Payoneer (официјална тема)

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Ќе може мала помош? Сакам да извадам картичка ама IBAN број мј бара... кај да го најдам тој број?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Можеш и на интернет да го изгенерираш, ама најпаметно во банка да идеш да ти го дадат и плус да отвориш трансакциска за девизи. Без нејзе нема да можеш пари да вадиш. Ќе завршиш работа за 5 минути штом стигнеш до шалтер.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Го имаат сменето процесот во последниве две години? Ништо од ова на последниве страни мислам не ми бараше кога зимав :unsure:
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Го имаат сменето процесот во последниве две години? Ништо од ова на последниве страни мислам не ми бараше кога зимав :unsure:
Јас ја правев пред 3 години и тогаш ми бараа сметка од наша банка и IBAN.
@Crvenkapa.I за IBAN и SWIFT ти треба девизна сметка.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
За новите картички бараат. Ја претходната само со профил од Upwork ја земав, а потоа ми побараа лична карта после неколку години. Потоа почнаа со сметка од банка.
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
43
Поени од реакции
20
Здраво,
дали има друг тип на физичка картичка (освен Payoneer) која може да пристигне во Македонија.
На клиентот му ги одбиваат трансакциите од Payoneer, па барам некоја алтернатива.
Skrill не испорачува картички во Македонија.
Гледав за Black cat card, дали некој има искуство?
Или некоја друга картичка од таков тип која може да се направи со македонски документи.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
15
Поени од реакции
3
IBAN inaku pisuva na transakciskata smetka barem za Komercijalna banka , a inaku treba da ti dadat izvastaj.

BTW koj ATM e najdobar za povlekuvanje paripreky PAYONEER? !
 
Член од
4 мај 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите, исто така и јас сум нов на Upwork, сакам да направам Payoneer па ме интересираат неколку работи ако знае некој да ми одговори:

Зошто бараат Swift i Iban? Која е потребата? Зошто е битна трансакциската од банката за да се регистрираш? Исто, кој е процесот понатаму откако ќе се регистрираш?
Дали добиваш акаунт со број за да може да ти префрчат пари? И како можеш фа ги подигнеш?
Знам дека поставив многу прашања ама не сум сигурен дали е се легално највеке околу swift i iban..
Ако некој може фа ми каже би бил преблагодарен
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033

Се е легално со пајонир. Јас го отворив пред околу 4 години и редовно го користам пошо работам со странски клиенти преку фивер и независно, а и еден куп луѓе околу мене познавам што никогаш немале проблеми со пајонир, немој воопшто да се мислиш или да ти е шубе, отвори си акаунт.

Тогаш мислам не ми бараше свифт и ибан, но не сум сигурен и да не те излажам. Прогуглај сигурно ќе најдеш, можеби бараат банка за ти го потврдат идентитетот и да ти го верификуваат побрзо акаунтот.

Откако ќе се регистрираш, ти отвораат акаунт и парите можеш да ги префрлиш на акаунт. Го поврзуваш апворк со акаунтот, една опција е многу е лесно, ама во меѓувреме многу е важно да нарачаш мастеркард од пајонир за да ти стигне на домашна адреса. Се чека околу месец дена така што би ти препорачал одма да нарачаш картичка. Картичката ја користиш како и секоја друга мастеркард, на пос терминал, банкомат и сл, и така парите од акаунтот ќе ги префрлиш на картица. Инаку, нема ништо да ти значи ако ти седат на акаунт парите, нема како да ги користиш овде.
 
Може да се повлечат пари и во банката тука, само се плаќа провизија, што ако повлекуваш поголема сума и не е така страшна.
Него дали е задолжително плаќање на некаква годишна сума за картичката да е во функција?
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Може да се повлечат пари и во банката тука, само се плаќа провизија, што ако повлекуваш поголема сума и не е така страшна.
Него дали е задолжително плаќање на некаква годишна сума за картичката да е во функција?
Може да, изумив дека има опција да поврзиш со банка, јас не сум работел досега така и не сум се распрашал за провизии. Да не знаеш колку проценти зема од транскација или под/над сума?

Околу прашањето, јас имам две картички моментално, USD и EUR и не сум забележал дека се плаќа нешто годишно.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Се плаќа 30 долари годишно, ако не ја користиш неколку години кога ќе ти легнат следните пари ќе ти наплати за сите години.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Се плаќа 30 долари годишно, ако не ја користиш неколку години кога ќе ти легнат следните пари ќе ти наплати за сите години.
ти го деактивираат акаунтот ако не ја користиш, како може да ти наплаќаат за години кога немаш активна картица?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Може да, изумив дека има опција да поврзиш со банка, јас не сум работел досега така и не сум се распрашал за провизии. Да не знаеш колку проценти зема од транскација или под/над сума?

Околу прашањето, јас имам две картички моментално, USD и EUR и не сум забележал дека се плаќа нешто годишно.
Неколкупати по 150 долари и слично кога вадев, беше 15 долари провизија, али мислам и 500 долари да вадев исто ќе беше 15 долари. Кај и да е пак ќе треба да вадам деновиве, па ќе пишам поточно како е.
Автоматски споено мислење:

ти го деактивираат акаунтот ако не ја користиш, како може да ти наплаќаат за години кога немаш активна картица?
Мислам дека баш тоа е сјебот и затоа немам извадено уште, годишната котизација си ја плаќаш на секако, но не сум сигурен :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom