Premier League - Season 2016/2017

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кажи ми што не е точно. Посебно за Зума.
Како може Абрахам да е готов кога им е најголема надеж моментално и ете одат чекор по чекор со неговиот развој.

Ако си одат, кога ќе си одат еден по еден, тогаш збори ми ги овде. Засега воопшто не си во право и не можеш да збориш за Зума, Абрахам, Лофтус и Аина. Ако напредуваат ко што треба, со напорна работа, ќе играат во Челзи. Се зависи од нив.
На која телевизија ги гледате овие играчи за да процените што материјал има за прв тим.
Освен Зума кој колку толку поигра сите останати скапаа во Б тимот и за карлингтон помирисаа троа трева и тоа кога играа против екипи од дивизијата.
На нивни години Руни, Овен, Фаулер, Жерард, Гигс и да не редам беа носители на игра во клубовите.
Аке мене ми е тешка цепеница и ако го биваше ќе го земеа во некој поголем клуб.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307

Ок.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И мене Чалоба ми делуваше со нај нај акал и талент од сите овие (Зума го исклучувам зошто реално повредата го осакати, не е фер да го ставаме во исти кош а и беше купен, не е од школата). Квалитетот на Чемпионшип па е апла паднат, ако добро памтам и оној Бамфорд од Челзи таму беше најдобар или во топ 3 стрелци па во ПЛ се изгуби, не верувам ни Абрахам да доживее нешто поарна судбина. Ќе поминат скоро 10 години, 2008 беше мислам откако Челзи кажа дека ќе инвестира во младинските селекции, кога оддели Роман додатен буџет и за кадар и за услови ама се` уште се јалови обидите да произведе барем еден полуиграч, за првотимец да не правиме муабет.
 
Академијата ептен успешно работи, на младинско ниво се најдобри веќе 6-7 години, освојуваат лиги, ЛШ за млади, ФА Купот само они го освојуваат. Ама не е проблемот целосно во Челзи според мене. Со истото се соочуваат и другите топ клубови. Нема услови во Англија за успешно да прејдеш од младинско ниво, до нивото на првиот тим. А и нема простор првиот тим да експериментира и да им дава време на младинци доколку сака да се бори за сите трофеи. Јунајтед да беше во борба за титула и да немаше милион повреди тој период, да не ќе влезеше Рашфорд во прв тим? Тешко. Има мислам премногу младинци низ клубовиве на кои им е потребно само пола сезона константност во прв тим за да покажат дека се доволно добри, ама ретко кој ќе им го даде тоа.

Абрахам е ептен голем талент. Одлично се покажа за младинците, одлично се покажа лани во Чемпионшип. Ама и самиот клуб знае дека не е доволно тоа, па затоа се бараше ПЛ позајмица за сезонава, затоа што тоа нели треба да е последната пречка. Многу лесно може да го заборавиме, ама се од него зависи сега. Доколку се покаже добро и во ПЛ, ќе си добие шанса.

На Чалоба иначе му нудеа нов, доста добар договор, ама нормално дека не можат да му гарантираат дека ќе биде стандарден првотимец, па затоа реши да напушти сега затоа што стварно му е потребно константно да игра негде.
 
R

red.devil

Гостин
Кажи ми што не е точно. Посебно за Зума.
Како може Абрахам да е готов кога им е најголема надеж моментално и ете одат чекор по чекор со неговиот развој.

Ако си одат, кога ќе си одат еден по еден, тогаш збори ми ги овде. Засега воопшто не си во право и не можеш да збориш за Зума, Абрахам, Лофтус и Аина. Ако напредуваат ко што треба, со напорна работа, ќе играат во Челзи. Се зависи од нив.
Ти пишуваш најчесто од вашиот фан клуб па можам полесно потсвесно да ти ги памтам мислењата. Кажи ми, или па и не мора да ми кажиш - само размисли. Дали истово не си го зборел за Лукаку, Де Брујн, Стариџ, Аке, Траоре и еве Мусонда од овие што си заминале? И друго, како може бе секогаш да е до играчите кога ви се повторува истото срање? Утре ќе речиш ете и Абрахам не напредуваше како што треба па затоа не си во право, чекај да видиме што ќе стори наредното дете па тек тогаш. :)

На времето сите овие ти беа денешниот Абрахам. Можеби некој ќе успее да се избори за место ама засега бројката на сите Абрахами кои успеале за кои си пишал откако сум на форумов е НУЛА.
Верувај те разбирам до некаде оти и јас сум имал миленици од академијата и јасно ми е дека се талентирани дечки ама стварно треба упорност, ризик и жртвување за да ги претвориш во првотимци. Ризик што засега Челзи се плаши да го преземи.
 
W

wicked_1

Гостин
@red.devil како и по обичај се ти е измешано.

Сега си измешал играчи од академија, и играчи кои Челси ги купувал од други клубови.

Ти уопште знаеш ли какви проспекти беа Лукаку и Де Брујн пред да дојдат во Челси да ги споредуваш со Мусонда и Абрахам?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Академијата ептен успешно работи, на младинско ниво се најдобри веќе 6-7 години, освојуваат лиги, ЛШ за млади, ФА Купот само они го освојуваат. Ама не е проблемот целосно во Челзи според мене. Со истото се соочуваат и другите топ клубови. Нема услови во Англија за успешно да прејдеш од младинско ниво, до нивото на првиот тим. А и нема простор првиот тим да експериментира и да им дава време на младинци доколку сака да се бори за сите трофеи. Јунајтед да беше во борба за титула и да немаше милион повреди тој период, да не ќе влезеше Рашфорд во прв тим? Тешко. Има мислам премногу младинци низ клубовиве на кои им е потребно само пола сезона константност во прв тим за да покажат дека се доволно добри, ама ретко кој ќе им го даде тоа.

Абрахам е ептен голем талент. Одлично се покажа за младинците, одлично се покажа лани во Чемпионшип. Ама и самиот клуб знае дека не е доволно тоа, па затоа се бараше ПЛ позајмица за сезонава, затоа што тоа нели треба да е последната пречка. Многу лесно може да го заборавиме, ама се од него зависи сега. Доколку се покаже добро и во ПЛ, ќе си добие шанса.

На Чалоба иначе му нудеа нов, доста добар договор, ама нормално дека не можат да му гарантираат дека ќе биде стандарден првотимец, па затоа реши да напушти сега затоа што стварно му е потребно константно да игра негде.
Донев, успешноста на школата се гледа во вадењето на играчи. Јас не викам секоја сезона да вадат некого, ама џабе фрлањето толку пари ако од сите тие шампиони не се најде играч кадарен еве ајде не за Челзи, туку и за некој друг прволигаш. Па не мора еве Рашфорд да го тргнеме настрана, продукти на Манчестер се и Лингард, Погба, Кин што направи сега трансфер во Евертон, Дени Велбек, Џошуа Кинг, Том Хитон, Фрејзер Кембел, Зеки Фраерс, Том Клеверли, Дени Дринквотер, Дени Симпсон, Рон Роберт Цилер (мада замина од Лестер), Фабио, Гибсон, Флечер, Еванс, Шокрос итн. да не набројувам а сигурно има уште. Уствари еве ми текна сега дека Бертранд е ваш, сепак еден сте произвеле :D

И не се согласувам дека Челзи немал време или немал лоши периоди или немал период кога бил десеткуван со повреди па да не даде шанса некому. Си имавте и вие лоши сезони и делови од сезони кога клупата ви била се вакви некои без брада на ликот, само не добивале шанси. Дали е до менаџерите, дали толку имаат доверба во младите играчи, не би знаела да коментирам :icon_mrgr: За Абрахам ќе видиме, не велам дека сум убедена дека нема да го биде но само потенцирав дека Чемпионшип не е тоа што беше.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Ти пишуваш најчесто од вашиот фан клуб па можам полесно потсвесно да ти ги памтам мислењата. Кажи ми, или па и не мора да ми кажиш - само размисли. Дали истово не си го зборел за Лукаку, Де Брујн, Стариџ, Аке, Траоре и еве Мусонда од овие што си заминале? И друго, како може бе секогаш да е до играчите кога ви се повторува истото срање? Утре ќе речиш ете и Абрахам не напредуваше како што треба па затоа не си во право, чекај да видиме што ќе стори наредното дете па тек тогаш. :)

На времето сите овие ти беа денешниот Абрахам. Можеби некој ќе успее да се избори за место ама засега бројката на сите Абрахами кои успеале за кои си пишал откако сум на форумов е НУЛА.
Верувај те разбирам до некаде оти и јас сум имал миленици од академијата и јасно ми е дека се талентирани дечки ама стварно треба упорност, ризик и жртвување за да ги претвориш во првотимци. Ризик што засега Челзи се плаши да го преземи.
А како не зависи од нив? Еве му даваш шанса да отиде во помал клуб, без голем притисок и да ти покаже дека заслужува да игра за Челзи. Чија кривица е ако отиде во клуб како Вотфорд и не може ни за место на клупа да се избори? Дури и да е во Челзи, пак зависи од него, пак мора он да покаже на тренинг дали заслужува менаџерот да му даде шанса. Сигурно нема да му ја даде само затоа што јавноста го смета за голем талент.

Јас сакам да си ги фалам, и може и да форсирам тука, ама нормално дека сум свесен дека успех ќе биде 1 од 100 да успее. Едно е како младинец да се издвојуваш помеѓу деца, а скроз друго е да се пробиеш во прв тим во клуб од кој се очекуваат трофеи секоја сезона. И во сите клубови има вакви играчи и сите си ги фалиме и се надеваме дека ќе успеат, така да не гледам како јас сум посебен :D

Еве сезонава Кристенсен има шанса да се пробие во прв тим. Имаше ептен успешна двегодишна позајмица, клубот го гледа веќе долго време како голема надеж, и верувам дека и Конте е запознаен со тоа. Ама сега треба поради тоа одма да го игра во прв тим, или на него е да се труди на тренинзи и да се избори за место во тимот?
Исто и на Мусонда ќе му се даде шанса. Му дадоа и бројка (17), и има шанси доколку го импресионира Конте, да остане и да биде дел од првиот тим сезонава.

Секако, можно е и двајцата да не се во Челзи на први септември, ама сето тоа зависи од тоа како они самите ќе се покажат на подготовките.
Донев, успешноста на школата се гледа во вадењето на играчи. Јас не викам секоја сезона да вадат некого, ама џабе фрлањето толку пари ако од сите тие шампиони не се најде играч кадарен еве ајде не за Челзи, туку и за некој друг прволигаш. Па не мора еве Рашфорд да го тргнеме настрана, продукти на Манчестер се и Лингард, Погба, Кин што направи сега трансфер во Евертон, Дени Велбек, Џошуа Кинг, Том Хитон, Фрејзер Кембел, Зеки Фраерс, Том Клеверли, Дени Дринквотер, Дени Симпсон, Рон Роберт Цилер (мада замина од Лестер), Фабио, Гибсон, Флечер, Еванс, Шокрос итн. да не набројувам а сигурно има уште. Уствари еве ми текна сега дека Бертранд е ваш, сепак еден сте произвеле :D

И не се согласувам дека Челзи немал време или немал лоши периоди или немал период кога бил десеткуван со повреди па да не даде шанса некому. Си имавте и вие лоши сезони и делови од сезони кога клупата ви била се вакви некои без брада на ликот, само не добивале шанси. Дали е до менаџерите, дали толку имаат доверба во младите играчи, не би знаела да коментирам :icon_mrgr: За Абрахам ќе видиме, не велам дека сум убедена дека нема да го биде но само потенцирав дека Чемпионшип не е тоа што беше.
Проблемот е во тоа што во Челзи менаџерот е под константен притисок и никој не би ризикувал да игра со младинци кога знае дека ако нареди 3-4 лоши резултати, ќе лета. Хидинк ете без притисок беше лани, па им даваше повеќе шанси на Лофтус, Траоре...
Работата на академијата може да се каже дека е нов проект, така да сега наредниве години верувам дека ќе има многу повеќе играчи кои ете бар во ПЛ ќе играат по други тимови. Освен Бертранд тука се и Џек Корк и Ван Анхолт. Може има и уште некој, ама не ми текнува сега.
 
W

wicked_1

Гостин
Донев, успешноста на школата се гледа во вадењето на играчи. Јас не викам секоја сезона да вадат некого, ама џабе фрлањето толку пари ако од сите тие шампиони не се најде играч кадарен еве ајде не за Челзи, туку и за некој друг прволигаш. Па не мора еве Рашфорд да го тргнеме настрана, продукти на Манчестер се и Лингард, Погба, Кин што направи сега трансфер во Евертон, Дени Велбек, Џошуа Кинг, Том Хитон, Фрејзер Кембел, Зеки Фраерс, Том Клеверли, Дени Дринквотер, Дени Симпсон, Рон Роберт Цилер (мада замина од Лестер), Фабио, Гибсон, Флечер, Еванс, Шокрос итн. да не набројувам а сигурно има уште. Уствари еве ми текна сега дека Бертранд е ваш, сепак еден сте произвеле :D

И не се согласувам дека Челзи немал време или немал лоши периоди или немал период кога бил десеткуван со повреди па да не даде шанса некому. Си имавте и вие лоши сезони и делови од сезони кога клупата ви била се вакви некои без брада на ликот, само не добивале шанси. Дали е до менаџерите, дали толку имаат доверба во младите играчи, не би знаела да коментирам :icon_mrgr: За Абрахам ќе видиме, не велам дека сум убедена дека нема да го биде но само потенцирав дека Чемпионшип не е тоа што беше.
По теркот на ред девил, 70% од овие што ги наброја горе се пропаднати таленти пошто нели беа избркани како кучиња од манчестер. :D
 
R

red.devil

Гостин
@red.devil како и по обичај се ти е измешано.

Сега си измешал играчи од академија, и играчи кои Челси ги купувал од други клубови.

Ти уопште знаеш ли какви проспекти беа Лукаку и Де Брујн пред да дојдат во Челси да ги споредуваш со Мусонда и Абрахам?
Какви беа? Сериозно те прашувам дали ги сметаш за поталентирани и или не?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
По теркот на ред девил, 70% од овие што ги наброја горе се пропаднати таленти пошто нели беа избркани како кучиња од манчестер. :D
Може различни критериуми имаме, што знам, за мене нема ништо лошо во тоа да си респектабилен играч за некоја екипа од прва лига. За Де Брујне, Куртоа, Лукаку нема збор, не е исто, таа сезона Челзи изнакупи добри таленти, player recruitment-от поготово таа сезона беше на ниво со АВБ, може беше цепаница за менаџер ама што е право, право е, донесе навистина одбрани таленти кои и по Челзи си го пробија патот.
 
R

red.devil

Гостин
@Донев па посебен си во форсирањето, така и започна дискусијава. Фаца за големи нешта, запомнете го името на Соланке, Траоре, Аке итн... Тоа те прави посебен и се лутиш кога ќе те зафркава некој а од друга страна прајш ремет за јутјуб видеа на индијци.:)

За кривицата, јас сметам дека е обострана. Не ти го кажувам ова зошто сега е муабетот за Челзи туку истото го зборам и за Јунајтед. Не знам како очекуваш од тинејџер да докажува дали вреди кога се шалта од тим во тим секоја сезона, од еден систем во друг. Ментално се челичи, верувам во тоа ама во перфоманси стагнира оти нема време да се привикни. Тоа е кривицата на клубот. Од друга страна кривица на играчот ќе е ако му даде шанса клубот и овој почне да се понаша како господ за јајца да го фатил. Тоа е мое размислување.

Кога сме кај тоа кај Јунајтед има и друг проблем. Сакаат да даваат шанса на таленти ама немаат трпение. Значи повеќе што ме нервира од неиграње таленти кога долгорочно бенефитот ќе е поголем (замисли само да ги имаа Марсијал и Рашфорд минутите на Ибрахимовиќ лани) е да ги менуваш талентите секоја сезона и да мислиш дека тој што си го земал од Монако или Ајакс е поголем од тој што ти седи на клупа или си го пратил во мртвиот Сандерленд.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Време е со мојот коментар да се заклучи оваа тема :icon_lol:
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Админи ајде реагирајте и бан да добие овој
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom