Најјаки две работи за кои се коментираше во текот на цела сезона низ форумов:
1. Канте е појак од Погба
2.Погба не чини за парите
Абе не дека сум фан на Јунајтед али ни еден Реал не можеше да си го дозволи Погба кој очајно го сакаше, а доколку ги имаше тие 100 милиони на располагање, Јунајтед плус ќе додадеше само за да го земат затоа што знаат колку вреди и дека го има потенцијалот да стане најдобар играч во светот.
Канте не е ич лош, напротив одличен играч е, трудољубив, се бори за секоја топка на терен, трча како за двајца, али не може да се споредува со Погба кој има визија за игра како да се постави, а тоа што безброј шанси не искористија неговите соиграчи за гол е нивна вина.
Онаков играч како Погба на оние години да ја контролира средината нема во ниедна екипа, а во секоја екипа би се вклопил кај и да биде.Тоа за Канте не можам да го кажам затоа што му треба поткрепа од други соиграчи да ја тераат топката напред.
Она што го игра Канте во Челзи, требаше да го игра Фелаини, затоа го зедоа Јунајтед и плус има висината за да зема воздушни дуели, али сите знаеме каков играч е сеа ако може да се нарече играч.
Со теков на сезоните и тоа како ќе се види која е разликата меѓу Погба и Канте и кој е покорисен за екипата.
П.С. Челзи како балон истуши вчера, изгледа толку им беа силите.