници во Лигата на Европа ќе бидат Челзи и Арсенал во групната фаза и Барнли кој што ќе проба да стигне до групите на ЛЕ преку квалификациите.

Кога сме кај топџиите мора да се напомене дека ова ќе бида прва сезона за тимот од Северен Лондон без Арсен Венгер. Дали Унаи Емери ќе биде добра замена за французинот или Арсенал ќе стане уште една "модерна" екипа која што редовно ќе има менаџерски промени останува да видиме.


За сите зависиници од Премиер лигата веќе е онлајн и овогодинешната сезона на најинтересната виртуелна игра базирана на вистински резултати - Fantasy Premier League

Предвесник на фудбалската 2018/2019 во Англија ќе биде и стандардниот Комјунити Шилд. Овогодинешниот KШ ќе се одигра на петти август (недела) во 16 часот по македонско време, а директен пренос ќе има на СК каналите.

За титулата ќе се борат Манчестер Сити (ЕПЛ шампиони) и Челзи (ФА Куп шампиони)


Интересното за оваа сезона е што за прв пат екипите не смеат да купуваат играчи откако ќе започне сезоната. Трансфер рокот за екипите завршува на 09.08.2018, односно на 2 дена пред почетокот на лигата.

За крај на темата немам ништо друго да додадам освен... сладете се!
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
852
Поени од реакции
451
Два коментари од фанови на Челзи и еден од фан на Ливерпул.
(Сум Ве погодил ли? )

Еве, поздрав за новата сезона (и тема) од фан на Манчестер Јунајтед.
Оваа ќе е нашата. Веројатно.

 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
652
Поени од реакции
516
Ццц уште прво мислење утнато.. Тотенхем 3ти беа. Кај можам да се пријавам за следната сезона да отворам тема? :D[DOUBLEPOST=1532091642][/DOUBLEPOST]И нека освој Манјчестер Јунајтед конечно :)
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Ај со среќа нека е,па скаузериве нека се израдуваат на титула годинава а ние да се уиграме па наредната :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Тргајте го Јунајтед од анкетава, осеќам годинава ќе бидеме како Полска во WW2, силувани од сите страни.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.007
As it stands, со денешниве ростери, на 20ти Јули, Сити и пул ке бијат битка за првите места. Јунајтед и Челси ке собираат трошки заедно со Тотенхем и Арсенал, во битка за топ 4.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Зошто бе у анкетава стои дека Мурињо тепа у втора сезона, а нему му е трета оваа?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Змејски ги побркал лекаствата. Ќе пишам јас да видам како ќе заврши трансфер периодов (надежно).
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.502
После сезона во која што црвените ѓаволи не освоија ниту една титула и покрај квалитетот на нивниот состав, дефинтивно ова треба да биде сезона во која што Мурињо и неговите играчи ќе треба екстра да загризат за да се доближат на граѓаните.




Ливерпул освојува, Сити ќе биде прочитан како селски буквар!!!
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Ќе биде интересна сезонава. Само Јунајтед од топ 6 екипите се сега со тренер кој преферира подефанзивен фудбал, па тоа би можело уште повеќе да допринесе за атрактивноста на лигата.
Во моментов Сити и Ливерпул се издвојуваат од другите како најсериозни кандидати за титулата. Сити само со Марез нема да добијат баш нешто ново во играта, но они и така имаа најдобар тим, не дека им требаа засилувања. Ливерпул одлично се засили и би требало сериозно да им се доближат на Сити во борбата за титула.
Другиве четири тимови освен ако не направат некој сериозен потег пред да почне сезонава, ќе се борат за останатите две позиции за во ЛШ.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Другиве четири тимови освен ако не направат некој сериозен потег пред да почне сезонава, ќе се борат за останатите две позиции за во ЛШ.
Кои се тие 4 екипи кои ќе се борат за двете позиции во ЛШ?

Мене како што ми изгледа работата Јунајтед, Сити и Ливерпул за титула, Арсенал и Тотенхем за последното место во ЛШ. Ако си замине Азар Челзи со Дринквотер, Педро и Бакајоко ќе се бори за сигурен пласман околу 10-та позиција.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom