Pocetnici vo soobrakajot

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од Goranwt1, 17 февруари 2019.

  1. pirateMan

    pirateMan

    Член од:
    25 февруари 2019
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    13
    Дали навистина е забрането снимање кај нас? Јас на пример имам стар мобилен што го користам како двр , дали би имал проблеми со полиција? Каде да го најдам тој член/закон?
     
  2. GreatUniter

    GreatUniter

    Член од:
    29 септември 2017
    Мислења:
    176
    Допаѓања:
    100
    400е беше казната за снимање. Не смее никое лице (освен полицијата) да снима од автомобил. Ако автомобилот има вградени камери, законски, треба да побара сопственикот од сервис да му се деактивираат. Мислам дека во Кривичниот законик и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се спомнува некаде, ама кои членови не знам. А за санкциите, можеш да прочиташ и на странава:

    https://www.pravdiko.mk/koi-sanktsii-se-predvideni-za-neovlasteno-snimane/
     
    На pirateMan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pirateMan

    pirateMan

    Член од:
    25 февруари 2019
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    13
    Ако не прочитав по форумов ќе останев "неописменет" а можеби и казнет. Еве изгуглав ми излезе оваа вест:
    http://www.sudstvo.mk/400-евра-казна-за-незаконско-снимање-од-а/
     
    На GreatUniter му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigrica92

    tigrica92

    Член од:
    13 март 2014
    Мислења:
    630
    Допаѓања:
    125
    Здраво на сите...тие што имате положено, од кој пат градска положивте и колку пари ве фати се на се ? :) И дали по извесно време се опуштивте да возите по други градови,,, мене многу ми е страв на автопат како ќе се снајдам..
     
  5. Филип85

    Филип85

    Член од:
    22 јули 2015
    Мислења:
    434
    Допаѓања:
    263
    Од прв пат , околу 35.000 денари. Вози смирено и без нерви, прати ги огледалата често и вози со прилагодена брзина, нека не те силат и не потпаѓај под влијание да возиш брзо. Не е фраерски, ниту мангупски да возиш брзо ако не се осеќаш сигурна. Ќе се опуштиш со време, отпочеток ќе пратиш се но после ќе стани навика. Возењето вград е многу покомплицирано и по стресно заради неписмени глупаци без сообраќајна култура и без знаење да возат, толку ми се има одмилено што кога ќе одам на пат некаде подалеку уживање мие возењето.

    Само смирено и среќа да те прати на патиштата !
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pirateMan

    pirateMan

    Член од:
    25 февруари 2019
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    13
    На прв пат градска, полигон на втор пат, ова за А категорија ми е поскоро пред 4-5 години за Б прв пат ама мислам тогаш беше "полабаво". Се сложувам со претходен коментар на отворен пат е поопуштено најчесто имаш помалку работи на кои треба да се внимава отколку во градска средина.
    1. Сегогаш вози до или -10 од пропишаната брзина никако не над па и колку да сметаш дека другите возат побрзо.
    2. Не влегувај пребрзо во кривина ќе треба да кочиш на средина што е опасно секогаш вози под брзината на знакот пред кривините за 5-10км/ч
    3. Престигнувај само кога имаш многу простор и кога ќе се осигураш една брзина подолу и не се двоуми.
    4. Кога поминува големо возило од спротива гледај се во десниот раб на патот не во возилото истото е корисно и за навечер кога се разминуваш со возила со светла.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tigrica92

    tigrica92

    Член од:
    13 март 2014
    Мислења:
    630
    Допаѓања:
    125
    Ви благодарам, исто ме интересира дали е точно дека првите 2 години од возачката дозвола не смее да се вози надвор од градот а и после 23ч?
     
  8. Филип85

    Филип85

    Член од:
    22 јули 2015
    Мислења:
    434
    Допаѓања:
    263
    Смееш да возиш секаде, но додека си почетник не смееш од 23 до 05 часот. Исто така не смееш кола со јачина на моторот поголема од 77 kW.

    Кочење во кривина не, давање гас во кривина не, треба да се држи константна туража. Исто така многу важна работа, секогаш со очите гледај каде што сакаш да одиш. Прогуглај што е Target Fixation и зошто е многу опасно.

    Доколку го совладаш сега на почеток, никогаш нема да имаш проблем. Во врска со престигнувањето, нема двоумење. Кога ќе се осигураш претицувај, не превземај непотребни ризици и кога ќе тргниш не прави претицувам - не претицувам.
     
    На Krstev и tigrica92 им се допаѓа ова.
  9. tigrica92

    tigrica92

    Член од:
    13 март 2014
    Мислења:
    630
    Допаѓања:
    125
    Благодарам, се надевам и инструкторот вака детално ќе ми објаснува :aplauz:
     
    На Филип85 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: