PHP Помош

Rik

Член од
28 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
15
Да воскреснам една тема. Не знам како се имплементира ViewState во php. На прост пример, имам форма за најава, ако се внесени грешно или не се внесени полињата да печати до нив нешто(до тука е ок), но ако не, да ми го зачувува текстот во полето за корисничко име, а да го брише пасвордот. Е сега ко јас што правам, ако е ок поминува се, ако не е ок, печати до нив, задолжително ова поле, нешто такво, ама ја брише содржината на полето, не ја задржува. Како да направам да не се случува ова?

Value атрибутот кај input елементот ќе го пополниш со содржина извлечена од POST или GET , зависи што користиш.

На пример
PHP:
$value = $_POST['bla'];
'<input type="text" name="bla" value=" ' .  $value  . ' ">'
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Не мешај вју стејт со пренос и проверка на пост варијабли. Едноставно во полето за корисничко име во вредноста стави ја пост варијаблата на коричкото име. Ако е пост ќе се појави, ако не, никому ништо.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.983
Поени од реакции
11.882
Value атрибутот кај input елементот ќе го пополниш со содржина извлечена од POST или GET , зависи што користиш.

На пример
PHP:
$value = $_POST['bla'];
'<input type="text" name="bla" value=" ' .  $value  . ' ">'
PHP:
$value = isset($_POST['bla'])?$_POST['bla']:'';
Треба да има и проверка, во спротивно ќе му појави undefined index...
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Супер, фала ви дечки. Сега сум си лут што не ми текна ваква работа...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Проблемов може е глобално за било кој јазик кога се работи со кирилична подршка, ама ќе го пишам тука бидејќи работам со php. Значи потребно е некој кириличен стринг да го сочувам како .docx документ. Проблем е енкодирањето, ама никако не можам да го средам. Имал некој до сега сличен проблем?
Пробав да наштимам некое енкодирање за да ми го извади кирилично декстот во Ворд, ама не успеав. Ја користам следнава функција: iconv("utf-8", " ISO8859-5","Здраво"). Првиот параметар е ОД, а вториот ВО. php фајлот е utf-8 енкодиран.
 
Излезниот xml фајл е UTF8? Како го снимаш фајлот?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Излезниот xml фајл е UTF8? Како го снимаш фајлот?

Успеав да го средам проблемот со замена на ISO8859-5 во Windows-1251 енкодирање. Сеуште не ми е јасно како профункционира бидејќи и предходно се обидував вака. Целиот проблем беше во тоа што јас имам .docx темплејт со предодредени зборови кои треба да ги заменам со податоци внесени преку тастатура и да го сочувам како нов .docx фајл. Нешто како шаблониве на лекарски извештаи што ги печатат докторите. Е сега, кога внесував кириличен текст, во излезниот .docx фајл делот од внесениот текст од тастатура го добива чудниот изглед. Претпоставувам дека со Windows-1251 го конвертирам текстот од utf-8 во соодветно енкодирање на кирилични знаци што го разбира Word.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom