Кои ви се скоро договорени?За нас во последен период трансферите се скоро договорени кога ќе почнат шпекулациите. На пр. Лукаку и Алексис како гром од ведро небо испаднаа. После СП ќе се официјализираат тие што се сега на СП скоро договорени, па до почеток на сезоната ќе биде хаос.
Имаше шпекулации за Фред уште од јануари, не се знаеше дали ќе оди во Сити или во Јунајтед.Ќе биде лудница тек после крајот на првенството, ќе видиш уште вечерта на 15 јули ќе се преплават медумите со секакви вести и шпекулации, оние преговори кои се прават сега, се прават во тајност без многу галама.
Арсенал конкретно не зима некои којзнае какви имиња, само пополнува дупки, гради стабилност, со новиот менаџер прво треба да се види како ќе фукцнионираат веќе постоечките главни играчи, плус се покажа дека клубот знае многу добро да одржува медиумски мрак, речиси неиден трансфер (ниту за Емери) не дознаа додека клубот не реши да пушти инфо.
Челзи се у некој чуден хаос, со Сари се на топло-ладно од мај, имаат шпекулации за заминување на најдобрите играчи, таму тек ќе станува интересно.
Ливерпул, Сити и Јунајтед очекувам после светското да почнат озбилно да бркаат и тоа квалитетни играчи, досега и Сити и Ливерпул ги развлекоа трансферите со Жоргињо, Марез и Фекир и тука ќе биде жестоко до последниот ден.
Јунајтед ми се енигма засега, го донесоа тој Фред или како беше, ниедна друга поозбилна шпекулација не сум прочитал, доста тивко и без помпа, нетипично за нив.
Општо мислев за ПЛ тимови во тој дел.Кои ви се скоро договорени?
На Сити прва опција им беше Жоржињо. Реално и немавте конкуренција за Фред од поголеми клубови. Може од послабите англиски тимови и некои кинески евентуално. Друго ништо.Имаше шпекулации за Фред уште од јануари, не се знаеше дали ќе оди во Сити или во Јунајтед.
Никаде не реков дека не им беше Жоржињо прва опција ама не е точно дека не го разгледуваа и Фред. Исто така не пишав никаде дека сме имале конкуренција за него, муабетот ми беше за шпекулациите, кои ги имаше од јануари навака.На Сити прва опција им беше Жоржињо. Реално и немавте конкуренција за Фред од поголеми клубови. Може од послабите англиски тимови и некои кинески евентуално. Друго ништо.
Нити јас не реков дека Сити не размислувале за Фред. Само кажав дека Жоржињо им стана прва опција сигурно кога почнале контактите и кога виделе дека можат да го потпишаат. Жоржињо е повеќе тип на играч за Пеп бидејќи побрзо ќе се вклопи зашто и во Наполи играше со посед многу. Чисто спомнав дека сте немале конкуренција бидејќи пиша дека не се знаело во кој Манчестер, а кога почнаа преговорите на Сити со Жоржињо се знаеше дека во Јунајтед му останува единствена опција на Фред од поголемите клубови што не значи дека нема да го биде ако сте немале конкуренција за негов потпис. И Ливерпул немаше сериозна конкуренција за Сала па ете го во топ 5 офанзивни играчи.Никаде не реков дека не им беше Жоржињо прва опција ама не е точно дека не го разгледуваа и Фред. Исто така не пишав никаде дека сме имале конкуренција за него, муабетот ми беше за шпекулациите.
Ние не ни верувавме дека ќе го земат Фред, мислевме им билдаат цена на Сити зошто не е типичен Мурињо профил на везњак, сфативме дека има интерес кога Срна на Инстаграм сними видео дека Фред оди во Манчестер ама ни сам не знае каде.
Е не знам тоа, не сум до толку упатена, само пренесов што пишуваа новинари кои ги покриваат двата МанчестериНити јас не реков дека Сити не размислувале за Фред. Само кажав дека Жоржињо им стана прва опција сигурно кога почнале контактите и кога виделе дека можат да го потпишаат. Жоржињо е повеќе тип на играч за Пеп бидејќи побрзо ќе се вклопи зашто и во Наполи играше со посед многу. Чисто спомнав дека сте немале конкуренција бидејќи пиша дека не се знаело во кој Манчестер, а кога почнаа преговорите на Сити со Жоржињо се знаеше дека во Јунајтед му останува единствена опција на Фред од поголемите клубови што не значи дека нема да го биде ако сте немале конкуренција за негов потпис. И Ливерпул немаше сериозна конкуренција за Сала па ете го во топ 5 офанзивни играчи.
Роналдо ако е глуп треба да се врати во Манчестер Јунајтед.