ПРАВИЛА НА KAJGANA SONG CONTEST НАТПРЕВАРИТЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
16.659
Поени од реакции
41.715
Локација
Скопје
1. Исто како и на сите други натпревари на форумов, и тука нема да има никакви материјални награди.

2. Целта на натпреварот е - забава, и споделување на добра музика. Ова го напоменувам за да не бидат премногу сериозно сфатени натпреварите.

3. Музиката што ја споделувате не треба да биде ваше дело (иако добредојдени ќе бидат и авторски композиции на членовите на форумов, доклоку постојат такви). Значи може да споделите и да учествувате во натпреварот со која композиција сакате!

4. Песните ќе се споделуваат по теми. Секоја тема ја задава победникот на претходниот натпревар! Темите може да бидат секакви - од музика од некоја определена држава, преку песни од определен жанр, песни со некоја посебна намена (како на пример: најдобра спортска химна, или најдобра песна од Евросонг, или најдобра cover верзија, најдобра изведба од талент шоу, најдобра песна од еден конкретен изведувач...) итн.

5. Песните кои не одговараат на зададената тема, ќе бидат автоматски дисквалификувани од натпреварот.

6. Секоја тема се задава во недела вечер, или најдоцна до понеделник вечер, и споделувањето на видеата ќе трае до четврток вечер, кога започнува гласањето. Гласањето ќе трае до недела, кога ќе бидат објавени резултатите, и ќе може да започне новиот избор. Ако не можете да отворите тема, без разлика дали нов натпревар или тема за гласање, контактирајте ги @Darklady или @Zlatikevichius . Доколку победникот на темата не успее до понеделник вечер да отвори тема, @Darklady или јас одлучуваме дали ќе дадеме простор на второпласираниот да отвори тема, или ќе ги преземеме работите во свои раце и ќе отвориме нов натпревар ние.

7. Дискреционо право на победникот, т.е. на отворачот на темата е да ги дополни правилата за конкретната тема - пр. не сака одредена песна да се натпреварува, не сака постари песни од одредена година да се натпреваруваат, или да исклучи песни од одреден изведувач... Исто така, победникот одлучува како ќе се гласа: дали за 1, 2, 5, 15 песни, или можеби со бодување: 3, 2, 1 гласа или по евровизиски принцип.

8. Можност за гласање имаат сите членови на Кајгана форум.

9. Немојте да гласате за песната која вие сами сте ја пријавиле. Во случај ако го направите тоа и таа песна победи или има еден глас предност (вашиот) во однос на второпласираната, модераторите или отворачот на темата имаат право да го поништат тој глас и да победи второпласираниот.

10. Секој учесник може да учествува со само една пријавена композиција во еден натпревар. Доколку сам не се изјасни со која, а постирал повеќе песни во темата, ќе учествува со таа која ја пријавил прва.

11. Пред да гласате, ве молам преслушајте ги сите испратени песни.

12. Сите претходни натпревари и победничките песни од истите може да ги најдете ВО ОВАА ТЕМА. Бидете креативни, кога отворате тема за нов натпревар одберете некоја која сме ја немале претходно.

13. ОВА МОРАМ ДА ГО ПОТЕНЦИРАМ СО ГОЛЕМИ БУКВИ ЗАШТО НАВИСТИНА МИ Е ВАЖНО: ПОБЕДНИЧКИТЕ ПЕСНИ НА ПРЕТХОДНИТЕ НАТПРЕВАРИ НЕ МОЖАТ ДА УЧЕСТВУВААТ ПАК! Ако се случи некој да пријави некоја песна која претходно победила, никој не забележи и истата победи пак, модераторите може да му ја одземат победата на натпреварувачот кој ја пријавил таа песна и да ја доделат на второпласираниот.

_____________________________________________________________
Малку историја: првиот KSC натпревар беше отворен на 2 март 2014 година. Од тогаш со овој момент кога го пишувам ова, вкупно 350 натпревари се завршени и трае 351. Повеќе од 11 и пол години традиција на форумот. Па да дочекаме и илјадарка, и повеќе!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom