Пастрмајлии и нивна подготовка

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikki
  • Време на започнување Време на започнување
АААААААААууууууууу!!!!
како ми се пријаде ееејјјј!!!
помеѓу пица и пастрмајлија дефинитивно преферирам пица!

Пицата ми е најубаво најомилено јадење.

хахахахаха леле сеа одма идам да кркнам една пица :zlo:
 
Моите пастрмајлии

Прво подготвувам тесто од
1 чаша млеко
1 чаша вода
6 чаши брашно
1 ч. л сол
3 г. л шекер
2 јајца
50 г маргарин
2 г. л раст. масло
30 г свеж квасец
Се замесува тестото и се остава да стаса ,се размесува повторно и уште еднаш да стаса .Го припремам полнежот -земам сирење измешано со кашкавал ,додавам малку исецкан магдоноз(а место сирење може и урда посува).Од тестото правам топчиња и секое го расукувам колку голема чинија
517831wgu.jpg
Го ставам полнежот и двата краја ги виткам во ролни кон средината а потоа средината ја шурам нанадвор да добие облик на чамец
517834may.jpg
Потоа ги ставам во плех ги мачкам со изматена жолчка и ги печам на Т*=200-220С .Пред крај во секоја од нив ставам по 1 цело јајце сол и ги допекувам
517840odp.jpg
Добар апетит!
 
Штипски пастрмајлии


Потребни состојки: (ЗА 4 ЛИЦА)

- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)

Подготовка:

Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.[/QUOTE]
ова не е Штипска пастрмајлија у штипската пастрмајлија НЕМА јајца, иначе најубави се штипските у Гроф, Мал одмор и Чардам мхмммммм
 
gi postuem i dvete :) pica sakam osobeno kapricioza a pastrmajlija...i svinska i pileska...prevkusni se:)
 
А да Ве прашам дали имате пробано Кратовска пастрамајка?
Не дека сум од Кратово па ке ја фалам нашата ,имам пробано и Штипска и Велешка ама од Кратовската нема поубава..........мњам ,мњам ... со суво месце-ептен убава.
 
pofalbi za the bitch za site recepti so gi znae za gotvenje ocenka od 1 do10 12.5 a za look-ot pa spored avatarov pa nekoja si 11
a za pica ili pstramajlija
PIZZA
 
Рецептите ептен ќе ми се најдат, кога ќе се решам да влезам во кујна:pos2: али ми дојде желба да направам и јас една пица или пастрмајлија зашто обожавам да ги јадам:helou:
 
За пица најубава е Кватроста Џоне а за пастрмајлии да не правам муабет Штипсаката со свинско месо што се прави е лудило.

Не за друго 5 години работев во пицерија:)
 
Кратовска пастрамајлија
Брашно, вода, сол и мал квасец сето тоа се меша и се остава да стаса едно 30 минути.Потоа се прават мали топчиња од тестото се растегнуваат се става сушено месо кое е сушено во домашни услови се става да се пече.По 5 минути се вади и се поминува низ пастрамајлијата со парче сланина и пак се врака во рерната се пече уште 10 минути.По избор може да се стави и јајце на 5 минути пред да се извади.
 
Јадам пица најмногу, а пастрмајлија не.:toe:

Исто..Се давам у пици.Онака кашкавал стопен шунка,печуркии.кечаппп оф леле лиги ми потекоа баш сеа најдов да пишувам во темава.Сеа една огромна пица пред мене.............

А пастрмајлии ич не ги сакам..
 
јас и двете ги скаам само пастрмајлија со пилештко но сепак повеќе ми се свиѓа пицата :vozbud:
 
Штипски пастрмајлии


Потребни состојки: (ЗА 4 ЛИЦА)

- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)

Подготовка:

Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.
ова не е Штипска пастрмајлија у штипската пастрмајлија НЕМА јајца, иначе најубави се штипските у Гроф, Мал одмор и Чардам мхмммммм[/quote]



А да прашам ... Зошто кога ќе се испечи пастрамајлијата месото станува премногу суво..???..

Што треба да се стави за да како што треба..Ако знае некој нека пише,,..Чекам одговор..
 
ова не е Штипска пастрмајлија у штипската пастрмајлија НЕМА јајца, иначе најубави се штипските у Гроф, Мал одмор и Чардам мхмммммм



А да прашам ... Зошто кога ќе се испечи пастрамајлијата месото станува премногу суво..???..

Што треба да се стави за да како што треба..Ако знае некој нека пише,,..Чекам одговор..[/quote]
Сакаш да кажеш стане тврдо ?Ако е тоа прашањето значи дека многу време стои пастрамајлијата во шпорет и не е соодветна температурата за печење.
А за суво може да е суво ептен ако е чисто месо без ни малку сланина и нема што да се топи и доага до стврднување и сушење на месото:Значи за пастрамајлија месото треба да има и малце сланина за таа да се стопи кога се пече пастрамајлијата а месото да остане свежо и да го задржи тој сок што го содржи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom