Последниот крик на Централниот регистар

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Хм, сигурно може по пошта?

Туку, на мене не ми го отвара ПП образецот (ми се појавува празна страна). Дали е до мене или сите го имате тој проблем?
Koлку што јас разбирам во администрација, а тоа разбирање и не е баш скромно, секој поднесок може да се поднесе лично, а може и преку пошта, со тоа што денот на предавањето во пошта се смета за ден на доставата, а не денот кога ЦР ќе го прими барањето.
Значи, може барање да пратиш и на 31.03, они да го добијат на 3.04, и пак да биде навремено.
Не гледам причина зошто по пошта не би можело да се поднесе такво барање...
 
А зашто им е потребна електронската адреса ?
 
Сепак, најголем парадокс е што ова се случува во месец Март ..лето Господово 2011.., на почетокот од втората деценија на 21 век, во Македонија која , ако добро сум слушнал од тоа рекламите на ВЛАДАТА, е земја најпокриена со Wi-Fi мрежа на свет, па во секое забутано село има скапо платен киоск-терминал, каде секое дете седи пред монитор у школо, пола од нив и дома, а има и министер за информатика....додуша копиљ кој уште мисриса на мајчино млеко и така и се однесува смислувајќи информатички небулози, иако за воља на вистината, многу други РАЗВИЕНИ земји ни таков немаат, ич да не спомнуваме што наместо школски табли детево купи интерактивни панели...итн.итн.
Демек у таа земја МОРАШ да отидеш во стадо, па да се буткаш , да чекаш на ред за да дадеш лист хартија, на некој шалтер на кој те гледаат како да си им убил некого, па другиот ден да одиш да си стоиш и да чулиш уши за да чуеш кога ќе те прозват..., а притоа за цело време светите крави буџетски те третираат како последен испрдок... :)
Веројатно сум ја погрешил земјата..., ова не може да биде онаа Македонија која струмикс ја опиша...и во која владеат преродбеници :)

Јас ништо не опишав дека тече мед и млеко, туку напротив!
Во мојот случај ми е полесно ( и поефтино) да одам до ЦР, отколку да праќам писма.
Но баш заради тоа... дека се прават митинзи на места кадешто не треба да ги има, поелегантно ми е по пошта да си поднесам каков и да било поднесок.
Таква е мојата пракса...за жал.
 
Јас ништо не опишав дека тече мед и млеко, туку напротив!
Во мојот случај ми е полесно ( и поефтино) да одам до ЦР, отколку да праќам писма.
Но баш заради тоа... дека се прават митинзи на места кадешто не треба да ги има, поелегантно ми е по пошта да си поднесам каков и да било поднесок.
Таква е мојата пракса...за жал.

Хмммм..., а ќе потече ли некогаш тој мед и млеко...или и ние ќе си бидеме...... 147 генерација која НЕМА ДА СЕ ОБЛАЖИ со мааалку меддче??? :)
Не сум знаел дека можело преку пошта, иако откако бев пред некое време во поштата 2 во Скопје , по некоја затурена пратка и со претходното EMS језиво искуство, ни
скапан патлиџан не би пратил по македонска пошта , а не пак писмо до ЦР :) ..................па после ......додека се објаснам да ме репнат 1000 евра казна...:)
 
Бетончо, од казна секако ќе се извадиш, бидејќи ќе си имаш доказ дека си пратил писмо до ЦР (препорачано па и со повратница)...
А за медот и млекото... дали ќе потече... јас велам МОЖЕБИ!
Ако, и само ако се најде некој доволно храбар, и доволно силен да дојде таму кајшто треба, и со силна волја да ги промени работите од корен.
Ама...засега таков нема на хоризонтот. Или барем јас таков не гледам.
 
Ќе потече,ќе потече само отворете ја устата пошироко :icon_lol:
 
Разбирам дека песимистите се всушност добро информирани реалисти...ама ај да посонуваме малце :)
 
ej ke se otrujam
jas sum nadvor od MKD
a kakva treba da bide adresata
da ne treba i sajt da se pravi
ccccccccccccccccccccccc kade ziveeme
 
Ќе потече,ќе потече само отворете ја устата пошироко :icon_lol:

незнам што фирма имаш, и колку вработени имаш али тешко на вработените со тебе на чело, како што си играте со нив така и државата со вас си игра,
И немој тоа не сте знаеле дека емаил не требало пошто другарми во петокот му кажале дека емаил ке му треба за неговата фирма..
 
Разбирам дека песимистите се всушност добро информирани реалисти...ама ај да посонуваме малце :)

Песимист е оптимист со големо искуство :)

--- надополнето ---

За пријавувањето на e-mail адресата не е потребно да се плаќа само имателот на фирмата има обрска да го достави податокот до 01.04.2011 во спротивно следи парична казна.
 
се донесуваат закони набрзинка, за да се има подлога за пишување казни... ММЕ... ке се симнат ли овие од власт више еднаш... ке прекине ли некогаш оваа агонија во државава од вакв срања?
 
Не можам да го најдам линкот од весник случајно слушнав на онаа глупана емисија што се јавуваат рано насабајле татко ми што ја гледа читаше таму тој водителот дека казната не е 500 туку 1600 денари, дај не знам да не беше Вест.....

Најдов 500 денари било ама 1500 евра казната:

Датум: 21.03.2011, 09:37
Или имејл-адреса или 1.500 евра казна
ED2C81372C80DC409A95C44821118969.jpg

Според Законот, околу 60.000 компании од земјава имаат уште десетина дена да пријават имејл-адреса за да не заработат казна
Компаниите што до крајот на месецов нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар може да заработат казна од најмногу 1.500 евра. Оваа новина произлезе од измените во Законот за едношалтерскиот систем, кој неодамна стапи во сила.

Голем број фирми во земјава прв пат слушаат за оваа новина. Според Законот, околу 60.000 компании во земјава имаат уште десетина дена да пријават имејл-адреса за да не заработат казна. Тоа, наместо електронски, мора да се изврши на шалтерите на Централниот регистар. Компаниите реагираат дека не се информирани и дека повеќето од нив не комуницираат електронски.

- Ова ми го испрати сметководителот и се вчудовидев. За 10 дена треба да пријавам електронска адреса за да не ме казнат. Ова го има само во луда држава. Секој ден се менуваат закони, се тресат казни од ракав, со цел побрзо да се полни државната каса. Никој од моите колеги не е информиран, па морам јас да ги известувам за да не бидат казнети. Смешно е што меѓу нив има и постари лица кои не знаат да користат тастатура, а не пак интернет. Ова можеше посуптилно да се изведе, без постојано да ни се закануваат со казни - вели еден стопанственик кој инсистираше да остане анонимен.

Има и такви што воопшто не знаат дека ваква законска новина е донесена.

- Прв пат слушам. Ќе се јавам кај мојот сметководител дали тој знае нешто за тоа - е почестиот одговор што го добивме од фирмите со кои контактиравме.

Интересно е што и поголем број од сметководствените бироа во земјава не се информирани за ова.

- Па ова не е фер. Не можеме ние постојано да следиме што се менува. Законите се менуваат секојдневно и ова не е издржливо, с` нешто ново се бара од компаниите, а во спротивно се закануваат со казни - велат од сметководственото биро со кое контактиравме.

За законските новини компаниите се известени само со едно соопштение на интернет-страницата на Централниот регистар.

„Се известуваат сите субјекти запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица дека согласно Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, кој стапи во сила на 25 февруари 2011 година, субјектите запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица имаат обврска најдоцна до 1 април 2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче (е-маил адреса) за достава на писмена и други податоци кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерски систем“, стои во известувањето.

Целта на ваквото решение е да се намалат трошоците за достава на известувањата и на документите од Централниот регистар. Оттаму информираат дека пријавата на имејл-адресите се врши со пополнување едноставен образец и додаваат дека до 1 април пријавувањето е бесплатно, а дека подоцна ќе чини 500 денари.

Инаку, Законот предвидува глоба од 500 до 1.000 евра за компанијата и глоба од 250 до 500 евра за управителите на фирмите што нема да ја исполнат оваа законска обврска.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E72992D75072904BBF694351D3767EC7

--- надополнето ---

Аууууууу овај истиот линк на почеток што беше дајте бе од денешен весник...
 
Го пролонгираат рокот во следните месеци за пријава на мејл,зошто сфатиле дека се создава гужва во централен.Колку е тоа тешко да се сфати:)
Овие гарант не читаат.
 
Го пролонгираат рокот во следните месеци за пријава на мејл,зошто сфатиле дека се создава гужва во централен.Колку е тоа тешко да се сфати:)
Овие гарант не читаат.

не се занесувај, да ја читаат економија овде....до сеа ќе излезевме од глибот барем до појас, а не уште да тонеме.... мојон пријател од Џепчиште кој работи во Швица...уплав го фатило денес на пазар у Тетово :)
.............хе, хе.......... ова со ујп сали за митинзи, авантуристички сафари со цели плати, е-маил адреси, мрачни фаци по шалтери и слично, веќе станува фолклор....кај и да е ќе почне некој да организира туристички тури по Европа со пакетот за ДО ПЕКОЛОТ И НАЗАД!!!!.....дечињата ќе ги плашат ...:биди мирен, немој да те пратам у Македонија.... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom