Да нормално е. ( Не е нормално во ресторан да седи со тебе, ама има посебен простор што е наменет за миленици. Не, не е. Во мал дел на светот се толерира и некаде има и закон каде дозволува тоа мада тоа е мал дел.И овде е многу полесно да си со миленик отколку без. Пример ако во станот имаш куче, плаќаш помала кирија пошто државата те ослободува од данок ако одгледуваш миленик. Претпоставувам збориш за Холандија што е ЕДНА држава а не свет. Во Германија на пример се плаќа екстра данок ако имаш милениче, во голем дел на светот исто имаш задолжителни осигурања и разни издатоци ако чуваш милениче што е ОК. Друга работа тотално ненормално е да чуваш куче во стан. Ајде некоја помала сорта да сфатам мада и тоа е грев ама големо куче во стан е cruelty to animals. Во Австралија на пример RSPCA има јасен став дека мачки, зајци и хрчаци се ОК за во стан АМА не и кучиња. Пази ова е од држава каде куќи/станови се значително поголеми од Европа.
На улица бездомник може да е без јакна и патики, ама кучето е облечено со јакни и покриено со 10 кебиња за да не мрзне. Дај кажи ми како е нормално ова? Самиот бездомник прво го храни кучето па после себеси. Ете таков е менталитетот на луѓето тука, и на никој тоа не му претставува проблем. Не мислам дека на било кој треба да му преставува тоа проблем, негова работа, како сака. Проблем е што уствари после истиот тој бездомник проси или прави проблеми место да си ги реши својте клучни проблеми. Кучето за да го допреш да го погалиш прво треба дозвола да побараш од сопственикот. Нема отрови по парковите, и не напаѓаат деца, ниту има скитници. Ни во Кореа нема ова ама ете таму сакааат кучешко ко кај нас свинско па сега види ти...
За мене ова е нормален свет, а не свет каде што се јадат кучиња. Ама ти си знаеш. За мене нормален свет е каде куче е куче и се чува во двор а не во стан. Нормален свет е каде хаски се чува во држава каде има соодветна клима а не во Сингапур на 600км од екваторот затоа што на некој милјардер таму му прднало дека сака таква раса. Многу ненормални работи пробувате да протнете под нормални, тоа е проблемот. Јас исто имам милениче ама ни на крај памет не ми иде да јадам заедно со него или да го носам во ресторант. Се знае каде му е местото а среќа овде има купишта паркови, специјални плажи за миленичиња и ред други НОРМАЛНИ работи каде во адекватна средина може да се дружиме. Тоа е нормален свет, а не свет каде некој јаде или труе кучиња или некој инсистира да ги носи во ресторант, шопинг мол или па да ги облекува...