Peugeot и Citroen развиваат хибрид на воздух!

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Веќе станува интересно во сегментот на хибридите. Со потрошувачка од нешто под 3 литри е далеку по исплатливо. Се надевам дека и цената на овие хибриди ќе биде значајно помала од електричните

Превземено од коли.ком.мк

Да, наместо електричен мотор како помагало за бензинскиот, новиот концепт на инженерите од PSA, Hybrid Air, предлага користење на компресиран воздух!...

Компресираниот воздух не е ништо ново во автомобилизмот, напротив. Идејата е да има резервоар под притисок, кој ќе се полни со нормален воздух, а потоа истиот ќе се искористи за да се покренува турбина. Како напумпан балон кога се издишува – токму таа енергија ќе се користи за движење на компонентите од погонот.

Идејата на PSA е воздухот да се користи во хибрид со мотор со внатрешно согорување, бидејќи сам, воздухот има многу мал домет. Пумпата и моторот се сместени под хаубата, додека резервоарите за воздух се сместени во подот на возилото, напоредно со издувниот систем. Покрај стандардното надворешно полнење, резервоарот може да биде дополнет и преку регенеративното кочење, користејќи ги кинетичката и топлинската енергија.

Според пресметките и првите тестирања, само на компресиран воздух, возилото може да се движи до 70 km/h, односно во 60-80% од возењето во градски услови, што значи дека и двата погони можат да работат самостојно. Системот со компресиран воздух ќе тежи 100 kg, што е вкупно помалку отколку електричните погони кај хибридите. Целосно, потрошувачката се намалува за 45% во однос на конвенционалниот погон.

Peugeot и Citroen ќе почнат да го вградуваат погонот во наредните неколку години, со најава за модели од ниската и компактната класа кои ќе трошат под 3 литри гориво, односно под 2 литри гориво во 2020 година.

Системот ќе биде премиерно прикажан на саемот во Женева на почетокот од месец Март, и тоа во неколку различни модели на двете компании.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Само нафташиве да не го заташкаат овој проект
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Да не се нафташките гиганти како БП и слични, одамна ќе имавме електрични и какви не еколошки и ефтини автомобили!

Само ако се префрли цел свет на електрични автомобили, колку ќе биде акцизата на ел, енергија? Од каде тогаш плата за административците?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Во Холандија веќе има нов данок а и во Америка ќе го има наскоро зошто се префрлаат на поефикасни возила.Данок на ПОМИНАТИ КМ.Две соодветни изреки "Направи/Измисли нешто и они ќе го даночат" и "Во животот само даноци и смрта се сигурни".

Патем ова е генијално.Се надевам дека и во пракса ќе се покаже како ефикасно и дека нема да биде како електричните коли со цени по 40-50К евра најефтина.
 
Во странство исто така има и субвенција ако си купиш економично возило. Во САД на пример, ако купиш шевролет волт кој е комплетно на струја од цената на возилото 7000$ ќе плати државата. Ама тоа е запад. Јас зборам за кај нас, зошто голем дел од буџетот се полни преку акцизите од нафтените деривати. Што праеме ако за 10 години цел свет се промени на еколошки и ефтини обновливи извори на енергија? Од каде пари за политичариве ни солат памет?
 
Ти реков место акциза на гориво има нов данок на поминати км.Секоја кола мора да има ГПС и секој месец си плаќаш колку си поминал.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Ти реков место акциза на гориво има нов данок на поминати км.Секоја кола мора да има ГПС и секој месец си плаќаш колку си поминал.
Симплифицирано, би плаќале користење воздух. Ха!
Кај се сега тие што се шегуваа врз сметка на ова?!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Симплифицирано, би плаќале користење воздух. Ха!
Кај се сега тие што се шегуваа врз сметка на ова?!
Сите сакаат социјална држава не знам што друго очекувате.Демократијата е мртва во моментот кога една група ја има моќта со своите бројки да краде од трудот на помалите групи.

Во секој случај темата не е за даноци и глупости туку за по мене огромен технолошки напредок иако не разбирам точно како функционира.

Мислев прво да не е како на дизел подморниците со 100% кислород да се носи во боци и истиот да се користи како гориво али овдека пишува дека воздух под притисок би ја движел колата.За тоа би требало огромен притисок само за право да ја движи а камоли по каква било угорница + ако се оштети патниците со крпи би ги собирале.Али ако ја совладале технологијата браво.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ти реков место акциза на гориво има нов данок на поминати км.Секоја кола мора да има ГПС и секој месец си плаќаш колку си поминал.
Бетер значи.

Инаку да, технолошки е напредок! Јас мислам дека многу иновативни идеи(има и Македонски) сеуште неможат да го доживеат успехот поради нафтениве гиганти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom