Пастрмајлии и нивна подготовка

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikki
  • Време на започнување Време на започнување
Пастрмајлија

- 1 кг бело брашно
- 800 гр свинска кртина
- 5 јајца
- еден квасец
- сол
- масло за јадење

Пред да започнеме со приготвувањето на пастрмајлијата една напомена. Месото е повкусно доколку одлежи 24 часа премачкано со масло за јадење, сол, бибер и буковец.
Започнуваме со подготовка на тестото. Во сад за матење го ставаме целото количество брашно. Брашното го посолуваме по вкус. На брашното му го додаваме претходно растопениот квасец. Тестото го матиме со електричен миксер со најголема брзина. Во текот на матењето повремено додаваме околу 2 дл вода. Подоцна додаваме и околу 1 дл масло за јадење, со што го подобруваме вкусот на тестото и побрзо расне. Вкусот ќе го почуствувате откако ќе ја вкусите пастрмајлијата. По матење од околу десетина минути го оставаме тестото на страна да расне 30 минути.
Тестото е веќе стасано. Го вадиме од садот. На рамна подлога сипуваме малку брашно и го месиме со раце. Подлогата постојано ја посипуваме со брашно за да тестото не ни се лепи и да го добие потребното количество од истото. Со месењето прекинуваме во оној момент кога тестото ќе ја добие потребната мекост. Откако тоа го постигнавме со нож го сечеме на парчиња. Парчињата се со големина колку што ни е потребно за да го развлечеме тестото и да ја добиеме поскауваната формма на пастрмајлијата. Парчињата ги правиме во топчеста форма и убаво ги месиме со рака постојано посипувајќи ги со брашно.

Земаме обична тава која ја премачкуваме со путер по целата нејзина површина. Во неа ги ставаме топките тесто и ги покриваме со крпа чекајќи да нараснат. Тоа се некаде околу 15-20 минути.
Во друга тава претходно премачкана со путер ги ставаме топките тесто кои со рака ги развлекуваме. Стандардната форма на тестото за пастрмајлија е приближно елипсовидна. Треба да внимаваме на краевите од тестото. Тие треба да бидат здебелени, со што се остава простор каде што ќе го сместиме месото. Во текот на формирањето на тестото, потопувајте ги прстите во вода за да истото не ви се лепи.
Претходно остоеното месо го исецкавме на парчиња со мала големина и го ставаме во количество по желба. Треба да внимаваме месото да не го ставаме едно преку друго. Вака подготвените пастрмајлии ги оставаме да отстојат 5-6 минути. Истото постапка ја правиме и со преостанатите две теста.
Земаме една половина маргарин и го сечеме на крупни парчиња кои подоцна ќе ги ставиме врз пастрмајлиите.
Ја загреваме рерната на температура од 200 степени целзиусови.
Пред да ги ставиме тавите да се печат, на секоја пастрмајлија ставаме по неколку парчиња од маргаринот. Време на печење околу 20-тина минути.
Во метален сад лесно на рака матиме 6 јајца. Со така изматените јајца, ги полеваме пастрмајлиите и ги враќаме да се допечат. Подоцна краевите од пастрмајлиите ги прамачкуваме со путер и ги враќаме да се допечат уште 5-10 минути.
Пастрмајлиите се готови. Краевите повторно ги премачкуваме со маргарин за да омекнат.

Штипски пастрмајлии

Потребни состојки: (ЗА 4 ЛИЦА)

- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)

Подготовка:
Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.
 
Последно уредено од модератор:
The`bItCh напиша:

Ај ме мени. Во потребните состојки ти фалат две работи, една е МАЈСТОР другава е фурна за леб (не рерна) за да имаш Штипска пастрамајлија :)

Али ај, некои сакаат и дома да си ја прават, иако тоа не е пастрамајлија, сепак во тој случај една исправка - за добра пастрамајлија, месото се зачинува и остава да одстои неколку часа пред да се растрга (да легне што би се рекло) за добра пастрамајлија. Патем - болдираното ти - скраја било да ти скисне тестото :) тестото стасува, јогурт скиснува :)
 
А као @OBDN тебе ти е досадно и вадиш влакно од јајце.
 
ОБДН, јас ниту се разбирам од праење пастрмајлии ниту пак ги јадам истите.:icon_lol:
Каков што го најдов рецептот таков го постирав, дали скиснало или стасало тестото ич не се замарам, ниту ми е гајле.:icon_lol:
Вие двајца што се фативте за кечапот од пицата ( извинете, ви ги заборавив јузерите:( ), не верувам дека има некој што сака пица без кечап. Познавам луѓе кои прават пица со многу кечап и кога ја јадат ставаат кечап од горе. Може и тоа е претезирам ама пица без кечап, според мене не е пица.:icon_roll
 
OBDN напиша:
Ај ме мени. Во потребните состојки ти фалат две работи, една е МАЈСТОР другава е фурна за леб (не рерна) за да имаш Штипска пастрамајлија :)

Али ај, некои сакаат и дома да си ја прават, иако тоа не е пастрамајлија, сепак во тој случај една исправка - за добра пастрамајлија, месото се зачинува и остава да одстои неколку часа пред да се растрга (да легне што би се рекло) за добра пастрамајлија. Патем - болдираното ти - скраја било да ти скисне тестото :) тестото стасува, јогурт скиснува :)
Најважно од се што фали е се разбира пастрмата, шо е вoа рецепти за пити пастрмајлии без пастрма тууу :).
 
Carlito Brigante напиша:
А као @OBDN тебе ти е досадно и вадиш влакно од јајце.

да! Ти имаш проблем со тоа?

vardarce напиша:
Најважно од се што фали е се разбира пастрмата, шо е вoа рецепти за пити пастрмајлии без пастрма тууу :).

Не, не фали. Би фалела кога рецептот е за Пастрамајлија. Овој е за Штипска, каде веќе 100 и кусур години не се праи со пастрма, туку со свинско месо - а во последно време и пилешко. Штипска со пастрма нема да најдеш. :icon_lol:
 
Последно уредено од модератор:
OBDN напиша:
Не, не фали. Би фалела кога рецептот е за Пастрамајлија. Овој е за Штипска, каде веќе 100 и кусур години не се праи со пастрма, туку со свинско месо - а во последно време и пилешко. Штипска со пастрма нема да најдеш. :icon_lol:
Значи тогаш треба да се вика штипска пита, а не штипска пастрмајлија :). Пастрмајлија се знае, се прави со свинска маст, свинско месо и најважно од се пастрма.
 
vardarce напиша:
Значи тогаш треба да се вика штипска пита, а не штипска пастрмајлија :). Пастрмајлија се знае, се прави со свинска маст, свинско месо и најважно од се пастрма.

Бисерче умно ма мајка. :pos: Пред да ме учиш мене вака неука , да научиш што е пастрма? Велиш свинско и пастрма заедно? Велиш права пастрамајлија од султанско време со свинско а; помешана со свинско за арома можда? па и свинска маст на сето тоа :pos: Да те чуе некој турчин шамар ќе ти мавне, а јас ќе си преќутам и ќе речам да Пита Штипска. Оф леле.:pos:
 
Пробај да си направиш. Има да шизнеш. Појачана.
 
OBDN напиша:
Бисерче умно ма мајка. :pos: Пред да ме учиш мене вака неука , да научиш што е пастрма? Велиш свинско и пастрма заедно? Велиш права пастрамајлија од султанско време со свинско а; помешана со свинско за арома можда? па и свинска маст на сето тоа :pos: Да те чуе некој турчин шамар ќе ти мавне, а јас ќе си преќутам и ќе речам да Пита Штипска. Оф леле.:pos:
Hahaha, ubavo mu kaza. Nekoi lugje stvarno nemaat pojma sto zboruvaat. Stalno velam, ako ne znaes, molci si.

A, okolu temata, rabotev edno vreme kako pica majstor vo edna picerija, vo edno nase mnogu dobro turisticko mesto (ne e Ohrid :) ). I, taka, go usovrsiv toj zanaet. Toa duri studirav, vo letnite pauzi. E, toa bese rabota, mnogu pici se pravea vo edna vecer, mnogu.

A, za pastrmajliite, gi pravime doma, i toa dobri (plus imame i mnoooogu dobro domasno crveno vino), ama sepak sakam da si gi jadam vo kafana. Stip, Radovis, Sveti Nikole, Veles, ne e bitno, samo da e dobro.
E heeeeeeeeee, vo Stip duri ucev sredno (a bogami i sega odam), se otepav jadejki pastrmajlii. Togas vo Duleto, Mitre, Crveno-crno, itn itn... sega vo Grof, pa ... aj dosta, nekni jadev, pak me faka merak :)
 
Сеа одма би лапнал 2, без компромис.
 
Не си само ти тој што би го сторил тоа:) Ама да имаше некој член штипјанец па да пушти една рецепта овде не ќе беше лошо.
 
Mandrak напиша:
Не си само ти тој што би го сторил тоа:) Ама да имаше некој член штипјанец па да пушти една рецепта овде не ќе беше лошо.

Не ти е потребен член штипјанец кога имаш модераторка охриѓанка.:wink:
Еве ти рецепт кој воедно го има некоја страна понапред на топиков.

Штипски пастрмајлии

Потребни состојки: (ЗА 4 ЛИЦА)

- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)

Подготовка:

Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.
 
Mandrak напиша:
Не си само ти тој што би го сторил тоа:) Ама да имаше некој член штипјанец па да пушти една рецепта овде не ќе беше лошо.

Абе, јас сум штипјанец... не ни требаат охриѓанки =)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom