Подобро утре?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да, малку фиолозофска тема, но се надевам дека добро ќе ни дојде. Овде размислуваме надвор од сите политички спреги, идеи и размислувања.

Размислуваме за:

Подобро утре!

Значи колку често ја употребувата т.е. колку верувате во оваа фраза?
Колку верувате во подобра иднина? Дали верувате во „Подобро утре„ во буквална смисла и во смисла на подобра иднина?

Дали мисите дека утре доаѓа ден кои ќе биде подобар од денешниот, ден кои ќе биде полн со убави работи?

Дали си легнувате со мисла за подобро утре? За некоја подобра иднина?

И гледајки симболично само на оваа фраза, колку сте опитимисти и колку мислите дека во иднина доаѓа едно време поубаво за сите-поинтересно време.

Што правите како единка денес за да дадете придонес за подобро утре? Преземате ли конкретни чекори?

И глобално колку сите даваме придонес за подобра иднина за сите нас?

Јас мислам дека секој еден потег наш влијае во креирање на едно време кое доаѓа.

Еден потег, колку и да е мал може да смени многу.

Мислите ли дека со пишувањето овде даваме свој допринос за подобра иднина?

Имаме ли денес (сега) надеж за некое подобро утре (некогаш)?
 
Верувам.Затоа што тоа е единствено нешто што ми останува.Надежта и вербата дека утре навистина ќе биде подобро.
Живеејќи во свет кој како што повеќе го откривам,се помалку и помалку ми се допаѓа,навистина сонувам и верувам дека утре ќе биде подобро.
Дали јас придонесувам?
Не знам,само знам дека барем гледам со моите постапки,никој да не биде повреден,барем гледам се уште да ја одржам вербата дека на крајот сепак не се сите луѓе расипани и подли и дека оние кои навистина вредат ќе испливаат на површината и на крај светот ќе биде подобро место за живеење.
 
секогаш имам став дека утрешниот ден може да биде подобар од денес
впрочем, утре може да ги исправиме грешките кои сме ги направиле денес
 
Нормално дека сум оптимист...Всушност,,ако не очекуваме подобро утре,,тогаш која би била смислата на животот? Дефинитивно верувам во подобра иднина..СЕкој за себе си прави чекори во животот до подобра иднина,,а со тоа влијае и на околината..На тој начин всушност сите придонесуваме до нашата заедничка подобра иднина,,заедничко подобро утре! :pipi:
 
You're going to live through the rain...keep the faith...
 
Верувам дека утре ќе биде поразлично од денес. Впрочем тоа и го прави животот интересен. Можеби полошо, можеби подобро...во секој случај нема да биде монотоно.

Да, сонувам и се надевам на подобро утре. На ден во кој некој ќе ме цени повеќе, ќе ме сака и почитува повеќе..но морам самата да се потрудам за да ми се оствари сето тоа.

Самите си ја креираме својата иднина. И убаво рекле што ќе посееш тоа и ќе ожнееш. Ако доволно вложуваш во себеси ќе има зошто да се надеваш на подобро утре.:wink:
 
па на некој начин се надевам за подобро утре, меѓутоа некогаш се случуваат премногу работи за таа надеж да се намали, не сум ни некој оптимист а ниту некој песимист, незнам некоја средина, дури ни сама незнам...ама да, барем за мене верувам дека ќе има подобро утре отколку сеа, дека за неколку години ќе се разбудам без да ми фали ништо а не денес како да направам ова, како она... ама неможам сама све да направам, т.е. да направам подобро и за другите, ама за мене знам дека ќе биде така...
 
Ne citav ni eden post od temava..ne go citav ni "Vovedot" od "avtorot"...
Samo ke odgovoram na naslovot:
Nema da dojde!!
 
Имам 10 работи кои треба да ги направам денес.

Ако успеам да ги завршам сите, веќе е подобро денес.

А со самото тоа и подобро утре, што и да дојде утре.
 
1. Значи колку често ја употребувата т.е. колку верувате во оваа фраза?
2. Колку верувате во подобра иднина? Дали верувате во „Подобро утре„ во буквална смисла и во смисла на подобра иднина?
3. Дали мисите дека утре доаѓа ден кои ќе биде подобар од денешниот, ден кои ќе биде полн со убави работи?
4. Дали си легнувате со мисла за подобро утре? За некоја подобра иднина?
5. И гледајки симболично само на оваа фраза, колку сте опитимисти и колку мислите дека во иднина доаѓа едно време поубаво за сите-поинтересно време.
6. Што правите како единка денес за да дадете придонес за подобро утре? Преземате ли конкретни чекори?
7. И глобално колку сите даваме придонес за подобра иднина за сите нас?
8. Мислите ли дека со пишувањето овде даваме свој допринос за подобра иднина?
9. Имаме ли денес (сега) надеж за некое подобро утре (некогаш)?
1. Не ја користам, ама баш ич.
2. Верувам, и тоа длабоко сум уверен, дека човекот ја има својата судбина во свои раце. Секако не сме во апсолутна контрола на се она што ќе ни се случи, но сепек ние сме тие кои ја имаат моќта да одлучат како ќе постапат, како ќе изреагираат на дадената ситуација, со цел и од тоа што е севкупно лошо да се извлече и нешто добро.
3. Не, зошто, не знам како ќе ми биде следниот ден. Тоа би бил неоснован оптимизам (би си давал лажна надеж). Пред да бидам оптимист, порадо би бил реалист и не би се замарал со претпоставки и прогнози за утре кога веќе немам конкретни информации што ќе се случува утре.
4. Не, не го правам тоа, но се случува одвреме навреме да сонувам со отворени очи за тоа каква би сакал да е мојата иднина.
5. За сите дефинитивно нема да има подобро утре или барем не толку добро колку другите. Да се помириме со фактот дека лоши работи се случуваат. Но, затоа големината на човекот се оледа во тоа колку време му треба за да се исправи откога животот ќе му даде шут меѓу нозе.
6. За моето подобро утре правам, не многу, СЕ. А за општото... не правам зло на луѓето, го почитувам законот, деавам крв некогаш...
7. Не многу.
8. Можеби
9. СЕКОГАШ има надеж за подобро утре. Додека сме живи има надеж. Надежта последна умира, нели?
 
Грубо гледано секој се надева на подобро утре. Оптимисти,песимисти,реалисти,утописти...
Јас не си легнувам со мисла дека утре ќе биде подобро оти ќе сонувам кошмари. If you know what I mean.
Не размислувам.Let it slide,let it be,ебем ти парола.Ако сум во можност да поправам некоја работа за да ми биде подобро утре,другиден,по некој ден,го правам тоа,не сум луда да не го направам.Подобрувајќи го моето утре го подобрувам и утрето на другите. Себичност,а сепак индиректно сочувствување со другите. Најдобра комбинација.
 
Грубо гледано секој се надева на подобро утре. Оптимисти,песимисти,реалисти,утописти...
Јас не си легнувам со мисла дека утре ќе биде подобро оти ќе сонувам кошмари. If you know what I mean.
Не размислувам.Let it slide,let it be,ебем ти парола.Ако сум во можност да поправам некоја работа за да ми биде подобро утре,другиден,по некој ден,го правам тоа,не сум луда да не го направам.Подобрувајќи го моето утре го подобрувам и утрето на другите. Себичност,а сепак индиректно сочувствување со другите. Најдобра комбинација.

Total support....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom