- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 2.314
- Поени од реакции
- 5.340
PREMIER LEAGUE 2023/24
Најпрво огромна благодарност до жабарите од Малта, Билимбегово и СинѓелиЌ на форумов што ја водеа биткана и за нас против тиранијата. Ние тука како што сме депремирани од доминацијата на Сити и да ни ја избришеа тотално темата немаше да се побуниме. Во последните сезона две дискусијата на тема ПЛ е падната ама оваа година отвараме тема со надеж на подобро.
Нормално темава треба да се започне со честитки до фановите на минатогодишниот шампион Сити (звук од штурци во позадина), дечките од плавиот дел се надмина себеси и успеа да застанат во друштво со бебињата на САФ како единствени англиски екипи кои освоиле триплете. Како и секогаш битката со нив трае негде до последните два месеца кога противникот пука и не може да му парира на тоа јако темпо. Во минатото тоа беше Ливерпул, лани беше Арсенал. Тука се и момците од источен Лондон, Вест Хем, кои донесоа уште еден европски трофеј (Конферециска лига) на островот и тоа со одличен учинок, без пораз со само едно нерешено. Мики маус заврши во рацете на Тен Хаг и црвените од Манчестер како потик за во иднина.
За жал од лигата ни испадна екипата која ни ги освојуваше срцата нас и ширум светот во последните неколку сезони, Лестер. Лисиците не успеа да ја преживеат турбулентната сезона во која западна во финанскиска криза и решија да не пазарат многу, што резултираше со огромен пад. Со нив испадна уште една стандардна премиерлигашка екипа Саутемтон, како и големиот во минатото Лидс.
Во новата сезона друштво ќе ни прават веќе добри познатите Барнли, Шефилд како и за прв пат во историјата Лутон. Малите од Лутон успеа само од неколку сезони да се изникнат од 5 лига до најсилната лига во светот.
Почнуваме со кој друг ако не со шампионот Сити. Пеп во последните години ги затнува устите на сите критичари, посебно со ланското триплете. Многумина го мразат ама сите се сложни дека е најдобриот тренер во последните 15год. Секоја година со нова новина и секогаш другите пробуваат да го копираат за да можат да го следат нивото кое го наметнува. Лани тоа беше ротацијата во тек на натпревар на Стоунс од стопер во среден играч, ќе видиме годинава што ново ќе биде. Веќе почнаа тренери како Артета и Клоп да ја воведуваат таа новина и во своите редови.
Сити оваа година кон историска четврта титула по ред во ПЛ ќе иде со речиси ист состав. Промена има само во релација Гундоган - Ковачич, како и заминувањето на Марез по печалба. Сите сме свесни за големата улога што ја имаше Гундоган кај Пеп, додуша тоа и му беше и првиот трансфер по доаѓањето во Сити. Но сите знаеме дека ќе го извади максимумот од Ковачич и дека разликата нема да се примети. Ќе видиме до крајот на летото дали ќе се испазари уште нешто, најсеризоно име кое се спомнува е Гвардиол. Но едно е сигурно, Сити повторно е главен фаворит не само за титула.
Во минатогодишната сезона најголемо изненадување беше Арсенал. Послем бламовите што ги имаше Артета во претходните сезони лани докажа зошто во Арсенал му веруваа и дадоа подолго време. Воведе еден стил на игра сличен на неговиот учител Пеп, но со неколку свои детали. Лани го водеа колото скоро до самиот крај, но на крај слабата клупа и неискуството иm пресуди. Годинава очекуваме многу повеќе од нив, нормално и поради самиот факт што е екипа што потроши најмногу на пазарот до сега. Го срушија својот рекорд како и рекордот за најскап англичанец со купувањето Рајс за 116мил. Го донесоа Хавертц од Арсенал и сите очекуваат да видат што ќе прави Артета со него. Како и Тимбер од Ајакс, тој трансфер треба да им е значаен зошто лани баш со повредата на Салиба одбраната им се распадна. Си замина капитенот Џака, со солзи во очите навивачите го испраќаа братот. Арсенал сезонава треба да биде екипа најинтересна за следење и скоро сите навиват да ја бутнат домианцијава на Сити.
Ливерпул послем катастрофалиот есенски дел од сезоната влегува во новата сезона со добра форма од ланскиот пролетен дел.. Ќе видиме дали Клоп успеал да ги мотивира своите играчи послем финалето во ЛШ од пред една сезона и губењето титула во последните 10мин во ПЛ, бидејќи лани тоа им беше најголем проблем заедно со повредите. Заминаа неколку искусни фудбалери како легендите Хендерсон, Милнер и Фирмињо, замина Фабињо како и Кеита на кои повредите не му дадоа шанса. Донесоа брилијтани млади фудбалери и иднина на фудбалот како Мекалистер и Шобослаи. Но повторно клупата е тенка и фали замена за Хендерсон и Фабињо кои го држеа задниот дел од средниот ред. Има време до крајот на трансфер рокот па би требало да се донесе нивна замена. Но знаејќи го Клоп ништо чудно типот и само со Ван Дајк позади да игра. Се чека да видме нешто и од ланското големо засилувањето Дарвин Нунез кој требаше да биде конкуренција на Халанд но лани имаше блам од сезона.
Јунајтед, ах тој Јунајтед. Ќе видиме дали во новата сезона нешто се сменило и ќе продолжат таму каде што застанаа со Тен Хаг или пак повторно ќе има назадување и сталните муабети дека им фалат уште три играчи и ќе биде се океј. Послем децениска работа со Де Геа решија да стават крај на својата соработка. Им требаше промена во начинот на игра на голманот и решија таа промена да ја направат со Онана, да напоменам Онана е црнец. Го донесоа Маунт од Челзи и исто како Хавертц во Арснеал во очекување сме каде ќе биде сместен тој играч. Во очекување сме да се комплетира трансферот на Хојлунд, нова идна ѕвезда на европскиот фудбал. А да ќе заборавев Еванс се врати, реално појачување е тоа во споредба со Мегваер, Линделоф и компанија. Се ослободија од Џонс, Телеш, Еланга, а Сабитзер и големиот Воут Вергхост се вратија назад во своите клубови. Најголем трансфер за нив летово би бил продажбата на Мегваер, ама па Мегваер не се дава лесно. Не се предавај друже со тебе сме.
Челзи, нивната состојба ни самите не би можеле да ја опишат. Од кога им направија денафикација, демилитаризација и го избркаа Роман, најдобро нешто што му се случило на клубот клубот го зема Тод Боели. Тој Боели реши да си игра фудбал менаџер, да си отпушта тренери и да го купува светот. Челзи од конкурент на Сити и Ливерпул, заврши како најслаба екипа од големата седмица по ново. Летово решија да зачистат во своите редови и се ослободија од еден куп играчи, Маунт, Хавертц, Пулишич, Менди, Кулибали, Канте, Лофтус Чик, Азпиликвета, Обемејанг, Феликс и пробуваат негде да го тупнат Лукаку. Донесоа неколку нивни замени како Нкунку, Дисаси, Џексон, Анџело и вој петиот ни од дома не можат да го прочитаат. Тешка сезона го очекува Покетино зошто реално тимот делува многу небалансиран и искрено би било нефер ако му пресудат веднаш. Треба време за овој тим да се среди.
Тотенхем, слободен пад имаат кокошките. Послем финалето во ЛШ и отпуштањето на Покетино тимот ја бара својата игра. Некако успеваа да се тупнат до тоа четврто место, но лани и тоа го изгубија. Го земаа Медисон од Лестер и ги одкупија договорите на Кулушевски и Педро Поро. Но најголем проблем моментално им е состојбата со Кејн, дали тој ќе си замине или не. Кејн е one man show во тимот и без него тимот би гледал кон тешка иднина. Реално во тимот фалат премногу квалитетни играчи и моментално може да се каже дека овој клуб е најслаб од оваа голема 7ца. Имаат нов тренер во името на Постекоглу, анонимен тренер кој дојде од Селтик. Дали би го издржрил притисокот ќе видиме, според мене не верувам.
Њукасл, имаме нов клуб во елитата. Послем купувањето од арапи никој не очекуваше тимот да напредне толку брзо. Еди Хау е тренериште и успеа од екипа за опстанок да направи екипа што ќе игра во ЛШ. Нормално се фрлија многу пари лани, но сепак никој не очекуваше од ваков пробив. Оваа лето се малце потивки, за сега го земаа Тонали од Милан и во прашање е дали овој играч ќе успее тука, знаејќи каква историја имаат италјанци во ПЛ. Во екипата се приклучи и Харви Барнс како замена за Саинт Максиман кој замина на печалба. Екипата ја напушти и копачот Крис Вуд. Сите сакаме да видиме како ќе изгледа Њукасл во новата сезона и дали ќе ја повторат ланската.
Во друштвото ќе ги додадам и Астон Вила. Екипата од Бирмингем со голема историја по доаѓањето на Емири се препороди. Емири им покажува на сите дека е квалитетен тренер и умее да направи од ништо. нешто. Вила направија сосема солиден тим, дојдоа Тилеманс, Диаби и Пау Торес. Ако ги додадеме и играчите што веќе ги имаа они се серизони претенденти да направат изненадување.
Во позадина ќе ги спомнам Брајтон на Де Зерби и Барнли на Компани. Брајтон лани беше најсимпатичната за пратење, нивните уткамица беа милина за гледање. Не очекувам ништо помалце ни оваа година. Компани па од друга страна успеа да го смени начисто стилот на игра кој Барнли го практиува. Од дефанзивниот пристап на Шон Дајч до школата на Сити.
Распоредот може да си го најдете на гугл, а и да го видите сигурен сум дека ќе го заборавите во истата секунда.
И за крај не заборавајте во недела 06/08 се игра community shield. Бранителот Сити ќе ги измери силите со второпласираниот Арсенал и ќе ни покаже слика кој до каде е моментално.
Последно уредено: