Фердинанд Порше е татко на бубата, народниот автомобил на Хитлер, колата која стана легенда. Тој ја направил, Хитлер ја национализирал фабриката на Порше. Останале во блиска врска. По завршувањето на Втората светска војна, Порше бил осуден на 7 год. затвор поради неговите врски со Хитлер. Многу го спасило тоа што му се обраќал со г-дин Хитлер, и не бил член на нацистичката партија.
После започнува со производство на возила, на база останатите шасии од буба. Почнуваат моделите 356, 356 B, 550 Spider (Моделот кој го однесе во смрт Џемс Дин), и во почетокот на 60-тите се појавува легендарната 911, која се произведува и ден денеска. Отпрвин, требало да се вика 901, ама по заканата со тужба од Peugeot кој тврдел дека ги поседува правата на нумерирање на моделите со 0 во средината, се преименува во 911 и легендата е родена. Во 70-тите се појавува анемичниот 914 заедно со Волксваген, па 924, 944, во 80-тите освен 911 е и 944, и во 90-тите се појавува Boxter и сега и теренецот Cayenne.
944
924
914