Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.403
- Ovaa tema e za slucki i desavki so subjektite od naslovot.
- potoa da se objasni od kade prizleguva pogovorkata kako POP sarma.
Стариот беше Комунист со тапија. Црвена членска книшка со златна петокрака на средина од корицата, а горе, „Савез Комуниста Југославије, под него, „Сојуз на Комунистите на Македонија“. И слика внатре, со печат на СКМ/SKJ. Старата се претставуваше како Скоевка, а цел живот беше домаќинка. Супердомаќинка. Неисе, не одеа во цркви, не не' крстеа ниту мене ниту сестра ми во црква, освен на свадби и погреби на роднини. Не примаа попови за осветување на домовите по повод некоја слава или верски празник, кои во тоа време редовно се појавуваа од врата на врата, а ги прославуваа сите празници. И верски и државни. Ама онака, комуњарски. Постови не признаваа...
Тој ден, на вратата тропна попот со прекар Муфте, од родното село на мојот дедо Богдан, татко на татко ми, од Раштак. Генерација со татко ми. Муфте, попската кариера ја започнал како клисар во селската црква во Раштак, и со тек на време откако ги научил наизуст сите молитви и литургии, владиците му дале прилика да стане и поп. И станал. За Муфте, зборуваше стариот, не било важно дали во торбичето ќе му ставите камења, најбитно било тоа, да бидат џабе. Оттаму и прекаро Муфте. Неисе, Муфте знаеше на чија врата ѕвони. Беше петок. Некој си црн петок, поцрн да не можел да биде, така го нарече попот Муфте. Тежок ден за пост. На шпоретот во кујната имаше големо тенџере со убава и највкусна манџа. Мирисот, којзнае до каде допирал и ги мамел минувачите. Старата знаеше да направи се', ама баш се' за прсти да излижеш. Мислам дека беше подварок со суви ребра и везенки. Што и да беше, сите бевме наредени на трпезариската маса и го чеквма лонецот во рацете на мајка ми да атерира на средина на масата. Муфте, веќе седеше на почесното гостинско место. Немаше бегање, мораше да се придружи на ручекот...
Се деси и тој момент, старата го крена поклопецот од тенџерето, и низ целиот простор се разлеа пареата со единствениот и неповторлив мирис и вкус од кој слободно можеш да се најадеш, а поп Муфте, ги ококори очите, ги спои густите веѓи на сред чело, не' разгледа сите поединечно ко да не фотографираше, и одржа куса литургија, неверојатно ама возбудливо предавање за тоа каков грев правиме прд Бога што на овој ден мрсиме...
Стариот и старата, одмавнаа со главите, и онака, градски, демек, мангупски му рекоа дека тие се атеисти, и дека ги почитуваат верниците, ама си тераат по нивно. Мајка ми ја зема длабоката чинија од пред почитуваниот случаен гостин, Божјиот пратеник, поп Муфте, и ја наполни. Со се'. И со манџа и со месо. Чекав да видам што ќе се случи. Откако беа наполнети сите чинии, прв почна да срка поп Муфте. И второ што направи, го изглода едното од двете големи меснати ребра, со затворени очи, го ишмука. Оп, попе, викнав, па нели е грев, па нели е црн петок, па нели денес се пости, прашував рафално. Ме погледна, се забриша со платнената салфетка, и рече - Гревот е ваш, јас сум гостин во оваа куќа и јадам тоа што вие ми сервирате за да не ја навредам домаќинката, а Господ е голем и гледа, гревот вам ќе ви га запише...
Божјите пратеници никогаш не грешат, рече на крајот поп Муфте, и продолжи да го глода другото ребро... Ај сеа...
-----------------
aj sega po vase prodolzetesi