- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.787
- Поени од реакции
- 120.536
Ти ја сфаќам поентата и си во право, ама јас лично уште кога ги комплетираа трансферите пишував дека не ми мириса на добро работата. Жими се, не можам да разберам како е можно некој да даде 150м за Исак со една добра сезона у животот и историјат на повреди како Раде Штекли што има криминално досие. Можам да набројам 10тина подобри напаѓачи од него во моментов, а не вредат ни приближно колку него. Екитике 90м, окееееееј, од Франкфурт последниве 7-8 години имаат искочено 5-6 напаѓачи од кои сите имаат допрено дно во клубовите каде отишле, Лука Јовиќ, Андре Силва и да не терам даље. Мислам, не знам, можеби ќе биде топ играчот, еве за сеа ок тера, ама брате 90м..., у реду е.Бизарен трансфер пазар, и некако подобро им одеше со играчи што се на прагот да бидат класа играчи, наместо купување на готов производ.
Натрупаа премногу играчи напред, а со тоа направија дисбаланс во тимот. Средината им е климава, немаат адекватни замени за стартерите, особено на позицијата кај Гравенберх, одбраната да не зборам, тимот е со 4 класични штопери од кои едниот е 18 годишно дете што дојде од Серија А играјќи за тим што се бори за опстанок и ете го одма скина лигаменти на колено па така сеа се само со тројца штопери, ВВД, Конате и Гомез, толку, ако рикне некој од првите двајца ќе испаднат од лига, а и со нив се ептен климави.
Заебаа работа што пазареа безглаво и потрошија премногу пари, плус ова со Жота ги утепа психички. Мислам дека нема теорија да бидат шампиони годинава, не гледам едноставно како ќе го направат тоа.




Жицкамо петарда и отказ.