Подобро се учи од свои или од туѓи грешки?

Ако имаш развиена и моќна перцепција....ама цело време ќе го приметуваш тоа ...дека секогаш некој греши со нешто .
Пред се ќе судиш со здрав разум и ќе согледаш дека не би требало да следиш нечиј пример..:)


МОЌТА НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА си ја употребувам за креативни цели
неспособноста односно неснаодливоста на поединецот не треба да се потенцира
кога ќе созрее ќе роди плод

што е тоа здрав разум ?

секој поединец се гради и учи од околината во која живее...
критериумот на согледувањето, бистрината, емоциите и многу други работи во дадени моменти губат контрола...

всушност грешките и непостојат, постои само повреда на емоцијата...

Од самото однесување и реакција на оној кој направил некоја грешка, а ти си се нашол во негова близина, или пак можеби те прашал за совет, сакал само да си олесни и ти раскажал што се случило.:wink:

таков човек не сум сретнала и навистина не разбирам што претставува грешка во животот ?!
 
Хм... Едно е да се знае што како, а друго е да се осети тоа на своја кожа. Сепак тоа на својата кожа некако подобро се осеќа и се учи. Теоријата е теорија, но праксата е закон :)
 
~*~

Има една реченица која што ја прочитав и ме замисли,а идеше отприлика вака:

Будалите учат од сопствените грешки,а мудрите од туѓите.

Не секогаш е така, тоа е нешто што би требало да важи само во теорија, но ретко е така во праксата т.е. реалниот живот.
:vesterce:

Треба ли да осетиме нешто на своја кожа,за да сфатиме дека е погрешно па да се поправиме или пак подобро е да ги гледаме туѓите грешки па да се трудиме да не ги направиме истите?

Добро е да знаеме да учиме од туѓите грешки, тоа би дошло како „присвојување на туѓото искуство“, но вистинското значење на некоја болка најдобро го чувствуваме на своја кожа.
Покрај се тоа не прави поиздржливи, јас овде би цитирала:
„Тоа што не не убива, не прави посилни.“
:smiz:

Дали човек подобро може да ги увиди работите и своите грешки ако него му се случат или не е тоа така?

Секогаш е така.
Премногу би ни бил едноставен животот ако научиме се од останатите, каде би било тогаш местото за подобрувањето на личноста и стекнувањето искуство.

Дали ако учиме од туѓите грешки,не можеме да стекнеме повеќе искуство или напротив?

Да не се повторувам, можеме да го „присвоиме“, да, но ретко ќе го сфатиме вистинското значење.За тоа е потребно ние да го доживееме.
 
Најмногу учам од своите грешки на жалост , и тоа е така изгледа дека никогаш не слушам други совети , многу сум тврдоглава и после влагам у гомна и тогаш си ја сваќам грешката, си ја мразам таа особина ама едноставно не може никој да ме увери дека лошо е тоа што го правам се додека ради истата работа јас сама не се заебам...
 
Подобро се учи од свои грешки, зошто обично викаме ако му се случило нему немора да значи дека ке ми се случи и мене,затоа додека не осетиш на своја кожа нема да научиш.Јас редовно се зафркнувам за вакви работи бидејќи често си го користам тоа мото.И обавезно си ја признавам грешката.
 
Јас мислам дека подобро се учи на свои грешки, затоа што друго е кога ќе го осетиш на своја кожа, многу полесно ќе го запамтиш.
 
многу се учи од свои грешки.. а за од другите , сите се различно воспитани :toe:
 
од своите..ние грешиме..ние постапуваме погрешно..мораме да научиме да не ги повторуваме истите грешки во иднина и да бидеме повнимателни:pipi:
 
"Додека не ти изгори јајцето...нема да научиш како се пржи.."

Зборот ми беше секој си учи од својте грешки...

Некогаш учиме и од туѓите грешки но пред се својте грешки нема да ги
исправиме ако не сме поминале низ нив..
 
Па мислам дека од свои грешки подобро се учи.Викаат дека најдобро се осеќа на своја кожа!
 
Повеќе се учи од своите грешки отколку од туѓите,од проста причина што туѓите не не болат нас и брзо ги забораваме,а додека своите си ги памтиме.
 
Факт е дека најдобро се учи од свои грешки. Ама ако некој си дозволи таков луксуз да учи само од свои ќе ја загуби партијата. Веројатно мора да се балансира.
 
Од своите, ама така е поболно... Најдобро би било да можеме да учиме од туѓите исто колку и од нашите.... Ама тоа е.... Штета што некои ни од своите не учат.....
 
Jas licno obicno ucam i od svoite i od tugjite greski...vikaat uci od postariot ama ne odi po nego...nvm, najubavo e da se pravat sto pomalku greski zasto nekoi ostavaat golemi posledici..
 
За грешките никогаш човек не може да научи само од своите или само од нечии други грешки. Секогаш мора да се комбинра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom