Помош за одбирање на подарок за 8 март

  • Креатор на темата Креатор на темата beatlesss
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 март 2017
Мислења
1
Поени од реакции
4
Возраст
23
Здраво, имам 14 години и сум деветто оделение и како мнозинството деца на моја возраст не располагам со голема сума на пари.
Во касата имам зачувано се на се 350 денари, и сакам да и купам на мајка ми нешто за 8 март, ама незнам што би било корисно за жена како лак, дезодоранс нешто такво до 350 денари.

Засега таа е сумата, а мислам дека до 7ми можам да зачувам максимум уште 50 денари, негде 400 ќе ми дојди буџетот, ако може предлог за подарок на жена до 400 денари, благодарам :)
 
Што и да купиш ќе и биде мило. Јас би ти рекол прескокни ги работите како лак и дезодоранс, ќе се потрошат и завршуваат во ѓубре. Одбери нешто што секојдневно ќе ја потсеќа дека е купено од тебе, а воедно и ќе трае подолго, би ти предложил новчаник или пак украсно дрво.
 
Иако не е сеа баш време за дрвење филозофија дека уствари твоите успеси/ти да бидеш среќен се најубавиот подарок за еден родител, сепак...
А за да ја изненадиш, купи и` некој цвет. Ама не од оние сечени, некој кој може да го негува.
Или некој предмет за лична потреба со подолг рок на траење. Можеш шоља со кафе испринтана со некоја лична порака. Имаш мал милион печатници. Цената не знам колку е, ваљда не е повеќе од 300 ден.
 
Рексона стикче, практично и употребливо, по-универзален подарок нема, секој го користи, а за 350 можеш да и купиш уште 1-2 и за роденден ќе има.
 
...јас мислам дека една марама за околу врат ќе заврши многу работа, а секој ден кога ќе ја носи и ќе се фали
,,син ми ја купи,, :smirce:

8d1091fff38eb31015a34eb38bdadbcd.jpg


само 100 ден , клик !
d6cae6cf-2f57-4555-a176-c823e08f91eb.jpg


200 ден, клик !

806c3e4f78e1d347b23c6bbcc43e09c4.jpg

може дополнително и една алка 40 ден, клик !
 
Последно уредено:
Здраво, имам 14 години и сум деветто оделение и како мнозинството деца на моја возраст не располагам со голема сума на пари.
Во касата имам зачувано се на се 350 денари, и сакам да и купам на мајка ми нешто за 8 март, ама незнам што би било корисно за жена како лак, дезодоранс нешто такво до 350 денари.

Засега таа е сумата, а мислам дека до 7ми можам да зачувам максимум уште 50 денари, негде 400 ќе ми дојди буџетот, ако може предлог за подарок на жена до 400 денари, благодарам :)

Не се замарај многу окулу тоа, можеш како што рекоа некое цвеќе што подолго трае, можеш книга, можеш и една убава честитка рачно напишана... ако сакаш да го одбележиш денот доволно е под рака и да ја однесеш на по едно парче торта и еден цвет се сосема доволни затоа што верувај дека тоа не се заборава, се друго кога тогаш му изминува рокот на траење, вниманието е секогаш најважната работа :)
 
Добра честитка со прекрасен текст може да предизвика многу чувства и емоции, поготово во мајка-дете однос. Така да, цената на поклонот не е толку битна колку што е пораката што сака да ја покаже :))
 
Потполно те сфаќам. И јас кога бев дете постојано размислував што да и купам на мајка ми за 8-ми март и тоа по цел саат сум се вртел низ продавница за да одберам што да и купам. Најчесто сум одел низ Тинекс, Тедико и некои останати слични продавници за и купам некоја крема, дезодоранс, парфем, шампон или нешто такво слично, но со текот на времето сфатив дека не е битно толку што ќе подарам колку што е битно да подарам. Што и да и поклониш на мајка ти она ќе се израдува на истото.

За 300 денари можеш да и купиш некоја маица/блуза и тоа од пазар, не значи дека мора да купуваш некоја скапа блуза или пак да и купиш едно цвеќе во сакасија кое секој ден ќе ви стои дома и ќе го гледа. Подобро е да и земеш нешто што ќе го користи подолго време од тоа нешто што ќе го потроши одма.

:)
 
Ако сака цвеќе, мој предлок е божиќн цвеќе. Жените го сакаат многу ;)

2484898050672994784.96e793dfeab3487ab3f7c39e8e70de81.jpg
 
Ако сака цвеќе, мој предлок е божиќн цвеќе. Жените го сакаат многу ;)

2484898050672994784.96e793dfeab3487ab3f7c39e8e70de81.jpg
Совет од цвеќарка - НЕМОЈ. Овие цвеќиња ги има само за божиќ и се сушат во рок од 1 месец, не верувам дека сега воопшто го има некаде да се купи.
Ако најдеш за тие пари некаде јас би ти препорачала Орхидеја, нема жена која не го сака тоа цвеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom