Paypal во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Убо ви кажува nbrm... парите на пејпал акаунотот можат да се префрлат. Тоа ти е исто како да имаш сметка во странска банка и таму можат да стојат. Исто така можиш да добиеш пари на акаунтот (ако продадеш нешто да речиме) па ти доаѓаат на сметката на paypal. Од таму твое е дали ќе ги префрлиш на сметката во Македонија или ќе си ги чуваш за некоја наредна трансакција а.к.а да си платиш нешто.

Е сега за ова со сметките во странски банки прв пат слушам. Демек забрането е Џиш да има сметка во Франција? Иако не е француски државјанин, македонски е?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
значи ако идам во странство со работна виза, и таму работам и плаќам данок, можам кога ке се вратам дома да попијам казна зашто таму сум си отворил сметка, нормално за да примам плата? ова не да е промашен закон незнам... КАТАСТРОФА!!!
 
Член од
10 јуни 2010
Мислења
27
Поени од реакции
2

Ако Џиш е човек и е резидент на РМ (што значи ако е државјанин на РМ со постојано место на живеење (по стандардите на ЕУ тоа се дефинираше нешто како повеќе од 181 ден, не сум сигурен)), тогаш никако не смее да има сметка надвор од РМ.

Ако е фирма треба да добие дозвола од НБРМ.

Ако е нерезидент, може да има сметка во странство.

Тука се поставува друго прашање, ако плаќаш данок на друга држава, зошто би имал право на глас во Македонија?

Инаку, ако (легално) работиш во странство, тогаш нема проблем, може да си имаш сметка. Не си резидент во РМ. Само си должен во некој рок (мислам 90 дена?) откако ќе се вратиш (за да уживаш во идилата на нашата држава? :) ) да ги затвориш сметките во странство и да ги вратиш парите во Македонија.

Немојте да се чудите. Слични закони има и во други држави, а имаше и во Словенија се додека не влезе во ЕУ. И ние (ако не примат) кога ќе влеземе во ЕУ, законот има преодна одредба и ќе престане да важи ова.

Ако се вратиме на темата (Пејпал), што мислиш: зошто на Пејпал му бараа да отвори сметка во ЕУ, ако сака да работи со луѓе од ЕУ земји? Пејпал можеше да си работи преку банката во Америка без проблеми. Ама не дава ЕУ нејзините граѓани да имаат (многу) средства во Америка.

И Македонија сака да не дава, ама многу луѓе не ја сакаат Македонија па ја игнорираат. (зошто Владите направиле да биде тоа така е друга тема и немојте да се трошиме на тоа)

П.С. Зошто нема нормално смајли кај иконите горе?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Тука се поставува друго прашање, ако плаќаш данок на друга држава, зошто би имал право на глас во Македонија?
затоа што таа друга држава ми обезбедила да работам и заработам за парче леб а оваа не ми го дозволува истото... како приколица на прашањево е зашто таа друга држава која иако ти наплатува данок не ти дозволува да лгасаш... освен во нов зеланд... за 30 дена работење ми стигна покана да гласам на следните избори...

и уште по нормално е дека кога се враќаш дома во мк си ги носиш парите со себе... а сметките не ги затворив... ваљда онака празни банката сама си ги затвара по некое време...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ако Џиш е човек и е резидент на РМ (што значи ако е државјанин на РМ со постојано место на живеење (по стандардите на ЕУ тоа се дефинираше нешто како повеќе од 181 ден, не сум сигурен)), тогаш никако не смее да има сметка надвор од РМ.

Ако е фирма треба да добие дозвола од НБРМ.

Ако е нерезидент, може да има сметка во странство.

Инаку, ако (легално) работиш во странство, тогаш нема проблем, може да си имаш сметка. Не си резидент во РМ. Само си должен во некој рок (мислам 90 дена?) откако ќе се вратиш (за да уживаш во идилата на нашата држава? :) ) да ги затвориш сметките во странство и да ги вратиш парите во Македонија.

Немојте да се чудите. Слични закони има и во други држави, а имаше и во Словенија се додека не влезе во ЕУ. И ние (ако не примат) кога ќе влеземе во ЕУ, законот има преодна одредба и ќе престане да важи ова.

Ако се вратиме на темата (Пејпал), што мислиш: зошто на Пејпал му бараа да отвори сметка во ЕУ, ако сака да работи со луѓе од ЕУ земји? Пејпал можеше да си работи преку банката во Америка без проблеми. Ама не дава ЕУ нејзините граѓани да имаат (многу) средства во Америка.
Ехеее ибати процедурата.... како можеја да ја смислат само не ми е јасно.

Затоа има и дупка во законот која неможат да ја затворат никако... Македонија не е во Е.У. ама европските банки ги поседуваат најголемите банки во Македонија. Исто е дали имам сметка во sosite general или охридска банка. Секаде сметката е валидна. Истото срање е и со тутунска чиј сопственик на NLB А ионака капиталиот не останува кај нас, си го вадат банките без проблем. Само како по обичај најголемиот кур го крка најобичниот граѓанин што сака да потроши 30-40 долари за интернет купување.
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85
и јас имам paypal сметка со Visa electron од тутунска банка и си работи без проблем,инаку парите не легнуваат на paypal туку кога порачуваш нешто тогаш ги зема дирекно од сметката во тутунска,на paypal ги имам само оние 1.5 долари што ги зема од сметка за да потврди дека картичката е твоја и после кога ги враќа седат на paypal.
 
Член од
10 јуни 2010
Мислења
27
Поени од реакции
2
затоа што таа друга држава ми обезбедила да работам и заработам за парче леб а оваа не ми го дозволува истото... како приколица на прашањево е зашто таа друга држава која иако ти наплатува данок не ти дозволува да лгасаш... освен во нов зеланд... за 30 дена работење ми стигна покана да гласам на следните избори...

и уште по нормално е дека кога се враќаш дома во мк си ги носиш парите со себе... а сметките не ги затворив... ваљда онака празни банката сама си ги затвара по некое време...

Малку отидов надвор од темата со прашањето, па ти си ми одговорил баш на оваа моја мини-провокација :), па ајде уште овој круг и да прекинеме.

Значи: ако таа друга држава ти е толку подобра од Македонија (таа ти обезбедила да работиш и да заработиш за парче леб), се оди во МВР и се прави ИСПИС од државјанство.
Ако е тоа екстремно, тогаш барем да не бараат да гласат (и да ни поставуваат пратеници кои не само што нашата држава ќе ги плаќа, туку и ќе одлучуваат за неа и со тоа за нас).

Инаку за тие со слаба меморија: Македонија им дала гинеколошки преглед на мајката, пораѓање, здравствено осгурување (кое беше многу подобро од сега), градинка, основно, средно и високо бесплатно образование. И многу друго.

--- надополнето ---

Ехеее ибати процедурата.... како можеја да ја смислат само не ми е јасно.
Закон е.

Македонија не е во Е.У. ама европските банки ги поседуваат најголемите банки во Македонија. Исто е дали имам сметка во sosite general или охридска банка. Секаде сметката е валидна.
Не е исто. Охридска банка е банка во Македонија и работи по македонски закони (на пример еден од нив вика дека ако пропадне некоја македонска банка, Македонија ќе ти исплати до 20.000 евра отштета, кај други држави е повеќе, кај трети помалку. на балканов сме број 1 најдобро за штедачите).

Кога чуваш пари во Охридска, таа е многу веројатно да ги пласира кај македонските граѓани и фирми (или македонската влада во форма на државни обврзници). Но ако ги чуваш во Франција, тие ќе ги пласираат кај Француските граѓани и фирми.

Истото срање е и со тутунска чиј сопственик на NLB А ионака капиталиот не останува кај нас, си го вадат банките без проблем.
Капиталот е ДОЈДЕН и стои тука. Заедно со целата пасива. Добивката си ја вадат, но тоа е друга категорија.
Не ги потценувајте странците кои тука купиле евтино. Ајде да ве видам одете вие и купете во друга земја, еве на пример во Сенегал. Па потоа правете добивка (ако останете живи)

Само како по обичај најголемиот кур го крка најобичниот граѓанин што сака да потроши 30-40 долари за интернет купување.
За жал така испаѓа. Ситните се бркаат во Македонија (и во многу други држави). На крупните никој ништо не им смее.
Еве на пример: колку само Курди убија Турците, ама лидерот на ПКК (Абдула Очалан) е осуден само на затвор.

--- надополнето ---

и јас имам paypal сметка со Visa electron од тутунска банка и си работи без проблем,инаку парите не легнуваат на paypal туку кога порачуваш нешто тогаш ги зема дирекно од сметката во тутунска,на paypal ги имам само оние 1.5 долари што ги зема од сметка за да потврди дека картичката е твоја и после кога ги враќа седат на paypal.
1. Сам си кажуваш дека имаш сметка. :)
2. И сам си кажуваш дека имаш 1.5 долари кои стојат таму некаде во странство.

Тоа е она што не е дозволено: да се чуваат средства во странство. 1. е можноста, а 2. е потврда дека е така.

Знам дека е потешко за разбирање, ќе пробам од другата страна: приливите (а не одливите). Всушност таа е и побитна страна, бидејќи создава (а не троши) вредност за Македонија. Не ја напишав затоа што многу помалку македонци ја применуваат.

Еве да речеме имаш прилив. Си работел нешто (на пример си кликнал милион пати во секунда :) ) и треба да ти платат 20 долари. И си ја навел твојата сметка во Пејпал да те исплатат. Кога и како ќе ги подигнеш парите?
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85
јас само кажав дека е можно а не го ни читав муабетот наназад,а ако има некоа будала мене да ме закаче за некои 20 долари шо сум ги потрошил ќе одиме понатаму,како има закони така има и дупки само треба да се најдат а тоа ја шо сум купил некоа работа шо немам друга можност освен оваа јас не сум крив за тоа.и уште нешто,го слушав еднаш министерот дека кажуваше дека македонија е спремна за да биде вметната во paypal и дека е се средено само се чека paypal да се одлучат да прават проширување и македонија сигурно ќе биде внесена,неофицијално до крајот на 2010 требало да се случе тоа.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Еве да речеме имаш прилив. Си работел нешто (на пример си кликнал милион пати во секунда :) ) и треба да ти платат 20 долари. И си ја навел твојата сметка во Пејпал да те исплатат. Кога и како ќе ги подигнеш парите?
Си ги префрлам на сметка... просто ко грав. Исто како што ти би ми префрлил 20 долари на сметка, само овај пат сам на себе си ги префрлам. И за 10 минути си одам во банка и си ги подигам без проблем.

Банката и paypal си наплаќаат провизија за трансакцијата + ако ги извадам во денари банката ми ги менува девизите. Не гледам тука нешто нелегално или проблематично.
 
T

Tetro

Гостин
:eek:ftopic:
Дали сите студенти кои одат за летна сезона да зберат некој долар у Америка и таму отвараат сметки за плата, се криминалци?

**за болдот: едноставно нели, морав.
 
Член од
10 март 2009
Мислења
79
Поени од реакции
2
Se izvinumam ama prviot pat ne mi odgopvorivte pa ke prasam po vtor pat
Ako jas na primer kupam paitki vo v rednost od 50 dolari preku paypall kolku trosok ke imam jas da stignat do tuka i dodeka gi zedmam dali samo tie 50 dolari ili ima uste nekoj skrieni davacki .
ke molam nekoj pou[aten da mi odgovori.
odnapred vi blagodaram. :)
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Se izvinumam ama prviot pat ne mi odgopvorivte pa ke prasam po vtor pat
Ako jas na primer kupam paitki vo v rednost od 50 dolari preku paypall kolku trosok ke imam jas da stignat do tuka i dodeka gi zedmam dali samo tie 50 dolari ili ima uste nekoj skrieni davacki .
ke molam nekoj pou[aten da mi odgovori.
odnapred vi blagodaram. :)
Сите давачки ти се напишани кога поралуваш, вредноста на стоката и поштарината а колку ќе ти го свирне Македонска Пошта и царината тоа е веќе друга работа?
Можеби на царина ќе ти помине така а можеби и не ама мислам дека до 50$ не би требало да платиш царина? :raz:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Ако е тоа екстремно, тогаш барем да не бараат да гласат (и да ни поставуваат пратеници кои не само што нашата држава ќе ги плаќа, туку и ќе одлучуваат за неа и со тоа за нас).
Да те прашам нешто, вака како стручњак за НБРМ и иселенички прашања не би ти било тешко да одговориш.

Колкав ќе биде трговскиот ДЕФИЦИТ на РМ ако сите тие што се надвор си ги вратат државјанствата и си заминат комплет од Македонија и не праќаат повеќе ни скрешено евро/долар?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Малку отидов надвор од темата со прашањето, па ти си ми одговорил баш на оваа моја мини-провокација :), па ајде уште овој круг и да прекинеме.

Значи: ако таа друга држава ти е толку подобра од Македонија (таа ти обезбедила да работиш и да заработиш за парче леб), се оди во МВР и се прави ИСПИС од државјанство.
Ако е тоа екстремно, тогаш барем да не бараат да гласат (и да ни поставуваат пратеници кои не само што нашата држава ќе ги плаќа, туку и ќе одлучуваат за неа и со тоа за нас).

Инаку за тие со слаба меморија: Македонија им дала гинеколошки преглед на мајката, пораѓање, здравствено осгурување (кое беше многу подобро од сега), градинка, основно, средно и високо бесплатно образование.
многу јадеш бурек да знаеш... и неможеш да брецкаш, да поставуваш провокации па после да кажуваш дека: ЕВЕ ЈАС ДА КАЖАМ И ЌЕ ЗАВРШИМЕ... можда си стручњак за банкарски работи и работиш во банка... блазеси ти на тебе и малкумината како тебе што не сте осетиле како е да ти кркори стомакот од глад, не сте осетиле ни како изгледа да седиш дома на свеќа зашто не си имал пари да си ја платиш струјата... абе метални парички сум собирал за да купам млеко на детето бе... ти ќе ми кажуваш на мене дека не сум имал право на глас зашто сум плаќал данок во друга држава кај што сум работел, да враќам државјанство, да сум правел исписи и слично... ти тука глумиш некој патриота и вистински согледувач на работите... КАКО НЕ ТИ Е СРАМ???? да даде господ да го дожиееш она што јас го доживеав па да те видам дали ке ги употребиш овие зборови пак... да поминеш нќи и ноќи не спиено со мислите во глава како утре да купиш млеко, леб и пелени за детето, жена ти и себе си...

и поговорката стара секогаш ќе ја повторувам... ситиот на гладниот не му верува
Да те прашам нешто, вака како стручњак за НБРМ и иселенички прашања не би ти било тешко да одговориш.

Колкав ќе биде трговскиот ДЕФИЦИТ на РМ ако сите тие што се надвор си ги вратат државјанствата и си заминат комплет од Македонија и не праќаат повеќе ни скрешено евро/долар?
добро прашање.... да си ми жив и здрав на муабетот... секогаш сите исселеници инвестираат во македонија на овој или оној начин... градат куќи, купават плацеви, отвараат бизниси за себе во пензија или за своите браќа, сестри, роднини и членови на фамилијата... замисли што ке се деси ако наеднаш престанат тоа да го прават?

ајде стручњаку одговори на прашањето... јас сум еден од тие што донел пари тука во МК и со нив сум купил стан, кола и реновирал куќа, отворил мал бизнис и сега живеам за една плата и плаќам даоци на ОВАА држава... дали сето тоа ке го имаше ако се вратев во МК? и колку се такви како мене и на крај колку државата има фајде од такви како нас?

илјадници луѓе се низ светот, глава во торба тураат во авганистан, узбекистан и слични места, или ринтаат како волови за слама за да спечалат нешто и донесат дома во МК, а таквите како тебе седат тука и жедно чекаат НИЕ да ги донесеме тешко спечалените пари за ВИЕ банкарите да исцицате провизии при трансакција на средставата притоа нарекувјки се себеси патриоти само зашто седите дома... СРАМОТА ќе повторам... срам да ти е за муабетов што го кажа и немој случајно да пробаш да се вадиш сега дека не си мислел ова или она... си го кажа ти своето...

п.с. нека земе мдераторт и нека отвори нова тема по ова прашање со ОВИЕ ПОСТОВИ за да се запамети она што го напиша нашиот ни ценет стручњак НБРМ како ги омаловажува граѓаните што се скалило подле од него...
 
Член од
10 јуни 2010
Мислења
27
Поени од реакции
2
Кога и како ќе ги подигнеш парите?

Си ги префрлам на сметка... просто ко грав. Исто како што ти би ми префрлил 20 долари на сметка, само овај пат сам на себе си ги префрлам. И за 10 минути си одам во банка и си ги подигам без проблем.

Банката и paypal си наплаќаат провизија за трансакцијата + ако ги извадам во денари банката ми ги менува девизите. Не гледам тука нешто нелегално или проблематично.

Си напишал како: ќе си ги префрлиш со налог.

Нема точен одговор на прашањето: кога? Одговорот е имплицитен во твојот текст и ќе го наведам јас: кога ќе сака сопственикот на сметката во Пејпал. Може и да не сака година дена. Парите ќе бидат во Пејпал, т.е. во Луксембург.

Ова е причината поради која користењето на Пејпал не е законско. Не викам јас дека навистина ќе ве казни некој (иако би можел), само ве прашав дали знаете? (и напомнав да не ме напаѓате мене, само затоа што ви ја пренесувам веста, законоте ги носи Собранието)

--- надополнето ---

Да те прашам нешто, вака како стручњак за НБРМ и иселенички прашања не би ти било тешко да одговориш.

Колкав ќе биде трговскиот ДЕФИЦИТ на РМ ако сите тие што се надвор си ги вратат државјанствата и си заминат комплет од Македонија и не праќаат повеќе ни скрешено евро/долар?
Не сум „стручњак за НБРМ и иселенички прашања“. Тоа ти ми ги качиш тие атрибути.
Прост одговор е дека трговскиот дефицит ќе остане ист.

Ако прашањето ти е како ќе се покрие трговскиот дефицит, тоа е друго. Ама јас мислам дека тие нема да престанат да праќаат, затоа што тука не праќаат пари затоа што ја сакаат Македонија (да беше така во буџет ќе ги уплаќаа), туку дека си ги сакаат роднините. А роднините имаат потреба од пари. Бидејќи „немаат“ каде да работат или дека не сакаат да работат.

Неспорно е дека имаме стотина милиони евра прилив од таквите луѓе, но што сега: да земем да им дадеме државјанство и на цело Косово и Северна Грција, затоа што од кај нив идат уште повеќе девизни приливи во кеш? На крајот на краиштата, ако не ги пратат тие пари, тогаш нивните роднини ќе страдаат и нема да можат да купуваат увезени работи (на пример нема да имаат мобилни телефони од финска или тајван), па трговскиот дефицит нема да биде толкав.

Мојата кратка мисла беше: зошто тие да гласаат, кога веќе плаќаат даноци на друга држава, а оваа ја омаловажуваат. Но отидов многу далеку од темата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom