pedigre.mk - Нова платформа за домашни миленици

Член од
28 август 2009
Мислења
599
Поени од реакции
390
Се надевам дека не „рушам“ правила на игра со креирање на темава :)

Во моментов, со 2ца блиски пријатели работиме на наш, личен проект - pedigre.mk. Планот е да се изготви еден веб сајт за сите љубители и за сите потреби околу домашните миленици (па и пошироко).

Ќе има база со ветеринарни амбуланти, пет-шопови, организации, производи како храна или додатоци (пр. куќарки) објавени на самиот веб но и линкувани до други продавници. Ќе се изработи на мапа за критични локации каде веќе регистрираните членови ќе можат да „пинуваат“ локација со слика.

Простор за огласување од типот на продавање, вдомување, подарување и секако, за наоѓање на соодветно педигре за вашиот миленик.

Ќе функционира во главно, со бесплатна регистрација на корисници.

Немаме некој голем буџет за промоција и маркетинг, но колку-толку се трудиме со по некоја реклама на соц.мрежи. Изработката е од нас лично, немаме „трето лице“ вклучено во идеата. Планираме за некоја недела до две (бидејќи веке 2 месеци го средуваме) да биде се истестирано и спремно и да се пушти.

Отворен сум за секакви сугестии.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
10.880
Поени од реакции
6.584
Може. Имаш некој на ум?
Како дали имам некој на ум? Треба да исконтактираш ваљда кинолошки сојуз да ти дадат листа, појма немам како оди тоа.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
599
Поени од реакции
390
Како дали имам некој на ум? Треба да исконтактираш ваљда кинолошки сојуз да ти дадат листа, појма немам како оди тоа.
Тоа мислев, да не познаваш некоја или пак сакаш некоја да биде објавена. На кинолошки созуј на вебот имаат некоја листа, ќе ја видиме.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
10.880
Поени од реакции
6.584
Тоа мислев, да не познаваш некоја или пак сакаш некоја да биде објавена. На кинолошки созуј на вебот имаат некоја листа, ќе ја видиме.
Мислам дека е застарена, затоа најдобро е да ги исконтактираш.
Јас знам пред да земам милениче барав листа со одгледувачници и уште тогаш имав проблем, беа застарени или уопште немаше за доберман, што не е точно.
Исто така, сега за девојка ми сакам да земам нешто, барам, а нема...
 
Член од
28 август 2009
Мислења
599
Поени од реакции
390
Мислам дека е застарена, затоа најдобро е да ги исконтактираш.
Јас знам пред да земам милениче барав листа со одгледувачници и уште тогаш имав проблем, беа застарени или уопште немаше за доберман, што не е точно.
Исто така, сега за девојка ми сакам да земам нешто, барам, а нема...
Јасно. Ќе пробаме и ние самите да се распрашаме и да дознаеме повеќе информации. Имаме пријатели со петшопови и амбуланти, ќе ги прашаме сигурно имаат инфо.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
763
Поени од реакции
786
Дали ќе има нешто како pedigree data base каде ќе може сопственици и одгледувачници да ги објавуваат педигреата и успесите на нивните кучиња? Мислам на нешто слично на сајтот DogForShow каде корисниците можат да се регистрираат како сопственик, хендлер или одгледувач и да се промовираат себе или нивните кучиња.
 
Убава идеја. За почеток ќе има профили на корисници со објавување како тип на оглас во врска со миленикот и педигрето.

За ова што го пиша, дополнително може да се разледа опцијата.. Што е до мене, што повеќе податоци и информации, тоа подобро.. Но како што кажав, ние самите го работиме вебот и сите сме со обврски-работа па треба време за реализација. Али мислам дека од кога ќе го пуштиме лајв, полека ќе биде сработено и ова.
 
Член од
23 март 2009
Мислења
6.252
Поени од реакции
4.461
Одлична е идејата . Дали ќе има простор,одгледувачите на птици/папагали во Македонија,опрема,играчки,храна за папагали да се вклучат/пласираат во проектот? Имам скап примерок на папагал и проблематично е набавка на играчки за средна и голема птица,храна,има специјални пелени за папагали,зошто секои 5/10 мин серат и огромен проблем се за галење.На Амазон/Алиекспрес се по 15-40 долари ....
Има една фирма од Куманово а и е единствена која носи работи од Италија за цела Македонија.Провлем се и ветеринари/експерти за птици .... Земаш папагал од 300е,дали и 1800е примероци,немаш каде експерт за птици,Само за кучиња и мачиња.Одлична идеја е да се има централна датабаза на одгледувачи и примероци и за нив работи .
 
Да, секако. Повеќе ги фаворизираме мачки/кучиња зошто реално, поголем е кругот на луѓе и полесна е рекламата. Но секако дека се добредојдени сите останати групи на миленици. Верувам дека до крајов на месецов ќе биде се спремно, па ќе ја видите сите како би изгледала. А и идејата за одгледувачници ќе биде реализирана. Можеби нема одма на старт но со тек на време ќе се гради.
 
На врв Bottom