Епа ај и да кажам нешо за журкава....
Отидов на саем некаде 8 и пол и се симнувам од такси и глеам на портите пред саемот никој нема, освен тие што продаваат пиво и такви ствари и се чудам што е финтава, да не ја закажале журкава на друго место и си стојам така пред портите и се мрзнам чекајќи го другарчето да дое за да влеземе и еве го некаде 8 и 40 другарчево дојде и влагаме внатре у 1 хала, внатре ни жив чоек нема освен обезбедувањето и полиција. И така си се разшетававме низ халата и помина 9 часот Бабура никако да излезе на сцена а некаде 9 и пол часот се собра народ некаде 50-60 души преку сила. И еве го Бабура излегува на сцена некаде 10 часот и си почнува со неговите миксови.
Луѓето си се разденсаа и некаде 10 и пол почна да се полни халата.
И некаде пред 12 часот Бабура ја откачи песницата „Ајде да летаме“ и еве ја и Каролина излезе на сцена и си ја испеа песната сите денсаат, и ни го претстави Paul Oakenfold, и си замина и во 12 часот Oakenfold излезе на сцена ги пуштиа видео бимовите и си почна да рока музика.
Инаку дечково е лудница. Коа ја оптегна Southern Sun тоа беше ненормално мрднување. Сите облечени, а ја се разфрлам со алишта наоколу гол соблечен. Па после неа ја оптегна Greece 2000 и тоа беше мрднување, и му текна Traffic да ја рокне и тоа беше лудница....
И после него се појави чешката диџејка Lucca и таа како по обичај звучките ги рока до даска (незнам зашо изглеа дома со нешто чудно ја хранат или на тешки екстази е типката
) и таа оптегнуваше со тешка психоделија и тотално мрднување.
И незнам зашто ама фрижидерите во халата кои по обичај треба да бидат полни со пиво тие беа празни.... овие дечкиве од пазарниов инспекторат упсс
државниот пазарен инспекторат забраниле точење на алкохол, па така да некои излегуваа од халата надвор и тркнуваа до првата трафика да си купат пиво и пак се враќаа назад во халата и се журкаа.
Анексот беше оставен како место за пушачи, но никој не го почитуваше тоа и сите палеа цигари кај ќе стигнат. Вецето како по обичај беше поплава.
А журката беше феноменална... супер си поминав. И коа си одевме со другарчево почнав да си збирам испаднати карти од некојси, и на нив нели имаше бесплатно да извадиш Visa картичка од ProCredit и така да собрав едно 4-5 такви, а и собрав една пластифицирана карта обезбедувањето што ја носеше на врат... и така си отидов дома...
Толку. :je: